Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска...
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата...
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?
Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети...
Србија одвои 72 милиони динари за обнова на...
Дијалогот како пат до заеднички решенија: средба на...
Фреските во црквата „Свети Георгиј“ во Курбиново реставрирани...
Дел од главата на Свети Јован Крстител се...
Ликот на архиепископот Стефан злоупотребен за промоција на...
Грчкиот премиер Мицотакис го посети женскиот манастир во...
среда, октомври 14, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна БОГОСЛОВИЕЛитургија и црковен живот
Литургија и црковен животНастаниСвето Предание и Свети Отци

Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)

од Црковен Журнал Логос октомври 14, 2026
октомври 14, 2026 0 коментари 8 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
X 9 1
8

Во селото Хриси, во Мегленската област во северна Грција, на 12 октомври свечено беа пречекани моштите на Света Злата Мегленска, новомаченичка која се почитува и во македонската православна традиција. Настанот се одржа во пресрет на нејзиниот празник, кој во Грција се одбележува на 13 октомври, додека Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува нејзиниот спомен на 26 октомври, односно 13 октомври по стар стил.

Свечениот пречек започна во 18 часот. На влезот во селото Хриси, каде што според црковното предание Света Злата е родена и пострадала, моштите ги презеде свечена поворка од монахињи, која со почесна придружба ги пренесе до парохискиот храм посветен на светителката.

Пред храмот моштите ги пречекаа надлежниот митрополит Едески г. Јоил, митрополитот Навпактски г. Јеротеј, како и епископите Главински г. Макариј, Амфиполски г. Христофор и Алмописки г. Стефан, во присуство на бројни свештенослужители од Едеската митрополија и од други делови на Грција.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • На Крф одржана академија на српско–грчкото пријателство по повод доаѓањето на српската војска во Првата светска војна
    мај 3, 2026
  • Илјадници верници во Крф – Тридневна свечена прослава со нетленото свето тело на Свети Спиридон
    декември 11, 2025
  • Црква на Грција: Митрополијата на Ксанти бара Бугарија да ги врати 50-те црковни реликвии без размена
    октомври 2, 2026

Со вечерната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Јеротеј, кој во својата беседа зборуваше за значењето на почитувањето на светителите и за луѓето кои со своите дела ја покажуваат љубовта кон Христос и Неговите светии.

Животот и почитувањето на Света Злата

Според нејзиното житие, Света Злата Мегленска живеела кон крајот на XVIII век, во времето на османлиското владеење. Била изложена на големи страдања затоа што одбила да се откаже од христијанската вера и да премине во ислам. И покрај притисоците и мачењата, останала непоколеблива во верата, за што маченички пострадала во 1795 година.

Нејзиното житие го запишал Свети Никодим Светогорец, благодарение на кого сведоштвото за нејзиното мачеништво било зачувано во православното предание.

Во Македонската православна црква – Охридска архиепископија, споменот на Света Злата Мегленска се празнува на 26 октомври, односно 13 октомври според стариот календар.

Почитувањето на светителката е присутно и во современиот духовен и културен живот во Македонија. Нејзиното име го носи познатиот женски камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје, основан во 1996 година при Македонската православна црква, кој со своите настапи ја негува и промовира православната духовна музика.

Откривањето на моштите и нивното значење

Свечениот пречек следува по објавувањето на резултатите од испитувањата на човечки останки пронајдени во близина на урнатините на стар храм во областа Хриси.

Според Едеската митрополија, научните испитувања покажале дека станува збор за останки на млада жена, на возраст од околу 17 години, кои се датираат во периодот на нејзиното мачеништво, односно околу 1795 година.

Црковните власти сметаат дека овие наоди се совпаѓаат со податоците од житието на Света Злата, поради што останките ги поврзуваат со светителката.

X 5

Порака за љубовта кон светителите

Во својата беседа, митрополитот Јеротеј се осврна на четири примери на особена љубов кон светителите, поврзани со почитувањето на Света Злата.

Најнапред го спомена Свети Никодим Светогорец, кој со запишувањето на нејзиното житие придонел за зачувување на споменот на светителката, како и на другите новомаченици од времето на османлиското владеење.

Потоа се осврна на Свети Калиник, поранешниот митрополит Едески, кој го поттикнал воспоставувањето на празнувањето на Света Злата и ја започнал изградбата на храм посветен на неа.

Како трет пример го посочи сегашниот митрополит Едески г. Јоил, кој ја составил богослужбената служба на светителката, го осветил нејзиниот храм и за време на чие архиерејско служење биле откриени моштите.

На крајот ги пофали и верниците од Едеската митрополија за нивната љубов кон Црквата и светителите.

Митрополитот Јеротеј нагласи дека Света Злата претставува пример за искрена и непоколеблива љубов кон Христос и ги повика верниците да останат верни на црковното предание, на верата и на Божјите заповеди.

„Да стекнеме златен разум, златни мисли, златно срце и златен живот и да го прославуваме името на Светиот Бог“, порача митрополитот.

На свеченоста присуствуваа голем број верници, како и претставници на државните и локалните власти во Грција.

Празнувањето продолжи на 13 октомври, кога во храмот посветен на Света Злата беше отслужена празнична утрена богослужба и соборна архиерејска литургија, на која верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на светителката.

Според најавите на Едеската митрополија, во текот на целата седмица во храмот ќе се служи Божествена литургија, а црквата ќе биде отворена за верниците во текот на целиот ден.

Повеќе фотографии од свеченоста (ФОТО)


Извор: Orthodoxia News Agency, со дополнителни информации од православниот календар на МПЦ – ОА.

Православна Црква на ГрцијаСвета Злата МегленскаСвети мошти
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)

Можеби ќе ви се допадне и ова

Црква на Грција: Митрополијата на Ксанти бара Бугарија да ги врати 50-те...

октомври 2, 2026

Митрополитот Доротеј Драмски до Л. Мендони: „Го губиме нашиот преговарачки адут“

септември 30, 2026

ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во...

септември 29, 2026

Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

септември 5, 2026

Патријархот московски Кирил ја пречека десната рака на Свети Спиридон – пораката...

август 19, 2026

Митрополитот на Крф од Грчка Црква ја донесе десницата на Свети Спиридон...

август 18, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)

    октомври 14, 2026
  • Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)

    октомври 14, 2026
  • Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?

    октомври 14, 2026
  • Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети Пајсиј Светогорец

    октомври 13, 2026
  • Србија одвои 72 милиони динари за обнова на манастирот „Свети Прохор Пчињски“

    октомври 13, 2026
  • Дијалогот како пат до заеднички решенија: средба на архиепископот Јован со грчкиот заменик-министер со цел унапредување на правата на заедниците

    октомври 12, 2026
  • Фреските во црквата „Свети Георгиј“ во Курбиново реставрирани со поддршка од Грција

    октомври 10, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (66)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (83)
  • Меѓуправославни односи (105)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (153)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (106)
  • Свето Предание и Свети Отци (105)
  • Современо општество (169)
  • Теологија и општество (119)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?
Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети Пајсиј Светогорец
Србија одвои 72 милиони динари за обнова на манастирот „Свети Прохор Пчињски“

Популарно оваа недела

Србија одвои 72 милиони динари за обнова на манастирот „Свети Прохор Пчињски“
Дијалогот како пат до заеднички решенија: средба на архиепископот Јован со грчкиот заменик-министер со цел унапредување на правата на заедниците
Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети Пајсиј Светогорец
Фреските во црквата „Свети Георгиј“ во Курбиново реставрирани со поддршка од Грција
Ликот на архиепископот Стефан злоупотребен за промоција на „народен лек“ (ВИДЕО)

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА