о. Симеон Крајопулос (†)
Пост
Постиме затоа што:
Христос покажува послушание, додека Адам беше непослушен; Христос пости, додека Адам беше лаком.
(СТр, стр. 179)
Христос постеше. Храната не беше грешна, храната не беше осквернета, храната немаше ништо лошо во себе. Тој едноставно постеше.
(СТр, стр. 180)
Постеа и пророците пред Него. Мојсеј, кој беше подражател на Христос уште пред да дојде Христос, постеше четириесет дена на гората Синај.
(СТр, стр. 180)
Сите светии постеле и постат до денес.
(СТр, стр. 180)
Природната состојба на човекот е оваа света состојба: човек да живее со малку храна, со малку пиење, со некаква облека итн., а неговата храна да биде Бог, неговото питие да биде Бог, неговата радост да биде Бог, сè да му биде Бог.
(СТр, стр. 201)
Самиот Господ се одрекува од Својата волја и ја исполнува волјата на Небесниот Отец. Неговата волја не е грешна, но Тој сепак се одрекува од неа.
(СТр, стр. 205)
Се одрекуваш од својата волја, се лишуваш од сето тоа, и така Бог на дело гледа дека може да ти има доверба (…) и ти го доверува божествениот живот.
(СТр, стр. 207)
Нашето враќање во Рајот не може да го нема и овој елемент: постот.
(СТр, стр. 211)
Првата заповед, која во себе содржеше многу нешта, сите тие многу нешта добиваа тело и облик како пост.
(ОфТ, стр. 283)
Постот не е покажување. Покажување е тогаш кога ти го правиш тоа токму поради таа причина — за да се слушне дека постиш.
(ОфТ, стр. 285)
Тоа е верата: да признаеме дека Господ постои и дека Му се доверуваме; она што Тој го кажува го прифаќаме — без разлика дали го разбираме или не го разбираме — и така духовно напредуваме.
(ОфТ, стр. 286)
Бог го прави тоа внатре во душата. И ние ќе го направиме со Неговата помош, со Неговото просветление и со помошта на светителите кои се застапуваат за нас; тие поминале низ сите степени и знаат што значи тешкотија, но знаат и што значи спасение.
(ОфТ, стр. 288)
Од книгите на о. Симеон Крајопулос:
Синакси на Триодот А (= СТр), Панорама, Солун, второ издание, 2013;
и: Како што просветли Бог… (= ОфТ), Панорама, Солун, 1998.
Извор: https://www.koinoniaorthodoxias.org/pnemvatiki-zwi/giati-nisteuoyme/