Неа Кринија, 8 октомври 2025 – Со голема духовна радост, Митрополијата на Неа Кринија и Каламарија ја објави веста за впишување во диптихот на светиите на блажениот Архимандрит Хрисостом Папасарантопулос, мисионерот во Африка.
На денот на неговото впишување во диптихот на светиите, камбаните на црквата „Света Параскева“ заѕвонија во чест на новиот светец. За почит и благослов на верниците ќе биде изработена и поставена икона на Светиот во црквата. Споменот на Светиот Хрисостом ќе се слави секоја година на 29 декември, а свечениот празник ќе се одбележи на 2 ноември 2025 година.
Митрополитот Јустин и верниот народ упатија благодарност до Патријархот на Александрија, Теодор II, и Светиот Синод за оваа одлука која представува радост за Црквата Христова.
Извор: Orthodoxianewsagency.gr