Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитот Брегалнички Иларион, денеска во Кочани служат богослужба за трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Одбележувањето на годишнината од големата трагедија започна во црквата „Свети Ѓорѓи Победоносец“, каде се одржува богослужбата во спомен на жртвите. Потоа е предвиден и помен на градските гробишта.
Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти на справување со последиците од пожарот во „Пулс“.
Годишнината од трагедијата се одбележува со повеќе настани во чест на загинатите, но и со пораки за сеќавање, одговорност и поддршка за семејствата и преживеаните.