Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките...
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници...
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри –...
Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот...
Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок...
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од...
Иконата „Света Троица“ на Рубљов повлечена од јавноста...
ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на...
Богохулие во Марсеј: Распнатиот Христос прикажан со пушки...
Антиохискиот патријарх Јован се сретна со папата Лав...
четврток, септември 24, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
Колумни

Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан

од Црковен Журнал Логос септември 24, 2026
септември 24, 2026 0 коментари 85 прегледи 14 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Sinod Banskoliev
85

Денешното оспорување на улогата што ја имал Цариград во процесот не е спротивставување само на Фрчкоски.Тоа неминовно допира и до политиката што ја предводел самиот Архиепископ Стефан, но и целиот Свет синод.

Пишува: Т.А.

Полемиката што ја отвори митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј со професорот Љубомир Фрчкоски веќе не е само полемика меѓу еден архијереј и еден универзитетски професор.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Промоција на две монументални дела за Архиепископот Доситеј
    декември 10, 2025
  • Архиепископот отслужи Помен за блаженоупокоениот Патријарх Илија
    март 19, 2026
  • Сослужение на Македонската и Американската православна црква: Во заедничко очекување на Томос од Фанар
    септември 1, 2025

Со ставовите изнесени во неговото последно јавно обраќање, митрополитот Григориј отвора многу посуштинско прашање: дали неговото денешно толкување на македонското црковно прашање е во судир со одлуките што самиот Свет архијерејски синод на МПЦ-ОА ги донесувал, со политиката што ја предводеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и со процесот што конечно доведе до надминување на повеќедецениската црковна изолација?

Во текстот објавен како реакција на ставовите на Фрчкоски, митрополитот Григориј како дезинформација го посочува тврдењето дека Цариградскиот патријарх има право да доделува томос за автокефалност. Понатаму, тој тврди дека СПЦ, како „Мајка-Црква“, била надлежна за доделувањето автокефалност на МПЦ-ОА, додека евентуално еднострано доделување томос од Цариград го квалификува како канонски и правно нелегитимно дејствие.

Но токму овде настанува проблемот.

Синодот едногласно побара апелациско прибегнување

Патот кон Цариград не бил политика на Љубомир Фрчкоски. Не бил ниту приватна иницијатива на одделни архијереи.

Тоа била официјална одлука на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА.

За пошироката јавност е важно уште на почетокот да биде јасно што значи зборот „еклитон“. Станува збор за апелациско прибегнување, односно апелација. Со други зборови, по повеќегодишните неуспешни обиди спорот да биде решен во директниот дијалог со СПЦ, МПЦ-ОА решила својот случај да го изнесе пред Вселенската патријаршија и да побара таа да постапи по апелацијата.

Стратегијата започнала уште во 2017 година

На апелациското прибегнување до Вселенската патријаршија му претходел уште еден значаен црковно-дипломатски чекор, кој не треба да се набљудува како одделна епизода, туку како дел од истата поширока политика на МПЦ-ОА за излез од повеќедецениската канонска изолација.

На 9 ноември 2017 година, Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА едногласно одлучил да се обрати до Бугарската православна црква, барајќи таа да ја преземе улогата на Мајка-Црква и да посредува и да се застапува пред останатите Помесни православни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ-ОА.

На 27 ноември 2017 година, Синодот на Бугарската православна црква одговорил дека презема обврска да посредува и да се застапува пред другите Помесни православни цркви и формирал архијерејска комисија за разговори со МПЦ-ОА и со другите Православни цркви.

Тука треба да се спомне дека, притоа, самото апелациско прибегнување не било подготвено во последен момент, ниту било осмислено дури по вклучувањето на Бугарската православна црква, туку било подготвувано подолг период како дел од пошироката црковно-дипломатска стратегија на МПЦ-ОА.

Со овој потег македонското црковно прашање фактички ја напуштило дотогашната затворена билатерална рамка МПЦ-ОА–СПЦ и добило поширока меѓуправославна димензија. Во процесот веќе била вклучена трета Помесна православна црква, која презела обврска прашањето да го отвора и пред останатите Цркви. Токму затоа овој чекор од 2017 година треба да се разбере како почеток на поактивната црковно-дипломатска стратегија која непосредно продолжила со апелациското прибегнување до Вселенската патријаршија во 2018 година и, воедно, дала легитимитет Вселенската патријаршија да се заземе како арбитар во разгледувањето на нашето црковно прашање по појавата на конфликт меѓу две Помесни цркви за тоа кој е јурисдикциски надлежен, но, и повеќе од тоа: имено, поради тоа што Српската црква со децении одбиваше да се заземе со проактивно решавање на апелите од нашиот Синод и од верниот народ, првопрестолната Црква, имајќи одговорност според дадените канонски права, ги слушна и прифати официјалните апели на Синодот, севкупниот државен авторитет и верниот народ – та официјално доставеното симфонично барање за Еклитон го прими и го уважи за разгледување, исполнувајќи ја своевремено приложената волја преку актот за канонско прифаќање. И поновите истражувања на процесот го поврзуваат вклучувањето на БПЦ со создавањето основа македонското прашање потоа да биде изнесено и пред Цариград.

На апелациското прибегнување му претходеше уште еден значаен црковно-дипломатски маневар. Во ноември 2017 година Синодот на МПЦ-ОА се обрати до Бугарската православна црква со барање таа да посредува за надминување на канонската изолација. Со вклучувањето на трета Помесна црква, македонското црковно прашање фактички беше изнесено од дотогашната затворена билатерална рамка МПЦ-ОА–СПЦ и стана веќе меѓуправославен проблем. И овој потег бил во контекст на стратегијата што создаваше услови за непосредно вклучување на Вселенската патријаршија.

Гледано како целина, периодот 2017–2022 година претставува една континуирана црковно-дипломатска политика на МПЦ-ОА: излегување од затворениот билатерален спор со СПЦ, вклучување на други Помесни цркви, апелација до Вселенската патријаршија, активирање на Цариград во барањето решение и, конечно, повторно отворање на директниот дијалог со СПЦ што заврши со историскиот расплет во 2022 година.

Според хронологијата што подоцна лично ја изложи Архиепископот Стефан, Светиот архијерејски синод го поднел барањето за апелациско прибегнување до Вселенската патријаршија на 9 мај 2018 година, а веќе на 30 мај од Цариград било официјално соопштено дека барањето е примено и дека ќе се преземат чекори за решавање на македонското црковно прашање.

Во официјалните црковни сведоштва овој чекор се опишува како одлука на архијереите да побараат еклитон – апелациско прибегнување, а подоцна на истата иницијатива ѝ се приклучила и поддршката од македонскиот државен врв.

Значи, во клучниот период државната и црковната политика не се движеле во спротивни насоки. Напротив. Државата го поддржувала патот што го избрал Синодот.

Токму затоа сегашните тези не можат да се сведат на академска дискусија околу канонското право. Ако се тврди дека патот преку Цариград бил суштински погрешен, тогаш неизбежно се отвора прашањето: што била одлуката на Синодот од 2018 година? И кој тогаш ја водел МПЦ-ОА по погрешен пат? Архиепископот Стефан, но и други митрополити што јавно истапуваа (архивите ги чуваат видеата со изјави на митрополитот Петар, претседател на Одделот за комуникации со ППЦ на МПЦ-ОА), лично го бранеше тој процес. Уште позначајно е што тоа не е процес од кој Архиепископот Стефан подоцна се дистанцирал. Напротив.

Во своите јавни настапи тој лично ја реконструираше хронологијата: Синодот поднел барање за апелациско прибегнување до Вселенската патријаршија на 9 мај 2018 година; Цариград го прифатил барањето; а на 9 мај 2022 година бил објавен Патријаршискиот акт со кој била признаена канонската легитимност на јерархијата и била воспоставена евхаристиска заедница.

Тоа значи дека денешното оспорување на улогата што ја имал Цариград во процесот не е спротивставување само на Фрчкоски.Тоа неминовно допира и до политиката што ја предводел самиот Архиепископ Стефан, но и целиот Свет синод. Не може историскиот процес да се раздели на два дела така што резултатот ќе се прифати, а чекорите што довеле до него ќе се прогласат за канонски неважни или погрешни.

На 9 мај 2022 година Вселенската патријаршија ја прими во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на Црквата предводена од Архиепископот Стефан и остави управните прашања со СПЦ да бидат дополнително уредени. Архиепископот Стефан подоцна и лично му се заблагодари на Вселенскиот патријарх за прифаќањето на апелациското прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква. Следниот ден и самиот Синод на МПЦ-ОА јавно изрази благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт и најави продолжување на разговорите со СПЦ за конечно уредување на статусот. Одлуката на Вселенската патријаршија е официјално објавена и во официјалното гласило на МПЦ-ОА – Службен весник. Тоа се официјални одлуки и официјални ставови на Црквата.

Четири години политика што ја променија динамиката на спорот

Но меѓу апелациското прибегнување од 2018 година и расплетот во 2022 година има уште еден важен процес кој не смее да биде прескокнат.

Со поднесувањето на апелацијата, македонското црковно прашање веќе не можело да остане спор кој со децении ќе се врти исклучиво во затворениот круг на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Вселенската патријаршија го прифатила случајот и започнала активно да бара начин за негово разрешување.

Тоа особено се гледа во јануари 2020 година, кога од Цариград била покрената иницијатива претставници на двете Цркви да разговараат за изнаоѓање решение. До СПЦ била упатена покана за разговор во Фанар, а бидејќи од Белград немало одговор, или имало одговор со „вадење“, Вселенската патријаршија испратила и втора покана. На тоа може да се додадат и посетите на делегации на Цариград на СПЦ во овој контекст, што укажува на фактот дека СПЦ конструктивно била дел од овој процес. Тоа што одлучува да не се придружи, а во последен момент да го издвои и насочи во друг правец како прашање од некаков свој национален интерес, гледајќи ја извесноста на тоа дека јерархијата и верниот народ околу Архиепископот Стефан сѐ поизвесно ќе бидат канонски препознати, говори пред историјата за нивните вистински намери.

Овој момент е суштински за разбирањето на целиот четиригодишен процес. Апелацијата веќе не била само писмо испратено во Цариград, туку прераснала во конкретна црковна дипломатија во која Вселенската патријаршија барала и од СПЦ да се вклучи во решавањето на проблемот.

Тоа не значи дека СПЦ можела канонски или правно да биде „принудена“ да донесе однапред одредена одлука. Но политичката и црковно-дипломатската реалност очигледно се менувала: со секоја наредна година станувало сè потешко македонското црковно прашање едноставно да остане замрзнато како во претходните децении.

По години молк и неуспешни обиди за обновување на дијалогот, самиот Архиепископ Стефан подоцна ја опиша апелацијата од 2018 година како пресвртница што довела до официјалното вклучување на Вселенската патријаршија во процесот.

Оттука, не може да се тврди дека решението од 2022 година било изолиран настан кој нема врска со претходните четири години. Напротив, политиката започната со апелациското прибегнување ја изменила динамиката на спорот и ја довела СПЦ во ситуација во која проблемот морал многу посериозно да се разгледува.

Тоа е разликата меѓу периодот пред 2018 година и она што следувало потоа.

Судирот со оваа линија не е нов

Особено важен е уште еден факт.

Во декември 2020 година Светиот архијерејски синод јавно се огради од тогашните ставови на митрополитот Григориј, оценувајќи дека тие претставуваат негово лично мислење и не го изразуваат ставот на другите членови на Синодот.

Станувало збор за интервју објавено на 4 декември 2020 година, а веќе на 15 декември, само единаесет дена подоцна, Синодот официјално се оградил и ги отфрлил изнесените ставови. Во истото соопштение било нагласено дека МПЦ-ОА останува на својата веќе изградена позиција црковното прашање за автокефалниот статус да го решава во разговор со Вселенската патријаршија. (Libertas)

Овој факт денес добива уште поголема тежина.

Зашто покажува дека разликите во гледиштата околу патот по кој треба да се движи МПЦ-ОА не се измислени во сегашната полемика.

Тие постоеле јавно и претходно.

Дали некој ќе ги именува како „прозападни“, „проруски“, „проспрски“ или со некоја друга политичка квалификација е посебно прашање кое бара посебни докази.

Но постоењето на различни концепции во однос на Цариград тешко може да се прогласи за измислица, кога самиот Синод во 2020 година морал јавно да се огради од ставовите на еден свој архијереј.

Интервјуто што ја наруши сликата за единството на МПЦ-ОА

Не треба да се занемари ниту моментот во кој било дадено интервјуто на митрополитот Григориј. Во декември 2020 година веќе повеќе од две години траела постапката започната со апелациското прибегнување, а МПЦ-ОА настојувала пред православниот свет да покаже дека зад нејзиното барање стои јасна и единствена синодална волја.

Во такви околности, јавното изнесување ставови кои се разликувале од официјалната позиција на Синодот неизбежно создавало впечаток на внатрешна неусогласеност. Тоа најдобро го покажува фактот што самиот Синод морал експресно да интервенира и да објасни дека станува збор за лично мислење на митрополитот, а не за став на МПЦ-ОА. (Libertas). Во времето на прибегнување кон Еклитонот, Григориј не е член на Синодот, но тоа не дава права никому да не се согласува и придружи кон претходните одлуки.

За Црква која во тој момент барала другите Православни цркви да ја сфатат сериозно и да ја прифатат како единствена црковна институција, ваквата слика можела да биде искористена од сите оние кругови кои имале интерес процесот да биде забавен или целосно блокиран. Наместо да се разговара за едногласната одлука на Синодот, противниците на процесот добивале можност да укажуваат дека еден член на истиот Синод јавно застапува поинаква концепција.

Токму во тоа била и штетата: МПЦ-ОА можела да биде претставена како институција која пред Вселенската патријаршија бара едно, додека во сопствениот Синод се слушаат ставови што ја проблематизираат таа политика.

Може да се каже дека во најчувствителниот период интервјуто создало непотребна слика на институционална несериозност и им дало аргумент на оние што сакале да покажат дека МПЦ-ОА нема единствен став.

И токму затоа реакцијата на Синодот од 15 декември 2020 година е толку значајна.

Ако се урива апелацијата, се удира и по одлуката на Синодот

Токму тука сегашната полемика станува многу поголема од Фрчкоски.

Митрополитот Григориј во својот текст го обвинува Фрчкоски дека со своите ставови сакал да предизвика „дестабилизација во Синодот“, а неговите тези за различни групи меѓу архијереите ги отфрла како манипулација.

Но јавните документи оставаат друго, многу посериозно прашање:

Кој денес навистина влегува во судир со официјалните одлуки што ги донел Синодот?

Синодот побара апелациско прибегнување.

Синодот го избра разговорот со Вселенската патријаршија.

Архиепископот Стефан го предводеше тој процес.

Државниот врв го поддржуваше.

Вселенската патријаршија постапи по апелацијата и ја врати Црквата предводена од Архиепископот Стефан во канонско и евхаристиско општење.

А потоа следуваше и помирувањето со Српската православна црква и нејзиниот акт за препознавање/одобрување на правото и желбата за автокефалност.

Тоа се историските факти.

Но факт е и реалното прашање, чија актуелност е неизбришлива: Дали митрополитот Григориј ќе одговора за тој чин на самостојно јавно делување, кое доведе до перцепција за неединство во МПЦ? Не е спорно дека секој може да има издвоено мислење, но тоа се изнесува во внатрешната дебата, сѐ до моментот на носење конечно решение. Мнозинската одлука, донесена во согласност со преданието и верата, е алфа и омега за секого, колку да сме се согласувале или не.

Затоа денес да се прикажува цариградскиот пат како нешто канонски беспредметно или како резултат на погрешно разбирање на црковното право, значи да се отвори прашањето за исправноста на една од најважните одлуки што Светиот архијерејски синод ја донел во поновата историја на МПЦ-ОА.

Не се брани Синодот со оспорување на неговите одлуки

Во тоа е суштинскиот парадокс на сегашното „разобличување“.

Во обид да се одбрани Синодот од тврдењата дека во него постојат различни геополитички и црковно-политички ориентации, се изнесуваат тези кои самите влегуваат во судир со претходно донесените одлуки на тој ист Синод.

Ако едногласната одлука за апелациско прибегнување била исправна – тогаш не може денес целиот концепт врз кој се темелела да се претставува како заблуда.

Ако била погрешна – тогаш јавноста има право да знае кој згрешил, зошто згрешил и зошто МПЦ-ОА четири години ја следела таа политика.

И пред сè, каква е тогаш оценката за улогата на Архиепископот Стефан?

Зашто тој не бил набљудувач на процесот.

Тој бил поглавар на Црквата која го поднела апелациското прибегнување и човекот под чие претседателство Синодот го водел целиот процес.

На удар е и една од најуспешните политики на МПЦ-ОА

По децении непризнавање и изолација, 2022 година донесе радикална промена на положбата на Охридската Архиепископија во православниот свет.

Без разлика на различните канонски толкувања што постојат денес околу прашањето кој, како и под кои услови ја доделува автокефалноста, еден факт не може да се избрише:

МПЦ-ОА излезе од изолацијата преку процес во кој клучна улога имаа и одлуката за апелациско прибегнување до Вселенската патријаршија и последователниот договор со СПЦ.

И токму тука четиригодишната хронологија е важна. На 9 мај 2018 година била поднесена апелацијата; на 30 мај Вселенската патријаршија соопштила дека ќе го разгледува прашањето; во 2020 година Цариград веќе испраќал покани до СПЦ за разговор; а на 9 мај 2022 година апелациското прибегнување било уважено и била воспоставена канонска и евхаристиска заедница.

Тоа не значи дека улогата на СПЦ треба да биде минимизирана. Но исто така не може да се избрише фактот дека четиригодишната политика на МПЦ-ОА создала сосема нови околности во кои Белград веќе не можел со истата леснотија да го остава прашањето нерешено. Сетете се како и колку се наоѓаше во изолација МПЦ токму заради влијанието на СПЦ!

Со други зборови, СПЦ била ставена под сè поголем црковно-дипломатски притисок конечно сериозно да влезе во решавањето на проблемот. Тоа е многу попрецизно од тврдењето дека некој формално ја „принудил“, но суштината останува иста: политиката започната во 2018 година ја променила позицијата на сите страни.

Понижувачки за МПЦ-ОА не е да се потсетиме на тој пат.

Понижувачки би било денес да се препишува сопствената историја и да се создава впечаток дека она што Синодот едногласно го побарал, Архиепископот го предводел, а државата го поддржувала, всушност немало канонска и црковно-политичка смисла.

Затоа сегашната расправа одамна го надмина Љубомир Фрчкоски.

Прашањето сега е дали дел од архијереите на МПЦ-ОА се подготвени, во обид да го нападнат него, да ја оспорат и сопствената институционална историја, но и сопствениот потпис, сопствените јавно изнесени ставови.

И дали, напаѓајќи го патот преку Цариград, фактички ја доведуваат во прашање не само одлуката на Светиот архијерејски синод, туку и црковната политика што во тие пресудни години ја предводеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Извор: religija.mk
АвтокефалијаАрхиепископот Охридски и Македонски г.г. СтефанВселенска патријаршијаМитрополит Кумановско осоговски ГригоријПравославна Црква на Македонија - Охридска АрхиепископијаСинод
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина

Можеби ќе ви се допадне и ова

Бигорски доби тројца нови монаси, прославен патронот на манастирот

септември 13, 2026

Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска: Ако ставовите се менуваат...

септември 7, 2026

Предавството во и на црквата

септември 3, 2026

Отслужена Литургија на 2341 метри надморска височина на планината Дешат

август 25, 2026

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

август 25, 2026

Празникот Преображение Господово прославен низ епархиите на МПЦ-ОА

август 20, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан

    септември 24, 2026
  • Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина

    септември 23, 2026
  • Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?

    септември 21, 2026
  • Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот на посетата

    септември 20, 2026
  • Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација на идните иницијативи

    септември 18, 2026
  • Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство

    септември 18, 2026
  • Иконата „Света Троица“ на Рубљов повлечена од јавноста по дефект на системот за климатизација

    септември 17, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (64)
  • Изјави и реакции (129)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (56)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (98)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (212)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (98)
  • Свето Предание и Свети Отци (98)
  • Современо општество (158)
  • Теологија и општество (114)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?
Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот на посетата
Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација на идните иницијативи

Популарно оваа недела

Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?
ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на манастирот Ватопед во Света Гора
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство
Што открил Свети Пајсиј за својот духовен отец Папа-Тихон: причините поради кои беше прославен како светител

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА