При крај се работите за изградба на современ објект во Спарта, кој ќе ги смести училиштата за византиска музика и иконопис, под покровителство на православната митрополија во овој дел на Грција.
Според информациите од изведувачката компанија, објектот се очекува да биде завршен и ставен во употреба во текот на пролетта оваа година. Новите простории ќе се наоѓаат во близина на храмот „Св. Василиј“ и се проектирани како целосно функционален и модерен образовен центар.
Проектот, кој започна во есента 2024 година, е целосно финансиран од Фондацијата „Ставрос Ниархос“, позната по својата поддршка на културни, образовни и хуманитарни иницијативи низ цела Грција.
Со завршувањето на објектот ќе се создадат услови за образование и духовна надградба на млади и возрасни, кои ќе имаат можност да се запознаат и да се усовршуваат во византиската музичка традиција и православниот иконопис, во современа и пријатна средина.Во Грција при крај изградбата на училишта за византиска музика и иконопис
При крај е работата за изградба на современ објект во Спарта, кој ќе ги смести училиштата за византиска музика и иконопис, под покровителство на православната митрополија во овој дел на Грција.
Според информациите од изведувачката компанија, објектот се очекува да биде завршен и ставен во употреба во текот на пролетта оваа година. Новите простории ќе се наоѓаат во близина на храмот „Св. Василиј“ и се проектирани како целосно функционален и модерен образовен центар.
Проектот, кој започна во есента 2024 година, е целосно финансиран од Фондацијата „Ставрос Ниархос“, позната по својата поддршка на културни, образовни и хуманитарни иницијативи низ цела Грција.
Со завршувањето на објектот ќе се создадат услови за образование и духовна надградба на млади и возрасни, кои ќе имаат можност да се запознаат и да се усовршуваат во византиската музичка традиција и православниот иконопис, во современа и пријатна средина.
Извор: vimaorthodoxias.gr