Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени...
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
Откритија стари 2.000 години во Храмот на Воскресението...
Гетсиманија: Пофални песнопенија на Пресвета Богородица кај Нејзиниот...
петок, септември 4, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОПоучни текстови
Поучни текстовиСвета Гора

Поучна порака од светогорските Старци

од Црковен Журнал Логос декември 16, 2025
декември 16, 2025 0 коментари 63 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Img 20251216 133457
63

Еден ден, на празникот на Светите Апостоли, отец Ефрем дојде од Катунакија за да служи Божествена Литургија за нас. Старец Јосиф ми даде послушание да зготвам добар ручек, бидејќи отец Ефрем беше многу слаб и речиси на работ од туберкулоза.

Побрзав да послушам, а додека готвев, Старецот застана над мене и ми рече:

– Не знаеш да готвиш, се плашиш… Вака ли се готви? И сакаш и свештеникот да го јаде тоа?

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Украинскиот митрополит на Света Гора ги посети манастирите Ксенофонт, Ставроникита и Симонопетра
    октомври 12, 2025
  • Света Гора: Започна снимањето на новата серија „Свети Јосиф Исихаст“
    мај 19, 2026
  • “Света Гора – Манастирот Симонопетра како мултикултурно светилиште”
    август 29, 2025

Штом завршив, дојде до малата колиба што ја имавме за готвење и ми рече:

– Ајде, донеси го брзо!

Ја земав храната и му ја дадов на свештеникот.

– Тргни ми се од пред очи! Исчезни! Да не те гледаат очите мои! Брзо, затвори се во ќелијата!

– Да е благословено – реков.

Го примив благословот од Старецот и отидов во мојата ќелија, која беше веднаш до неа. И веднаш штом зачекорив внатре, Божјата благодат дојде заедно со благословот на Старецот! Доживеав таква Божја посета што моите телесни очи едвај можеа да ги издржат Светите Апостоли. Толкава благодат! Толкав благослов!

Рај во срцето! Солзите ми течеа како река – не затоа што Старецот ме искара, туку затоа што не можев да ја задржам радоста и божественото опивање од присуството на Светите Апостоли.

Беше нивен празник, а бидејќи Светите Апостоли беа навредувани заради Христа, исмејувани и камшикувани од книжниците и фарисеите, Христос, гледајќи ја мојата ништожна борба, ја испрати Својата благодат…

Не знаев каде сум. Паднав и плачев од големото блаженство што го чувствуваше мојата душа!

И си реков: „Какво добро ми направи Старецот!“

Старецот, и покрај мојата телесна слабост, реши да ме направи готвач за братството. Еден ден, без многу објаснување, дојде и ми рече:

– Мали.

– Благослови!

– Готви.

– Каде да готвам?

– Надвор.

Си помислив: „Надвор? Каде надвор?“ Немаше ни кујна. Требаше да собирам гранки, да запалам оган за да готвам. А што ќе зготвам, кога не знам ни да готвам? Ме нападнаа помисли: „Каде ќе готвиш сега? Каде ќе ги миеш садовите, кога нема место?“ А отците работеа, носеа товар, се заморуваа, огладнуваа – што ќе јадат?

Местото беше на отворено, а ветрот дуваше. Но каков ветер! Помагај, Мајко Божја! Слаб каков што бев, ветерот можеше да ме крене и да ме фрли во бездната. И кога ќе почнеше, морав да ги соберам сите добри помисли на трпение, зашто веднаш започнуваше духовна борба.

Злиот дух на роптањето и богохулењето постојано беше до мене и, кога трпението ми беше на раб да се скрши, ми шепотеше: „Каков е тоа Бог на љубовта, кој те мачи со вакви бесни ветрови?“ А јас одговарав: „Молчи, воопшто не зборувај!“

Подоцна направивме мала колиба од гранки, како „кујна“. Но силниот ветер ја однесе целата, како змеј!

Ставив камења околу оган и котел врз нив, и штом ќе дувнеше ветерот, капаците паѓаа, котелот се превртуваше и сè се тркалаше надолу по ридот…

А Старецот викаше:

– Збунет! Еј, мали, си ги загуби работите! Трчај и најди ги!

Каде да ги најдам? Тие веќе беа далеку, а јас трчав надолу по дожд, лапавица и студ, да ги собирам тенџерињата и капаците. О, Боже мој! Дури и во зима готвевме надвор од келијата на Старецот, а јадевме внатре.

По јадењето, морав да ги мијам лимените садови – надвор, секако. Зима, студ, дожд, снег – сè се миеше надвор. Болен, настинат, излегував на карпите на ладно да мијам садови. Имавме скршена стомна со дупка во која ставивме црево, водата беше таа што се собираше на карпата – со неа ги миевме садовите…

Рацете ни беа смрзнати, бидејќи немавме каде да се стоплиме. Приборот со кој јадевме не го миевме…

Кога ќе завршевме со јадењето, само ги бришевме вилушките и лажиците со крпа и ги виткавме. Но бидејќи и крпите не ги миевме, малку по малку стануваа тврди како кожа. Толку беа валкани што, ако ги переше некој, можеше да направи супа од водата.

Старецот имаше и уште една „оригинална“ хигиенска пракса за садовите. Штом ќе завршевме со јадењето, истуравме вода во нив, ги плакневме, а таа вода – каква и да беше – ја пиевме! Така садовите брзо се „миеја“ и не се трошеше многу вода. Така правевме сите. И странците што доаѓаа – исто така…

Малкумина подвижници поминаа низ Света Гора во 20. век со толкава строгост во подвигот и такво созерцание во Бога.

Старец Јосиф беше строг, но и храбар. Непопустлив во послушанието (и во верата), но и исполнет со љубов. Имаше апсолутна вера во Бога и големо расудување…

Извор: од книгата на Старец Ефрем Филотејски
„Мојот живот со Старец Јосиф“

Извор: vimaorthodoxias.gr

БлагословПослушаниеСвета ГораСвети Јосиф ИсихастСтарец Ефрем ВатопедскиСтарец Ефрем Филотејски
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Седум години од Обединителниот собор на Православната Црква на Украина
следна објава
Елка без идентитет: Медиумска небулоза околу Божикното дрво во Скопје

Можеби ќе ви се допадне и ова

Старец Ефрем Ватопедски: Најголемиот Божји дар за човекот е Пресвета Богородица

август 16, 2026

Епископот Партениј со дел од Бигорското монашкo братство во посета на Света...

август 9, 2026

17-то годишно поменување на Старец Јосиф Ватопедски, со началствo на неговото духовно...

јули 2, 2026

Србија и Црквата на Србија ја признаваат големата духовна улога на Ватопедската...

јуни 3, 2026

Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието

мај 29, 2026

Зајакнување на црковните односи помеѓу Србија и Грција: Светиот Појас на Пресвета...

мај 20, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“

    септември 4, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026
  • По што се разликува покајанието од самојадењето?

    август 31, 2026
  • Прекин на струја сопре концерт и тепачка во Пештани – слика од празнувањата на Голема Богородица

    август 29, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (61)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (201)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (107)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

Популарно оваа недела

Предавството во и на црквата
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА