Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во...
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување...
Света Гора како фактор на религиска дипломатија и...
Македонија на прво место во светот според бројот...
ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната...
Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година...
Сè помалку деца, сè повеќе починати: Македонија со...
Вознемиреност и очај: Што нè учат светителите и...
Ерусалимскиот патријарх: Поделбите го ослабуваат сведоштвото на Црквата...
Автокефалноста повторно во центарот на вниманието – Григориј,...
среда, септември 30, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ВЕСТИНовости
НовостиСвето Предание и Свети Отци

ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела

од Црковен Журнал Логос септември 29, 2026
септември 29, 2026 0 коментари 89 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
89

Светите мошти на Светата новомаченичка Злата ексклузивно ги објавуваат ope.gr и новинарот Димитрис Струмпакос.

Како што се гледа и од објавените фотографии, светите мошти на новомаченичката, по научната документација за нивната идентификација, извршена во специјализирани лаборатории во Германија, сега ќе ја красат локалната Црква во Едеса, ќе го осветуваат и благословуваат верниот народ Божји и ќе го поткрепуваат целото Православие.

Светите мошти на Светата биле пронајдени во близина на урнатините на стариот храм „Успение на Пресвета Богородица“, во замокот на селото Хриса.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Руската Православна Црква сè уште не ги признава моштите на последното царско семејство
    октомври 4, 2025
  • Моштите на Свети Георгиј ќе бидат донесени во Романија од Света Гора во април 2026
    февруари 11, 2026
  • Наставничка отфрлила детски цртеж поради „христијанофобија“!
    април 30, 2026

Според научната документација, пронајдените коски припаѓаат на млада жена, на возраст од околу 17 години, а годината на нејзината смрт е утврдена како 1795 година, што се совпаѓа и со податоците од нејзиното житие.

Погледнете ги ексклузивните фотографии што ги обезбеди ope.gr:

Од фотографиите на деловите од светите мошти може да се забележат и трагите од тешките мачења на кои била подложена Светата.

02 9
03 10

„Голем благослов во денови на големи духовни предизвици“

Црквата на 13 октомври ќе го одбележи споменот на Света Злата, која, и покрај страшните мачења од страна на Турците, не се одрекла од Христа и од својата вера.

Годинешното одбележување ќе има посебен карактер, бидејќи на истиот ден ќе биде извршен и преносот на нејзините свети мошти. За тоа митрополитот Едески, Пелски и Алмопијски Јоил го известил свештенството и верниот народ преку посебна енциклика.

„Го славиме Бога за големиот благослов што ни го подари два века по славното и страшно мачеништво на Светата, во денови на големи духовни предизвици и искушенија, и ги повикуваме верните да прибегнат кон нејзините свети молитви и кон благодатта на нејзините свети мошти“, се наведува, меѓу другото, во пораката на митрополитот.

Ope.gr ја обезбеди и енцикликата:

Голема емисија посветена на Света Хриса наскоро на Pemptousia TV

Дигиталната телевизија Pemptousia TV подготвува голема емисија посветена на Света Злата, која ќе биде емитувана неколку дена пред нејзиниот празник.

Станува збор за ексклузивни снимки и сведоштва од патувањето на новинарот Димитрис Струмпакос во април 2024 година во Светата Митрополија Едеска, Пелска и Алмопијска.

За Света Хриса тогаш говореле митрополитот Јоил, протосингелот на Светата Митрополија, архимандритот Максим Хаџис, како и свештеникот кој ги пронашол светите мошти на Светата, отец Константинос Кодзамбујукис.

Единствениот храм посветен на Света Злата се наоѓа во селото Злата во Пела, кое го добило своето име по Светата.

χρυση 12
χρυση 10
χρυση 11

Света Злата била родена во селото Слатена, денешна Злата, во областа Алмопија, во округот Пела. Нејзиниот татко бил сиромашен и имал четири ќерки. Злата била убава и по тело и по душа.

Еден ден, додека заедно со други жени се наоѓала на нивите и собирала дрва, ја грабнал еден Турчин и ја однел во својот дом. Тој се обидел со ласкања да ја натера да го прифати исламот и да стане негова жена.

Хриса, сепак, се спротивставила и храбро одговорила:

„Јас само Христа го познавам за свој Жених, од кого нема да се откажам дури и ако ме распарчите.“

Нејзините родители и роднини, под присила од Турците, ја убедувале да го прифати исламот за да се спаси. Но, храбрата Злата им одговорила:

„За татко го имам мојот Господ Исус Христос, за мајка – Господарката Богородица, а за браќа и сестри ги имам светителите и светителките на нашата Црква.“

Поради нејзината непоколебливост, Турците прибегнале кон страшни мачења. Конечно, на 13 октомври 1795 година, со ножеви го распарчиле нејзиното тело, со што таа достојно го примила венецот на мачеништвото од својот Жених – Христос.

Извор: Orthodoxia News Agency (ope.gr)

ПелаСвета ХрисаСвети мошти
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година во Атонијадската црковна академија (ФОТО)
следна објава
Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи

Можеби ќе ви се допадне и ова

Патријархот московски Кирил ја пречека десната рака на Свети Спиридон – пораката...

август 19, 2026

Наставничка отфрлила детски цртеж поради „христијанофобија“!

април 30, 2026

Солун: Свечено празнување и голема литија во чест на свети Григориј Палама,...

март 9, 2026

Моштите на Свети Георгиј ќе бидат донесени во Романија од Света Гора...

февруари 11, 2026

Руската Православна Црква сè уште не ги признава моштите на последното царско...

октомври 4, 2025

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина

    септември 30, 2026
  • Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување

    септември 29, 2026
  • Света Гора како фактор на религиска дипломатија и стабилност

    септември 29, 2026
  • Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи

    септември 29, 2026
  • ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела

    септември 29, 2026
  • Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година во Атонијадската црковна академија (ФОТО)

    септември 29, 2026
  • Сè помалку деца, сè повеќе починати: Македонија со нов демографски аларм

    септември 28, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (65)
  • Изјави и реакции (132)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (101)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (214)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (101)
  • Свето Предание и Свети Отци (99)
  • Современо општество (160)
  • Теологија и општество (116)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување
Света Гора како фактор на религиска дипломатија и стабилност
Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи
ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела

Популарно оваа недела

ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела
Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година во Атонијадската црковна академија (ФОТО)
Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување
Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА