Еден час пред празникот на свети Никола, во манастирот Григоријат на Света Гора, монасите ги привршувале последните подготовки за трпезата. Сè беше подготвено, но готвачите беа загрижени: не успеале да набават свежи риби за празничниот ден.
Затоа му пристапиле на игуменот и му рекле: „Геронда, можеби ќе мора да готвиме бакалар. Ако е така, треба да го ставиме веднаш да се одсолува.“
Но игуменот им одговорил: „Не! Нема потреба од тоа. Ќе имаме свежи риби. Свети Никола ќе се погрижи.“
Монасите се зачудиле од неговата увереност, но не рекле ништо. Утрената служба започнала, а готвачите во мислите се прашувале како би можело тоа да се случи толку доцна.
Но пред ни половина од утрената служба да заврши, се слушнале гласови однадвор. Чуварот на пристаништето радосно извикал:
„Брзо! Земете кошници и слезете! Свети Никола направи големо чудо!“
На пристаништето ги чекал неверојатен призор: силниот бран донел големо количество свежи, крупни риби, фрлени директно на песокот.
Тоа било несомнен дар — живо чудо на свети Никола.
Монасите биле восхитени, а готвачите не знаеле повеќе на што да се чудат: на самото чудо или на непоколебливата вера на игуменот.
Таа година, за прв пат, на празничната трпеза имале изобилство од свежи и вкусни риби.
Извор: simeiakairwn.gr