Неговото Блаженство, Српскиот патријарх г. Порфириј доброволно даруваше крв во Парохискиот дом на Храмот Свети Сава на Врачар, во рамките на акцијата за доброволно дарување крв што ја организираат Црвениот крст на Србија и Институтот за трансфузија на крв.
Патријархот Порфириј, кој ја поддржа оваа човекољубива акција во Храмот Свети Сава на Врачар, имаше поддршка и од голем број граѓани на Белград, кои се приклучија во Храмот Свети Јован Владимир во населбата Медаковиќ, Храмот Свети Симеон Мироточив на Нов Белград, Храмот Свети Марко на Ташмајдан, Храмот Света Петка на Чукарица и Храмот Свети Александар Невски на Дорќол.
Извор: Архиепископија ТВ