Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Србија и Црквата на Србија ја признаваат големата...
Вселенскиот патријарх ги повика четирите отсутни Цркви да...
Задушница пред Педесетница 2026: „Душите го чекаат овој...
Алексис Ципрас и Црквата: Реакции и загриженост за...
Од најсиромашниот крај на светот – Патријархот Александриски...
Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието
Македонската делегација со молебен на гробот на свети...
Кица Колбе: Делото на Светите Кирил и Методиј...
Одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во...
Јордан отвори Меѓународен православен универзитет на местото на...
среда, јуни 3, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
Колумни

Разбивање на митот за новинарската фраза “Византиски игри“

од Црковен Журнал Логос ноември 10, 2025
ноември 10, 2025 0 коментари 33 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
33

Изразот „византиски игри“ не постои во византиските извори. Тој е модерна метафора, составена врз основа на веќе формираното негативно значење на придавката „византиски“. Овој израз ја одразува постзападната перцепција на Византија, а не реалната византиска политичка практика.

Не верувам во среќа, но не знам како да објаснам некои работи поинаку, така што морам да кажам дека на почетокот на кариерата како новинар имав „среќа“ да работам со исклучителни луѓе како уредници, од кои учев веројатно со слушање и набљудување повеќе отколку со класична редакција.

Првиот текст кој ми дадоа задача да го срочам во вест за во вести, некаде 1999 година во Канал 5, беше од англиски – информација за некое истражување на животот на делфините во одредена океанска лабораторија. Се сеќавам, текстот седна да го редактира тогашниот уредник Сашо Мацановски – Трендо, и читајќи го на глас застана кај фразата „настаните течеа како на филмска лента“ и ми се сврте: „Ова сериозно си го ставил овде? Многу се глупи овие изрази, особено за телевизија – ‘времето ќе покаже’, ‘како на филмска лента’ – немој да сум видел уште еднаш да ги ставиш.“ И така беше. Ова беше мојот трет-четврт ден во редакцијата и една од првите лекции.

Би ги спомнал наредните уредници кои речиси без исклучок влијаеја позитивно на мојата кариера баш во оваа насока – со малце да добиеш многу. После Трендо следуваа Јадранка Костова, Роберт Поповски и Искра Новаковска – тројцата за ТВ новинарството. Во 2001 започнав и како хонорарен сорабтник во МАКФАКС; а Ристо Поповски, основачот беше клучен во разбивање на концептот „агенциска вест“. И на крај, во однос на пишувањето, веројатно клучното влијание дојде од Зоран Бојаровски како уредник во тогашниот „Форум“, каде што објавив една серија текстови. Иако не беше уредник во информативна, се сеќавам дека во редакција тие кои сакавме, учевме и од Владо Антонов (стариот), кој знаеше филигрански мајсторски да напише текст. Никогаш не ми биле уредници, но подоцна соработував и со Бранко Героски и Герман Филков на проектот наречен „Едногодишна школа за новинарство“ на МИМ, и имам искуства кои се вредни за паметење.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Нов напад на московскиот патријарх Кирил кон Вселенската патријаршија – овој пат во присуство на Лавров
    април 24, 2026
  • Меѓу духовната мисија и државната политика: современи предизвици пред Руската православна црква
    април 19, 2026
  • Архиепископот на Албанија: Византија го обликуваше духовниот и културен идентитет на нашиот народ
    декември 5, 2025

Да не должам со новинарските сеќавања – сепак, темата на колумнава е разбивање на митот на клише изрази или на новинарските повторувачки фразеологии, како што најавува насловот.

„Византиски игри“ денес се користи за да означи сложени политички маневри и прикриени стратегии и го користат новинарите кај нас веројатно премногу често и во некои ситуации бесмислено. Изразот не е баш обична метафора, но сепак станал лингвистички стереотип, одомаќинет. Веројатно за уште некоја година од тоа што пречесто се употребува, ќе изгуби целосно значење.

Историјата укажува дека во Византија, односно во економскиот и политичкиот центар на империјата – Константинопол, постоела високо развиена бирократија со сложена дипломатија, карактеристични форми на судска и административна организираност, дворски интриги, советништво и, се разбира, политика и политички компромиси. Но, според историските записи од тој период, ова било дел од нормална политичка динамика и немало негативен контекст. Особено не бил познат терминот „византиски игри“.

Негативното значење, во одредена форма, се одомаќинува во Франција во 19 век, каде што придавката „византиски“ се толкува како критика на непродуктивна интелектуална активност. А славна ја прави веројатно Луј Пастер, кој тогашните медицински научни расправи ги нарекувал „дискусии од византиски тип“. Стереотипот го утврдува преку влегување во употреба на англискиот јазик дури во 1937 година, писателот Артур Кестлер во неговата книга „Шпански тестамент“ каде што употребува фраза „византиска структура“, која означува комплициран и нефункционален систем поради прекумерна организациска сложеност.

И сега да сме јасни: изразот „византиски игри“ не постои во византиските извори. Тој е модерна метафора, составена врз основа на веќе формираното негативно значење на придавката „византиски“. Овој израз ја одразува постзападната перцепција на Византија, а не реалната византиска политичка практика.

Во последните три децении, академската византологија и компаративната политичка историја го реоткриваат византискиот модел во сосема поинакво значење – и, тоа сосема спротивно како: дипломатски супериорен, правно стабилен, културно продуктивен и административно иновативен.

Тоа што некогаш било осудено како „интригантно“, денешната историја го разгледува како префинета форма на државност во услови на постојан геополитички притисок.

Изразот „византиски игри“ не е историски опис, туку културно наследство на западноевропска интерпретација. Современото користење на изразот е погрешно гледиште на европската историска идеологија, отколку на реалната византиска политичка култура.

Така што, драги колеги, ова – „византиски игри“ убаво е да го исфрлите од спектарот на фрази бидејќи не е точна.

Автор: Миле Бошњаковски

Извор: https://racin.mk

ВизантијаВизантиски игриПолитика
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Архиепископот на Албанија: „Верата е силата што ја исцелува душата и го обновува животот во нас“
следна објава
Московската патријаршија започнува битка против нео-паганизмот во Русија

Можеби ќе ви се допадне и ова

Наводно, институции под Џо Бајден ги притискале христијаните со конзервативни ставови

мај 9, 2026

Како беше зачувана „Душата на Византија“ во венецијанската Библиотека Маркијана (Св. Марко)...

мај 3, 2026

Присуството на МПЦ-ОА на руски црковен јубилеј во Германија: порака кон Европа?

мај 2, 2026

Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

мај 1, 2026

„Ересите на Патријарх Кирил“ – Нова книга ги разгледува контроверзите околу Московската...

април 30, 2026

Американски сенатски кандидат најави закон за забрана на увоз од Турција додека...

април 29, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026
  • 100-те зборови што ја открија бездната

    март 4, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Србија и Црквата на Србија ја признаваат големата духовна улога на Ватопедската обител

    јуни 3, 2026
  • Вселенскиот патријарх ги повика четирите отсутни Цркви да ги усвојат одлуките од Соборот на Крит

    јуни 2, 2026
  • Задушница пред Педесетница 2026: „Душите го чекаат овој ден“ – Што велат светогорски старци и јеромонаси од Ерусалим

    мај 29, 2026
  • Алексис Ципрас и Црквата: Реакции и загриженост за ЕЛАС – Повторно во фокусот Преспанскиот договор

    мај 29, 2026
  • Од најсиромашниот крај на светот – Патријархот Александриски донесе светлина и надеж во Кенија

    мај 29, 2026
  • Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието

    мај 29, 2026
  • Македонската делегација со молебен на гробот на свети Кирил во Рим

    мај 28, 2026

Категории

  • Uncategorized (5)
  • АНАЛИЗИ (40)
  • БОГОСЛОВИЕ (1)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (43)
  • Изјави и реакции (118)
  • Изјави и соопштенија (30)
  • Интервјуа (7)
  • Колумни (43)
  • Култура (23)
  • Литургија и црковен живот (57)
  • Меѓуправославни односи (68)
  • Меѓурелигиски односи (26)
  • Настани (129)
  • Новости (160)
  • ОПШТЕСТВО (2)
  • Основи на верата (9)
  • Поглед на Исток (46)
  • Поучни текстови (49)
  • Света Гора (75)
  • Свето Предание и Свети Отци (71)
  • Современо општество (132)
  • Теологија и општество (85)
  • Фото (9)
  • Христијанство и Запад (26)
  • Црковна историја и Собори (15)
  • Црковни закони и канони (3)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Божик Велигден Велик пост Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Израел Македонија Митрополит Епифаниј Московска Патријашија Московски патријарх Кирил Папата Лав XIV Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Скопје Солун Србија Украина Христијани Христијанство Цариград Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Србија и Црквата на Србија ја признаваат големата духовна улога на Ватопедската обител
Вселенскиот патријарх ги повика четирите отсутни Цркви да ги усвојат одлуките од Соборот на Крит
Задушница пред Педесетница 2026: „Душите го чекаат овој ден“ – Што велат светогорски старци и јеромонаси од Ерусалим
Алексис Ципрас и Црквата: Реакции и загриженост за ЕЛАС – Повторно во фокусот Преспанскиот договор
Од најсиромашниот крај на светот – Патријархот Александриски донесе светлина и надеж во Кенија

Популарно оваа недела

Вселенскиот патријарх ги повика четирите отсутни Цркви да ги усвојат одлуките од Соборот на Крит
Србија и Црквата на Србија ја признаваат големата духовна улога на Ватопедската обител
Свети Пајсиј и Светите Старци: Како се лекуваат кавгите во семејството – За гневот, егоизмот и мирот во домот
Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието
Задушница пред Педесетница 2026: „Душите го чекаат овој ден“ – Што велат светогорски старци и јеромонаси од Ерусалим

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА