Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви,...
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска...
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата...
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?
Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети...
Србија одвои 72 милиони динари за обнова на...
Дијалогот како пат до заеднички решенија: средба на...
недела, октомври 18, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОСовремено општество
Современо општествоТеологија и општество

Слобода на верата или повод за страв? Реакции по дистрибуцијата на христијанска литература во Реканскиот крај

од Црковен Журнал Логос април 17, 2026
април 17, 2026 0 коментари 29 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Naslovna Evangeli 1
29

Во текот на вчерашниот ден (15 април), во неколку села од Реканскиот крај била дистрибуирана христијанска литература по домовите на жителите. Станува збор за материјали во издание на здружението „Евангелие за секој дом“, кои биле оставани, или лично предавани на граѓаните.

Овој настан предизвика реакција од страна на Здружението на Македонци со исламска религија (СМИР), кое јавно изрази загриженост и побара институционална проверка.

Во нивното соопштение се наведува: „Сојузот на Македонците со исламска религија НАЈОСТРО реагира на појавата на сомнителни лица како претставници на здружение ‘Евангелие за секој дом’ во селата на реканскиот крај, населени со население со исламска религија, притоа растурајќи пропаганден материјал несоодветен за ова население. Бараме брза реакција на надлежните органи, дали имаат соодветни одобренија и кој им го издал. Ваквата појава може во голема мера да ги наруши традиционално добрите меѓурелигиски и меѓуетнички односи во овој регион.“

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Руската црква и Иран во „златна доба“: Православието и исламот во служба на заедничките политички интереси
    јули 31, 2026
  • „ВЕЉО МАНЧЕВСКИ“ 2025: ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА ИСТАКНАТИ ДЕЈЦИ ЗА ПРИДОНЕС ВО ВЕРСКИОТ ЖИВОТ
    декември 13, 2025
  • (Видео) Митрополитот Хризостом за посетата на Ерусалим: Не може човек мирно да им се поклони на своите светињи
    април 19, 2026

Сепак, ваквата реакција отвори поширока дебата за границите меѓу верската чувствителност и уставно загарантираните слободи.

Самото барање за „соодветни одобренија“ за делење верска литература, прдизвика дебата на реакцијата на СМИР, оценувајќи го како недоволно разбирање на основните демократски принципи.

Во тој контекст, во јавноста се појави и контра реакција: „Објавата на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), преку која се бара „брза реакција на надлежните органи“ за ширењето христијански памфлети во Реканскиот крај, предизвикува оправдано чудење бидејќи задира во темелните демократски принципи. Република Северна Македонија е држава во која слободите и човековите права се загарантирани со највисокиот правен акт. Имено, согласно членовите 16 и 19 од Уставот, недвосмислено се загарантирани слободата на уверувањето, јавното изразување на мислата, како и правото слободно и јавно да се манифестира сопствената вера. Оттука, прашањето на СМИР дали дистрибутерите на овие материјали „имаат соодветни одобренија“ е правно неосновано. Во едно слободно општество не постои закон што наметнува обврска за поседување дозвола за проповедање или за споделување информативен материјал од рака на рака. Барањето одобрение за споделување идеи претставува класична цензура. Секој граѓанин има слобода да промовира сѐ што сака, сѐ додека тоа го прави на мирен начин. Единствениот исклучок каде што надлежните органи имаат обврска да реагираат е доколку содржината преминува во говор на омраза или предизвикување верска нетолеранција (казниво по чл. 319 од КЗ). Ако станува збор за класични религиозни пораки кои не ги повредуваат туѓите права, тие се целосно заштитени со закон. Основното демократско право на оние кои не се согласуваат со понудениот материјал е едноставно да не го прифатат или да го игнорираат. Непостоењето интерес или несогласувањето со нечија проповед не смее да биде повод за институционална репресија. Напротив, ваквите остри реакции кои бараат државни санкции против припадници на други вери исклучиво поради нивното мирно изразување, претставуваат акт на верска нетолеранција. Како такви, овие повици за санкционирање на уставно загарантирани права многу повеќе претставуваат основа за постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, отколку што самото делење памфлети бара полициска интервенција. Толеранцијата е двонасочна улица, а демократијата подразбира соживот на различни идеи без страв од казна.“

Во суштина, случајот го отвора чувствителното прашање: дали присуството на различни верски пораки во јавниот простор претставува закана – или пак природен израз на слободно и плурално општество?

Реканскиот крај, познат по својата вековна традиција на соживот, токму преку ваквите ситуации се повикува на зрелост – да се направи јасна разлика меѓу наметнување и сведочење, меѓу притисок и слобода.

Во една демократска држава, одговорот не лежи во забрани, туку во взаемна почит, трпение и духовна зрелост.

Евангелие за Секој дом е регистрирано здружение во Македонија, и според нивните објави на Фејсбук имаат соработка со голем дел од верските заедници во Македонија.

Извор: religija.mk

БиблијаИсламРекански пределСвето Писмо
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Дали навистина се случува на христијанска преродба во САД?
следна објава
Вселенскиот патријарх повика на „отпор против насилството“ по трагедијата во Турција

Можеби ќе ви се допадне и ова

Англиската полиција ги повикува полицајците од друга вероисповест да постат за Рамазан

август 4, 2026

Руската црква и Иран во „златна доба“: Православието и исламот во служба...

јули 31, 2026

ВИДЕО: Јапонија пред нов културен предизвик: отпор против изградба на џамија во...

мај 19, 2026

Во САД расте продажбата и употребата на Библијата, покажуваат нови податоци

април 24, 2026

(Видео) Митрополитот Хризостом за посетата на Ерусалим: Не може човек мирно да...

април 19, 2026

Ерусалим во деновите на Пасхата: меѓу ограниченото богослужение, силното обезбедување и чувството...

април 19, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија

    октомври 18, 2026
  • Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

    октомври 17, 2026
  • Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима

    октомври 16, 2026
  • Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви, МПЦ – ОА повторно отсутна

    октомври 16, 2026
  • Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)

    октомври 14, 2026
  • Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)

    октомври 14, 2026
  • Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?

    октомври 14, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (67)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (28)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (154)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (107)
  • Свето Предание и Свети Отци (106)
  • Современо општество (171)
  • Теологија и општество (119)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви, МПЦ – ОА повторно отсутна
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)

Популарно оваа недела

Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима
Србија одвои 72 милиони динари за обнова на манастирот „Свети Прохор Пчињски“
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА