По покана на Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и по одлука на Светиот синод на Црквата на Бугарија, Неговата Сесветост патријархот на Бугарија и Софиски митрополит Даниил ќе ја изврши својата прва мирна посета по изборот и интронизацијата на патријаршискиот престол на Црквата на Бугарија.
Посетата ќе започне на 25 декември – Рождество Христово и ќе заврши на 28 декември. На 26 декември – Собор на Пресвета Богородица – Неговата Светост патријархот на Бугарија Даниил ќе сослужува со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во храмот на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј“ во Фанар. На 27 декември, патријархот Даниил ќе ја возглави светата Литургија по повод храмовата слава на бугарската црква „Св. Стефан“ на Златниот Рог, позната и како „Железната црква“.
Извор: bg-patriarshia.bg