Во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан денеска, 23 октомври, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител.
Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар во Рим во чест на Свети Еразмо Охридски
Молебенот го отслужи митрополитот Dебарско-кичевски Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски.
На молитвеното чествување присуствуваа Сања Митровска, вршител на должноста во Амбасадата на Македонија при Светата Столица, Магдалена Димова, вршител на должноста во македонската амбасада во Италија, како и вработени во двете дипломатски претставништва и претставници на Дебарско-кичевската митрополија.
Молитвениот чин во еден од најзначајните христијански храмови претставува чествување на Свети Еразмо Охридски, светител чие име е поврзано со христијанското духовно наследство на Охрид и Македонија.