Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под...
Дете со искршени заби по напад од група...
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари:...
Извршен помен на Тоше Проески од страна на...
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од...
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви,...
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска...
вторник, октомври 20, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна РЕЛИГИЈАСвета Гора
Света Гора

Подвижничките монашки пештери на Света Гора Атонска (Фото)

од Црковен Журнал Логос февруари 6, 2026
февруари 6, 2026 0 коментари 129 прегледи 15 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
129

Пештерата на преподобниот Атанасиј Атонски

Во најјужниот дел од пустинскиот предел Вигла и во областа на Големата Лавра, во близина на Романскиот Скит посветен на Свети Јован Претеча, се наоѓа пештерата на преподобниот Атанасиј Атонски.

Во житието на преподобниот Атанасиј Светогорец, чиј спомен се празнува на 5 јули, се наведува дека Светиот често, а особено во периодот од Чист Понеделник до Лазарова Сабота, се повлекувал во оваа пештера. Друг историски извор сведочи дека Светиот се повлекувал таму и во текот на летните месеци. Во ова место тој се предавал на строг пост и непрестајна молитва, принесувајќи особено молитви за своето духовно стадо, молејќи го Бога да ги укрепи монасите во борбата против гревот и демонските искушенија.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Слободата како заедничка христијанска вредност – монахиња Васа Ларина на конференција во Кембриџ
    декември 9, 2025
  • Украинскиот митрополит на Света Гора ги посети манастирите Ксенофонт, Ставроникита и Симонопетра
    октомври 12, 2025
  • Никитас Цакиролу откри уникатни моменти од филмот „Свети Пајсиј“
    февруари 5, 2026

Невозможно е во целост да се опишат неговите подвизи и духовни борби против невидливите непријатели на христијаните, па дури и на монасите. Цели демонски сили го напаѓале, но Светиот ги победувал и ги оттурнувал со силна молитва и пресвет пост.

Секоја година, во Саботата на Акатистот, во пештерата се служи сеноќно бдение и Божествена Литургија од монасите на Големата Лавра, Романскиот Скит, Вигла и од други светогорски братства.

Треба да се напомене дека надвор од пештерата се изградени пустиножителски ќелии, додека во нејзината внатрешност постојат два параклиси: едниот посветен на Пресвета Богородица „Акатистна“, а другиот на преподобниот Атанасиј.

Во минатото, во одредени периоди, во оваа пештера се подвизувале бројни подвижници на побожноста – духовници, аскети, пустиножители, паднати монаси и други. Меѓу поновите подвижници што се подвизувале во оваа пештера, најпознат бил духовникот отец Харитон, кој дошол од Синајската Гора, наречена „Гората Арависка“.

Сите жители на пештерата биле пустиножители и припаѓале под духовната и канонската јурисдикција на Големата Лавра на преподобниот Атанасиј. Затоа имале право да ја примаат својата издршка од оваа Света Обител. За да се влезе во пештерата, потребно е да се слезе по повеќе од сто изградени камени скалила.

Преподобниот Атанасиј живеел на Света Гора во втората половина на десеттиот век.

20230331 Dji 0323
20230331 Zv102171
20230331 Zv102176

Пештерата на преподобниот Петар Атонски

Локацијата на пештерата на преподобниот Петар денес е непозната. Таа постоела како поклоничко место сè до крајот на деветнаесеттиот век. Подоцна, поради тоа што во пештерата почнале да престојуваат монаси кои не биле духовно спремни за таков подвиг и кои, на крајот, завршувале со тешки душевни растројства, Обителта на Големата Лавра била принудена да ја затвори и заѕида пештерата.

Во минатото, во пештерата престојувал еден силен исихаст, бидејќи таму постоел мал храм и монашка колиба, како што сведочи есфигменскиот монах Герасим Смирнакис во својата книга „Историја на Света Гора“ од 1904 година.

Во близина на пештерата се наоѓа монашката Колиба на преподобниот Петар, во која живеат двајца монаси – старец и негов послушник. Тие водат вистински пустиножителски живот, далеку од бучавите и искушенијата на светот, пребивајќи во најслатка заедница со Бога и живеејќи во тивката пустина, очекувајќи го крајот на својот земен живот, за да преминат од привременото кон вечното и од пустината кон вечната заедница на ангелите.

Старецот на Колибата раскажувал – кога бил запрашан за пештерата – дека таа се наоѓала во тој предел, веројатно под олтарниот дел на црквата. Кога пештерата постоела како поклонничко место, доаѓале руски пустиножители да се подвизуваат, но поради влагата на пештерата, или поради демонски искушенија – нешто што само Бог знае – подвизувачите се упокојувале. Поклониците што доаѓале наоѓале безживотни тела. Поради тоа Големата Лавра била принудена да ја затвори пештерата.

Преподобниот Петар живеел на Света Гора и се упокоил во 861 година. Според некои извори, се наведува и 681 година, но поверодостојно е дека се упокоил во 861 година, односно во деветтиот век.

Неговиот спомен се празнува на 12 јуни.

Пештерата на преподобниот Акакиј во Кавсокаливија

Во ова „скриено и оддалечено место“ се преселил преподобниот Акакиј и побарал живеалиште во една мала пештера, која до денес го носи неговото име. На тоа место одлучил да ја изгради својата колиба и таму да го својот подвижнички живот, измачувајќи и изнурнувајќи го телото со глад и жед, со трудови и маки, во студ и голотија, како и во безброј други страдања.

Пештерата, која со текот на времето станала средиште на духовно зрачење, господари над целиот Скит и зазема исклучителна положба, од која се гледа величествениот и возвишен врв на Атос, како и блескавото и бескрајно Егејско Море. Влезот во пештерата е тесен. Таа има должина од пет метри, а нејзината внатрешност е попространа, со димензии 2 × 3 метри. Таму сè уште се зачувани постелата на Светиот, направена од стебла на мали дрвја, како и неговата работилница. Повеќе од двеста години како светиња се чувала неговата бела наметка (лијара), која ја донел од родниот дом и која му била единствена постела и покривка во текот на целиот живот.

Надвор од малиот храм на параклисот на свети Јован Богослов во Кавсокаливија, и денес постои камена ќелија што Светиот ја изградил со свои раце, како место за краток одмор на многубројните посетители, додека самиот секогаш престојувал во пештерата.

Според преданието, во оваа пештера многу порано престојувал преподобниот Максим Кавсокаливит. Поради тоа, Скитот што подоцна се формирал во овој предел бил наречен „Скит на Кавсокаливите“, а подоцна и „Кавсокаливија“. Биографите на преподобниот Максим не го спомнуваат ова именување, но јеромонах Јона го наведува во житието на Акакиј, повикувајќи се на предание што се зачувало живо околу седумстотини години.

Во текот на еден краток период преподобниот Акакиј живеел сам во пештерата, имајќи надеж само во Бога и единствена дружба со еден „крилест ангел-утешител“. Самиот Свети раскажувал дека секое утро се појавувало една прекраснопејна птица, слично на гугутка, која застанувала на дрвото „арион“ пред пештерата и пеело чудесна мелодија. Кога ја слушал, секоја тага исчезнувала, а неговото срце се исполнувало со духовна радост и веселба.

Тој никогаш не видел толку убава птица и никогаш не слушнал толку мелодично пеење. Тоа било вистинска радост и Божја посета за Светиот. Птицата, сепак, засекогаш исчезнала кога околу пештерата почнале да се населуваат и други монаси.

391558 03

Пештерата на преподобниот Нил Мироточивиот

На патот од Големата Лавра кон Кавсокаливија, лево од патеката по месноста „Пердики“, се наоѓа ќелијата на преподобниот Нил. Малку подолу се наоѓа познатата пештера на Светиот, каде што се подвизувал и таму достигнал духовно совршенство. Пештерата се нарекува и „Пештера на Светиот Камен на Богородица“.

До пештерата води спирално скалило со 118 степеници, по кое слегуваат поклониците. Од десната страна на пештерата се наоѓа мала црква посветена на Светиот, а зад неа е и неговиот гроб. Од гробот започнува мал сув поток што стигнува до морето. Црквата била изградена во 1812 година од монаси од Кавсокаливија кои биле исцелени по молитвите на Светиот. Во горниот дел од пештерата се зачувани траги и остатоци од ќелии направени од дрво и гипс, во кои некогаш престојувале руски монаси, особено во времето на големиот прилив на руски монаси на Света Гора, кон крајот на деветнаесеттиот век.

Се раскажува дека во текот на седумнаесеттиот век од гробот на Светиот истекувало миро што стигнувало до морето, каде што доаѓале бродови за да земат од него, при што се случувале и многу чуда.

Постои и следното предание: во времето кога мирото истекувало од гробот на преподобниот Нил и стигнувало до морето, христијаните доаѓале и земале од него за благослов и осветување, како и за исцелување од различни болести. Но, на местото каде што го земале светото миро, по демонско дејство се случувале караници и тепачки. Ова се случувало во времето на преподобниот Акакиј Кавсокаливит. Кога Светиот дознал за тие тажни настани, се помолил на преподобниот Нил да престане истекувањето на мирото, за да престанат и расправиите и немирите. Така и се случило: од тогаш престанало истекувањето на мирото, а со тоа престанале и немилите случки.

Преподобниот Нил се подвизувал во оваа пештера од 1601 до 1651 година. Неговиот спомен се празнува на 12 ноември, а особено свечено на 7 мај, кога било извршено пренесувањето на неговите чесни мошти.

Ce9dceb5ceafcebbcebfcf82 Cebf Ce9ccf85cf81cebfceb2cebbceaecf84ceb7cf82 12 Ce9dcebfceb5cebcceb2cf81ceafcebfcf85 Nilus The Myrrhgusher D09dd0b8d0bb D09cd0b8d180d0bed182d0bed187d0b8cc81d0b2 5

Пештерата на преподобните Дионисиј Ритор и Митрофан Духовник

Под исихастирионот на братството на блаженоупокоениот старец Герасим, химнограф на Великата Христова Црква, во Мала Света Ана, се наоѓа пештерата во која се подвизувале и се упокоиле преподобните Дионисиј Ритор и Митрофан Духовник. Тие претходно се подвизувале и замонашиле во манастирот на Чесниот Претеча, наречен „Студиј“. Подоцна дошле на Света Гора во шеснаесеттиот век и, откако ја обиколиле Света Гора Атонска, се населиле во пустинскиот предел на денешната Мала Света Ана. Откако ја пронашле оваа пештера, останале таму да борат против телесните страсти и против невидливиот духовен непријател.

Преподобниот Дионисиј оставил повеќе подвижнички списи за монашкиот живот, во кои поучувал како треба да живеат монасите, како и други душеполезни поуки за монаштвото и аскетизмот. Тие се зачувани во ракописната книга наречена „Куварас“, која се чува во Скитот на Света Ана.

Преподобниот Митрофан, пак, понекогаш ја напуштал Света Гора и ги исповедал и поучувал христијаните во Халкидики. Тој исто така оставил писмено сведоштво за едно видение што го имал еден нажален христијанин во Халкидики.

И двајцата се упокоиле на ова место, но нивните гробови не се сочувани. Нивниот спомен се празнува на 9 јули. Со трудот на блаженоупокоениот старец Герасим Химнографот на Великата Христова Црква, во последните години била изградена прекрасна црквичка во самата пештера, во чест на овие преподобни отци.

Dtfussu5h8
Fkhtzoaw3c
Wjsc4hh0yq

Пештерата на Горна Катунaкија

(Пештерата на старец Ефрем Куталас)

Оваа пештера најверојатно била прибежиште на подвижници во минатите векови. Во поново време во неа живеел сиромашниот пустиножител старец Ефрем Куталас, кој според некои бил нарекуван и „Талајпорос“ или „Талас“.

Старец Ефрем бил крајно сиромашен подвижник. Живеел во оваа пештера во пределот на Горна Катунaкија, а во помладите години се занимавал со изработка на дрвени лажици, некогаш нарекувани „кохлиарија“. Пештерата во која живеел и денес може да се види лево од патеката што води од Катунaкија кон Керасија. Од далечина се забележува дека некогаш била погодна за живеење, бидејќи едната нејзина страна е заѕидана со камења.

Блажениот старец Ефрем ја направил самата пештера свое живеалиште и престојувал во неа. Меѓутоа, поради зимскиот студ и влагата, во последните години од животот бил принуден да ја напушти пештерата, бидејќи повеќе немало услови за престојување во неа, за малку погоре од истата да изгради скромна камена колиба.

Во последните години повеќе не се занимавал со рачна работа, туку живеел со помош од околните монаси и пустиножители кои биле нешто поимотни. Понекогаш собирал полжави и ги носел кај монасите Даниилејци, кај старец Гeронтиј, кој го наградувал за трудот, така што на тој начин ги покривал своите најосновни потреби, живеејќи многу скромно и сиромашно.

Chatgpt Image Feb 6 2026 03 15 50 Pm

Привремена вештачка пештера близу Манастирот Ивирон

Старецот монах Мелетиј Сикеот раскажувал дека, кога бил помлад монах, во месност близу Ќелијата „Свети Харалампиј“ на манастирот Ивирон, која се наоѓа над манастирот кон Кареја, сретнал подвижничко живеалиште ископано во земја, слично на пештера. Таму, според неговото сведоштво, имало слама што непознатиот подвижник ја користел како постела, како и една конзерва што ја користел за пиење вода.

Кога непознатиот подвижник сфатил дека неговото прибежиште било откриено, го напуштил и заминал, а не е познато каде го завршил својот земен живот.

Други непристапни и непознати пештери на Света Гора

Во пределот на Мала Света Ана постои пештера што се нарекувала пештерата на Павле, стар руски пустиножител. Подоцна таа пештера била пронајдена од старец Јосиф Исихаст, кој заедно со своето братство изградил мало црквиче посветено на Чесниот Претеча, како и неколку мали ќелии.

Освен двете заѕидани и денес непознати пештери – на преподобниот Петар и на таканаречените „Афорисани“ – постои и трета заѕидана и непозната пештера во близина на пештерата на преподобниот Нил Мироточивиот. Еднаш, во сон, на еден романски старец по име Герасим, кој живеел некаде меѓу Кавсокаливија и Вигла, му се јавиле тројца старци и му рекле дека нивните мошти се наоѓаат таму, при што тој почувствувал неискажлива благуханост. Подоцна, минувајќи низ тој предел, повторно почувствувал силно благоухание. На крај забележал ѕид и, кога почнал да ги вади камењата, открил дека зад него има пештера од која силно се ширела благомирисна миризба. Но, неговиот обид бил прекинат од таинствен глас што му рекол: „Ние сме тројца пустиножители и сме погребани тука. Не сакаме никој да нè вознемирува“.

Старецот, натажен, повторно ја затворил пештерата, а за тоа место знаел само неговиот послушник, монах Иларион. Старецот Герасим се упокоил во 1820 година.

Во границите на манастирот Ставроникита постои пештера со агијазма на Чесниот Претеча, над која се наоѓа икона на Свети Јован Претеча.

Во приморскиот предел на Скитот на Света Ана постои „ксерокаливон“ (сува ќелија), под кое има мала пештера што се користи како дрварница од страна на жителот на таа ќелија. Според преданието, пред да се изгради таа ќелија, пештерата била живеалиште на непознат нестјажателен подвижник.

Приближно на средината од патеката што води од Скитот на Света Ана кон пустината на Мала Света Ана, постои пештера покрај патеката во која е поставена икона на Пресвета Богородица. Според преданието, еден маг, кој се покајал и се исповедал кај блажениот старец попа-Сава во Мала Света Ана, решил да ја изгори книгата на магиската уметност што ја носел со себе. Кога ја нашол пештерата, ја изгорел својата „Соломоника“ во неа. Потоа демоните, разгневени, почнале да го каменуваат, сè додека не се засолнил кај старецот попа-Сава. По неговото заминување, демоните продолжиле да ги вознемируваат минувачите. Тогаш монасите што живееле во тој предел, по совет на попа-Сава, ја поставиле иконата на Пресвета Богородица во пештерата, по што престанале демонските вознемирувања.

  • Ксерокаливон – монашка ќелија без храм.

Пештерата на преподобниот Јован Кукузел

Јужно од Големата Лавра, во близина на Кaтисмата на Светите Бесребреници Козма и Дамјан, се наоѓа пештерата на преподобниот Јован Кукузел. Во оваа пештера се подвизувал Светиот, најверојатно пред да ја изгради Кaтисмата на Светите Архангели. Гробот на Преподобниот се наоѓа во близина на споменатата Кaтисма на Светите Архангели. Пештерата е речиси подземна и не е многу пространа. Споменот на преподобниот Јован Кукузел се празнува на 1 октомври. Тој живеел во времето на династијата Комнини, односно во единаесеттиот и дванаесеттиот век.

Пештерата на преподобниот Нифон Дионисијат

Западно од Скитот на Кавсокаливија се наоѓа пештерата на преподобниот Нифон. Во неа Светиот престојувал подолг период заедно со својот послушник. Тој се подвизувал и на други места, како и во катисмите на Големата Лавра. Неговиот спомен се празнува на 14 јуни.

Во оваа пештера во подоцнежните времиња се подвизувале и други монаси, водејќи духовна борба против бесплотните и завидливи демони. Меѓу нив бил и блажениот старец Неофит, кој бил духовен отец и восприемник при монашкиот постриг на постникот монах Хаџи-Георги. Во поново време, за краток период, во пештерата се подвизувал и монах по име Герасим од Скитот на Кавсокаливија.

Преподобниот Нифон живеел и се упокоил во четиринаесеттиот век, околу 1330 година.

Img B7fcd3374c512843e4a4abadf04fb29d V

Пештерата на преподобниот Козма Зографит

На едно карпесто место, на значително растојание од манастирот Зограф, десно од патеката што води кон манастирот Хиландар, се наоѓа пештерата на преподобниот Козма Зографит. По Божествено откровение, Светиот се повлекол во оваа пештера и таму се подвизувал во осаменост до своето упокојување. Во близина на пештерата се гледаат остатоци од стари подвижнички живеалишта, што сведочи дека во различни периоди таму се подвизувале и монаси од манастирот Зограф. Ова подвижничко место се смета и за Кaтисма на манастирот Зограф.

Преподобниот Козма се упокоил во Господа во 1323 година. Неговиот спомен се празнува на 22 септември.

315098 01
267289 01
267291 03
22 3

Пештерите на преподобниот Гаврил Ивирски

Според преданието, преподобниот Гаврил имал две пештери – една летна и една зимска. Зимската пештера се наоѓа пониско, југозападно од манастирот Ивирон, кон манастирот Каракал. Во неа Светиот престојувал во текот на зимските месеци, кога времето било студено и честопати снежно, бидејќи се наоѓала поблиску до морето, каде што студот бил поблаг.

Другата пештера, летната, која може да се види од пределот на манастирот Ивирон, се наоѓа високо на планинскиот венец, на стрмен карпест дел, опкружен со костенови шуми. Таа пештера се наоѓа западно од манастирот Ивирон и господари над Ивирскиот Скит на Чесниот Претеча. Во неа постои мал храм што во поново време бил обновен од побожниот монах Максим Ивирит.

Споменот на преподобниот Гаврил се празнува на 13 мај. Преподобниот Гаврил ја извадил од морето чудотворната икона на Пресвета Богородица Портаитиса во 1004 година. Се упокоил во Господа во почетокот на единаесеттиот век.

Пештерата на преподобниот Павле Ксиропотамски

Оваа пештера се наоѓа малку погоре од истоимениот манастир Свети Павле. Во неа престојувал Светиот пред околу него да се соберат монаси кои му се потчиниле како на духовен отец и советник. Подоцна бил изграден манастирот Свети Павле, кој постои и до денес.

Во еден дел од пештерата извира мал извор вода од карпата, од кој, најверојатно, пиел и самиот Светител. Неговиот спомен се празнува на 28 јули. Преподобниот Павле живеел во деветтиот век, во времето на византискиот цар Рангаве.

Пештерата на светиот свештеномаченик Никодим

Оваа пештера исто така се наоѓа во Скитот на Света Ана. Во неа се подвизувал младиот свештеномаченик Никодим. Тој бил замонашен во Каливата на Вознесението, а трите години подвижнички живот што ги поминал на Света Гора пред своето мачеништво ги минал во строг пост и искрено покајание, секојдневно плачејќи поради својот грев на отстапување од верата.

Тој речиси секојдневно се повлекувал во оваа пештера, каде што, затворен во молитва, постејќи и молејќи се со солзи, се подготвувал за мачеништво. Треба да се напомене дека пред да се покае и да дојде на Света Гора, тој се одрекол од Христос и примил исламско обрезание. Се смета дека токму во оваа пештера го видел Господ Исус Христос во видение, Кој го укрепил и му ги открил страдањата што требало да ги претрпи, како и местото на неговото мачеништво.

На крај бил мачен во Елбасан во Албанија во 1722 година. Неговиот спомен се празнува на 11 јули.

0

Пештерата на преподобниот Дионисиј

Во Ќелијата „Света Троица“ на светата обител Филотеј постои вештачка пештера, необична по својата градба, во која, според преданието, се подвизувал преподобниот Дионисиј, кој потекнувал од Платанеја, Фанарио, Трикала. Таму се подвизувал во 1515 година. Подоцна Светиот се подвизувал и на планината Олимп во Тесалија. Пештерата се наоѓа надвор од споменатата ќелија и околу неа растат костенови дрвја. Неговиот спомен се празнува на 24 јануари. Тој живеел кон крајот на петнаесеттиот и почетокот на шеснаесеттиот век.

Пештерата на преподобниот Дионисиј – основачот на истоимениот манастир

На значително растојание над манастирот Дионисиј се наоѓа пештерата во која, според преданието, се подвизувал преподобниот Дионисиј, основачот на тој манастир, пред да го изгради манастирот на Чесниот Претеча што го носи неговото име. Во близина се подвизувал и неговиот соподвижник, преподобниот Домециј. Нивниот спомен се празнува на 25 јуни.

Пештерата на светиот маченик Давид

Оваа пештера се наоѓа во Скитот на Богопрославената Света Ана. Светиот маченик Давид кратко време престојувал таму, подготвувајќи се за мачеништво. Најнапред се одрекол од Христос и преминал во ислам, но подоцна се покајал и затоа дошол на Света Гора за да се искупи преку подвиг и покајание.

На крај бил обесен како маченик во Солун во 1813 година. Неговиот спомен се празнува на 26 јуни.

АтосМонасиМонашка републикаПештерски келииПодвижнициСвета Гора
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Никитас Цакиролу откри уникатни моменти од филмот „Свети Пајсиј“
следна објава
Архиепископот на Албанија во посета на САД по покана на Архиепископот Елпидофор

Можеби ќе ви се допадне и ова

Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)

октомври 14, 2026

По патеките на Света Гора

октомври 6, 2026

Света Софија – подвижничката од Клисура

октомври 2, 2026

Бигорски доби тројца нови монаси, прославен патронот на манастирот

септември 13, 2026

1.063 години Света Гора – повеќе од еден милениум непрекинат монашки живот...

септември 9, 2026

Девет дена пожар во Коница – монасите на првата линија во борбата...

септември 9, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство

    октомври 20, 2026
  • Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги

    октомври 19, 2026
  • Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

    октомври 18, 2026
  • Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

    октомври 18, 2026
  • Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија

    октомври 18, 2026
  • Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

    октомври 17, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (59)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (108)
  • Свето Предание и Свети Отци (107)
  • Современо општество (173)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА