Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени...
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
Откритија стари 2.000 години во Храмот на Воскресението...
Гетсиманија: Пофални песнопенија на Пресвета Богородица кај Нејзиниот...
петок, септември 4, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
Колумни

Разбивање на митот за новинарската фраза “Византиски игри“

од Црковен Журнал Логос ноември 10, 2025
ноември 10, 2025 0 коментари 36 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
36

Изразот „византиски игри“ не постои во византиските извори. Тој е модерна метафора, составена врз основа на веќе формираното негативно значење на придавката „византиски“. Овој израз ја одразува постзападната перцепција на Византија, а не реалната византиска политичка практика.

Не верувам во среќа, но не знам како да објаснам некои работи поинаку, така што морам да кажам дека на почетокот на кариерата како новинар имав „среќа“ да работам со исклучителни луѓе како уредници, од кои учев веројатно со слушање и набљудување повеќе отколку со класична редакција.

Првиот текст кој ми дадоа задача да го срочам во вест за во вести, некаде 1999 година во Канал 5, беше од англиски – информација за некое истражување на животот на делфините во одредена океанска лабораторија. Се сеќавам, текстот седна да го редактира тогашниот уредник Сашо Мацановски – Трендо, и читајќи го на глас застана кај фразата „настаните течеа како на филмска лента“ и ми се сврте: „Ова сериозно си го ставил овде? Многу се глупи овие изрази, особено за телевизија – ‘времето ќе покаже’, ‘како на филмска лента’ – немој да сум видел уште еднаш да ги ставиш.“ И така беше. Ова беше мојот трет-четврт ден во редакцијата и една од првите лекции.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Разбивање на митот за новинарската фраза “Византиски игри“
    ноември 10, 2025

Би ги спомнал наредните уредници кои речиси без исклучок влијаеја позитивно на мојата кариера баш во оваа насока – со малце да добиеш многу. После Трендо следуваа Јадранка Костова, Роберт Поповски и Искра Новаковска – тројцата за ТВ новинарството. Во 2001 започнав и како хонорарен сорабтник во МАКФАКС; а Ристо Поповски, основачот беше клучен во разбивање на концептот „агенциска вест“. И на крај, во однос на пишувањето, веројатно клучното влијание дојде од Зоран Бојаровски како уредник во тогашниот „Форум“, каде што објавив една серија текстови. Иако не беше уредник во информативна, се сеќавам дека во редакција тие кои сакавме, учевме и од Владо Антонов (стариот), кој знаеше филигрански мајсторски да напише текст. Никогаш не ми биле уредници, но подоцна соработував и со Бранко Героски и Герман Филков на проектот наречен „Едногодишна школа за новинарство“ на МИМ, и имам искуства кои се вредни за паметење.

Да не должам со новинарските сеќавања – сепак, темата на колумнава е разбивање на митот на клише изрази или на новинарските повторувачки фразеологии, како што најавува насловот.

„Византиски игри“ денес се користи за да означи сложени политички маневри и прикриени стратегии и го користат новинарите кај нас веројатно премногу често и во некои ситуации бесмислено. Изразот не е баш обична метафора, но сепак станал лингвистички стереотип, одомаќинет. Веројатно за уште некоја година од тоа што пречесто се употребува, ќе изгуби целосно значење.

Историјата укажува дека во Византија, односно во економскиот и политичкиот центар на империјата – Константинопол, постоела високо развиена бирократија со сложена дипломатија, карактеристични форми на судска и административна организираност, дворски интриги, советништво и, се разбира, политика и политички компромиси. Но, според историските записи од тој период, ова било дел од нормална политичка динамика и немало негативен контекст. Особено не бил познат терминот „византиски игри“.

Негативното значење, во одредена форма, се одомаќинува во Франција во 19 век, каде што придавката „византиски“ се толкува како критика на непродуктивна интелектуална активност. А славна ја прави веројатно Луј Пастер, кој тогашните медицински научни расправи ги нарекувал „дискусии од византиски тип“. Стереотипот го утврдува преку влегување во употреба на англискиот јазик дури во 1937 година, писателот Артур Кестлер во неговата книга „Шпански тестамент“ каде што употребува фраза „византиска структура“, која означува комплициран и нефункционален систем поради прекумерна организациска сложеност.

И сега да сме јасни: изразот „византиски игри“ не постои во византиските извори. Тој е модерна метафора, составена врз основа на веќе формираното негативно значење на придавката „византиски“. Овој израз ја одразува постзападната перцепција на Византија, а не реалната византиска политичка практика.

Во последните три децении, академската византологија и компаративната политичка историја го реоткриваат византискиот модел во сосема поинакво значење – и, тоа сосема спротивно како: дипломатски супериорен, правно стабилен, културно продуктивен и административно иновативен.

Тоа што некогаш било осудено како „интригантно“, денешната историја го разгледува како префинета форма на државност во услови на постојан геополитички притисок.

Изразот „византиски игри“ не е историски опис, туку културно наследство на западноевропска интерпретација. Современото користење на изразот е погрешно гледиште на европската историска идеологија, отколку на реалната византиска политичка култура.

Така што, драги колеги, ова – „византиски игри“ убаво е да го исфрлите од спектарот на фрази бидејќи не е точна.

Автор: Миле Бошњаковски

Извор: https://racin.mk

Византиски игриМиле Бошњаковски
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Литија со илјадници верници за Свети Нектариј Егински 2025
следна објава
Архиепископот на Албанија: „Верата е силата што ја исцелува душата и го обновува животот во нас“

Можеби ќе ви се допадне и ова

Разбивање на митот за новинарската фраза “Византиски игри“

ноември 10, 2025

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“

    септември 4, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026
  • По што се разликува покајанието од самојадењето?

    август 31, 2026
  • Прекин на струја сопре концерт и тепачка во Пештани – слика од празнувањата на Голема Богородица

    август 29, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (61)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (201)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (107)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

Популарно оваа недела

Предавството во и на црквата
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА