На 20 октомври 2026 година, со молитвено расположение и побожност беше прославен празникот на Светите Артемиј и Герасим Кефалониски во параклисот што се уредува во домот на Светиот и Богоносен отец Паисиј Светогорец, во Коница, Грција.
Првата Божествена литургија ја отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дриинуполски г. Алексиј, во присуство на бројно свештенство и верници, кои го исполнија домот на светителот, учествувајќи во овој историски момент.
Во своето завршно обраќање, митрополитот Алексиј се осврна на особениот благослов од отслужувањето на првата Божествена литургија на ова свето место и истакна дека во параклисот редовно ќе се богослужи, со цел домот на Свети Паисиј да стане место за молитва, богослужение и духовна поткрепа на верниците.

Извор: Orthodoxia.info