Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари:...
Извршен помен на Тоше Проески од страна на...
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од...
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви,...
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска...
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата...
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?
понеделник, октомври 19, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОСовремено општество
Современо општество

Православен свештеник стана музичка сензација со метал албум

од Црковен Журнал Логос јули 7, 2026
јули 7, 2026 0 коментари 34 прегледи 5 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
4167 1
34

Православниот свештеник отец Дионисиос Табакис стана неочекувана сензација во светот на експерименталната музика со својот албум Метал од Рајот (Paradise Metal), во кој се спојуваат византиско предание, православна духовност, дум-метал, техно, рап и религиозен дабстеп.

Во разговор за британскиот весник Гардијан, отец Табакис вели дека „гитарата е создадена од Бога“. Тој живее во Нафплио, град на брегот на грчкиот Пелопонез, а во неговиот дом, покрај православните икони, има голем број музички инструменти. Облечен во црна свештеничка облека, со долга седа брада, тој зборува за музиката речиси како да држи проповед.

Негов омилен инструмент е прилагодена електрична гитара Harley Benton R-457, купена за само 135 евра. Таа создава необичен, топол и нестандарден звук, кој отец Табакис го споредува со „брановите“ на човечкиот глас.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Манастирот „Света Марина“ на Андрос: Чудотворното светилиште што трогнува илјадници верници – сведоштвата и „домот“ на светителката
    јули 21, 2026
  • Митрополитот Лимасолски Атанасиј стана Почесен Граѓанин на Атика
    октомври 13, 2025
  • Илјадници верници во Крф – Тридневна свечена прослава со нетленото свето тело на Свети Спиридон
    декември 11, 2025

Албумот Метал од Рајот е снимен во домашни услови. Музичкиот портал Пичфорк (Pitchfork) му даде оценка 7,6, што е повисоко од оценките што некогаш ги добиле дел од познатите изданија на Апекс Твин и Дафт Панк.

Посебноста на неговата приказна е во тоа што отец Табакис е ракоположен свештеник во Православната црква на Грција, средина во која инструменталната и световната музика традиционално често била гледана со сомнеж. Тој признава дека електричната гитара во црковните кругови е „малку погрешно разбрана“ и дека некои ја сметаат за нешто ѓаволско.

Но, отец Табакис сака да го промени таквиот поглед. Според него, лукавиот не може да создава, бидејќи Бог е Творецот на сè. Затоа, вели тој, ако човек создава убавина преку музиката, тоа може да биде и начин на прославување на Бога.

Иако стана предмет на голем медиумски интерес, отец Табакис е повлечен човек. Дури и луѓето од неговите издавачки куќи претходно немале лично средба со него, ниту пак разговарале со него по телефон. Има свој YouTube-канал, но нема значајно присуство на социјалните мрежи. По објавувањето на албумот добил повеќе медиумски покани, но поголемиот дел ги одбил, плашејќи се дека телевизијата може да го прикаже на несериозен начин.

Тој е еден од илјадниците свештеници во Православната црква на Грција и останува целосно посветен на свештенството. Не е монах — во брак е со сопругата Фотини веќе 32 години и имаат три деца — но вели дека го привлекува идеалот на подвижничкиот живот. Секоја година патува за Света Гора, а посебно ги почитува подвижниците и самопожртвуваните свештеници.

Отец Табакис е роден во 1972 година и пораснал во Пиреја, во сиромашно семејство. Неговото семејно потекло е поврзано со Грците што избегале од Смирна по катастрофата во 1922 година. Тој вели дека византиската култура и денес тече низ него и дека тоа е дел од неговиот идентитет.

Музиката за него станала начин да го изрази токму тоа наследство. Уште во средно училиште свештениците од неговата парохија го запознале со византиската музика. Подоцна самиот научил да свири повеќе ретки традиционални инструменти, меѓу кои цумбуш, кабак кемане, јајли танбур, зурна, неј и различни видови лира.

Околу пред четири години почнал сам да снима песни. Неговиот син му покажал како да користи софтвер за музичка продукција, а соседот од катот над него го научил да свири гитара. Вокалите на дел од песните ги снимила Евгенија Симела Армени, млада девојка што ја запознал во црква, снимајќи се со телефон во својот студентски стан.

Отец Табакис вели дека никогаш немал амбиција да стане познат. Сепак, неговиот YouTube-канал собрал неколку илјади следбеници, меѓу кои бил и Николаос Рафаел, основач на солунската издавачка куќа Elhellell. Тој бил привлечен од необичноста на свештеникот и му предложил да направат албум.

Метал од Рајот е опишан како музичко патување во кое се мешаат византиска музика, христијанско православие, хеви-метал, рап и техно. Во повеќето композиции се слушаат напеви и духовни интонации, но секоја песна носи и неочекувани пресврти.

Една од песните, Техно во манастир, започнува со повик „Дали сте подготвени?“, по што следуваат ритмички напеви врз темна електронска подлога. Отец Табакис вели дека преку музиката се обидува да истражува, а секој инструмент го гледа како прозорец преку кој може да се види дел од небото и вселената.

Една од песните носи наслов кој приближно би се превел како „Многу се занесуваш – црковен рап“. Свештеникот објаснува дека сакал да употреби јазик што ќе им биде поблизок на младите. За да најде рими и современ сленг, пребарувал на интернет и, како што вели, направил колку што можел.

Тој не се смета себеси за политички уметник, бидејќи не е сигурен колку од она што го гледаме е навистина реално. Сепак, песната Dubai Paei, односно „Збогум, Дубаи“, била инспирирана од конфликтот на Блискиот Исток и од сликата на луѓе што бегаат од град на луксуз додека паѓаат бомби. Тоа, вели тој, го потсетило на Вавилон од Откровението и претставува сатира за суетата поврзана со богатството.

Интересно е што неговиот албум не звучи како наметлива проповед. Отец Табакис вели дека неговата желба е да го премости јазот меѓу постарите генерации и младите, кои зборуваат на поинаков јазик.

Неговите деца не се особено религиозни, но тој вели дека никогаш не сакал насила да им ги наметнува своите убедувања. На прашањето како другите свештеници гледаат на неговиот успех, тој одговара дека никој за ова не му спомнал ништо — што, според него, е добро.

Старите гледишта дека световната музика има врска со ѓаволот не го вознемирува. Бог, вели отец Табакис, има вкус и ги сака убавите нешта. Затоа, кога човек создава нешто убаво, дури и со музички инструменти, може да ја почести и својата Вера.

И покрај растечкиот успех, отец Табакис вели дека никогаш не би го напуштил свештенството заради музичка кариера. Според него, свештеникот има повик што е повисок од било каква сцена, бидејќи во Литургијата лебот се претвора во Телото Христово — нешто што, како што вели, не може да го направи ниту ангел.

Кога го прашуваат за идните настапи во живо, тој одговара поетски и необично: чувството е како риба да биде извадена од вода за да ја прошетаат и да ѝ дадат свеж воздух. Потоа додава дека се чувствува многу непријатно, но ако тоа им носи радост на луѓето, тогаш е подготвен.

Албумот Метал од Рајот (Paradise Metal) е објавен преку Heat Crimes и Elhellell, а отец Дионисиос Табакис треба да настапи во лондонскиот клуб Iklectik на 13 ноември.

Извор: https://www.theguardian.com/

Метал музикаМузикаПравославна Црква на ГрцијаСвештеник
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Брутално насилство врз девојче во скопски Аеродром
следна објава
Светителот со неподнослив темперамент

Можеби ќе ви се допадне и ова

Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото...

октомври 14, 2026

Црква на Грција: Митрополијата на Ксанти бара Бугарија да ги врати 50-те...

октомври 2, 2026

Митрополитот Доротеј Драмски до Л. Мендони: „Го губиме нашиот преговарачки адут“

септември 30, 2026

Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

септември 5, 2026

Патријархот московски Кирил ја пречека десната рака на Свети Спиридон – пораката...

август 19, 2026

Митрополитот на Крф од Грчка Црква ја донесе десницата на Свети Спиридон...

август 18, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги

    октомври 19, 2026
  • Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

    октомври 18, 2026
  • Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

    октомври 18, 2026
  • Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија

    октомври 18, 2026
  • Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

    октомври 17, 2026
  • Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима

    октомври 16, 2026
  • Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви, МПЦ – ОА повторно отсутна

    октомври 16, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (67)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (108)
  • Свето Предание и Свети Отци (107)
  • Современо општество (172)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

Популарно оваа недела

Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија
Митрополитот Епифаниј на молитвен појадок со Зеленски: Повик за молитва за Украина и нејзините војници
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство
Дали Македонија навистина има многу верски празници? Што покажуваат Европа и православниот свет

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА