16
Архонтите на Вселенската Патријаршија (AEP) изразуваат длабока загриженост и жалење поради тоа што руски православни свештеници, познати поддржувачи на неправедната, неморална и монструозна инвазија на Владимир Путин врз Украина, оваа недела одржуваат средби со претставници на Белата куќа и со членови на Конгресот во Вашингтон.
Според напис во „The Hill“ објавен во понеделникот, „лобисти и свештеници поврзани со Руската православна црква, која е жесток поддржувач на војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, оваа недела водат кампања на Капитол Хил и се среќаваат со администрацијата на Трамп.“ AEP го осудува овој обид да се легитимира инструментализирањето на Православната црква како средство на агресивната руска надворешна политика.
Средбата има цел да обезбеди американски „благослов“ за ваквите манипулативни напори кои резултираат со прогон против православните христијани во Украина. Архоните изразуваат длабока благодарност до пратеникот Џо Вилсон (Р-Јужна Каролина) што ја изложува на виделина ситуацијата во која канонската Православна Црква на Украина се соочува со „сè поголем притисок и прогон“ на територијата на Украина.
Пратеникот Вилсон истакна: „Руската православна црква не е независна верска организација, туку продолжена рака на руската држава. Евангелизацијата е незаконска во Русија, а христијани се мета и се убивани во Украина. Членовите на Конгресот не треба да прифаќаат вакви разузнавачки операции.“
AEP потсетува дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со години предупредува на оваа состојба и ги охрабрува сите да застанат во одбрана на страдалниот украински народ.
Кога Вселенскиот Патријарх на 6 јануари 2019 година ѝ додели автокефалност (независност) на Православната Црква на Украина, една група која продолжи да се нарекува „Украинска православна црква“ остана под јурисдикција на Московската патријаршија. Оваа група – која AEP ја нарекува продолжена рака на Москва – денес се обвинува дека напаѓа и убива членови на канонската Православна Црква на Украина и дека врши терор врз цивилното население за да го одврати од приклучување кон автокефалната Црква.
Пратеникот Вилсон правилно забележува дека Руската православна црква, вклучително и Руската православна црква надвор од Русија (ROCOR), дејствува како продолжение на државната политика на Руската Федерација – нешто што Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го критикува повеќепати.
Од таа причина, Архоните ја повикуваат администрацијата на Трамп да ја откаже оваа средба со, како што велат, „агенти на руската држава“ и да застане во солидарност со украинскиот народ и со канонската Православна Црква на Украина.
Потпишано:
Антони Ј. Лимберакис, д-р
Архон Гранд Актуар Национален командир на Архоните на Вселенската Патријаршија
Извор: Фејсбук профил на Архонтите на Вселенската патријаршија

