Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
Откритија стари 2.000 години во Храмот на Воскресението...
Гетсиманија: Пофални песнопенија на Пресвета Богородица кај Нејзиниот...
Филипче во Лешок пред „Голема Богородица“ – на...
Премиерот Мицкоски во традиционална посета на манастирот „Св....
среда, септември 2, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИИнтервјуа
Интервјуа

Интервју на Соња Лозановска, уредник на весникот “Македонија“ од Торонто, Канада, со Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва

од Црковен Журнал Логос септември 3, 2025
септември 3, 2025 0 коментари 42 прегледи 6 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
42

МАКЕДОНЦИ, ОСТАНЕТЕ ДОБРИ ЧЕДА НА МАЈКАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА И ДОБРИ СИНОВИ И ЌЕРКИ НА НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА!

Соља ЛОЗАНОВСКА: Ваше Блаженство, на самиот почеток Ви благодариме за можноста да поразговараме и споделиме важни мислења со читателите на весникот “Македонија“. Кои се главните цели на Вашата посета во САД и Канада, и на кои настани ќе присуствувате?

Архиепископ СТЕФАН: Богоблагословената Американско-канадска епархија ќе ја посетам по покана на надлежниот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, а по повод неколку светли настани. Првенствено, тоа се прославите на јубилеите на две од нашите најстари црковни општини во светот – “Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, САД и “Свети Климент Охридски“ во Торонто, Онтарио, Канада, кои годинава прославуваат 60 години од осветувањата. Исто така, во текот на оваа моја посета ќе учествувам и на чествувањата по повод одржувањето на 51 годишен Епархиски црковно-народен собор на Американско-канадската епархија, чијшто домаќин годинава е црковната општина “Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси, САД. Воедно, во Вашингтон ќе имаме литургиско сослужување со Претстојателот на Православната Црква во Америка, Неговото Блаженство Митрополитот г. Тихон, чијшто Синод неодамна ја призна автокефалноста на нашата Света Црква, па во таа прилика тоа признавање ќе го добие и своето главно – литургиско потврдување.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Промоција на две монументални дела за Архиепископот Доситеј
    декември 10, 2025
  • Во Кочани денеска богослужба и помен за жртвите од „Пулс“, во Скопје конференција за последиците од трагедијата
    март 14, 2026
  • Украинска vs Македонска автокефалија
    септември 12, 2025

Соља ЛОЗАНОВСКА: Што значи за Вас и за Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија оваа средба со македонската заедница во САД и Канада?

Архиепископ СТЕФАН: Нашите епархии во светот се неодделив, интегрален дел од нашата Света Црква. Ние, за жал, сме земја на емиграција, што, пак, значи дека во светот имаме многубројни македонски заедници. Тоа е случај и со Северна Америка и со Австралија и со Западна Европа. Конкретно, Американско-канадската епархија – и со бројот на парохиите, и со велелептноста на храмовите, и со нивното устројство и, што е најважно, со бројноста на верниот народ е една навистина добро развиена и организирана епархија.

Инаку, јас првпат ја имам посетено оваа наша света Епархија, уште како млад Митрополит, во далечната 1986 година. Извесен период и бев надлежен Архијереј, така што добро ги познавам речиси сите наши црковни општини. Она што ме радува при секоја нова посета е дека Македонците продолжуваат да си ја одржуваат верата прадедовска, да ги оддржуваат и разубавуваат и храмовите и црковниот имот, да ги негуваат нашите древни народни традиции и обичаи и заедно да растат и како добри чеда на Мајката Македонска Православна Црква и како добри синови и ќерки на заедничката наша Татковина и дедовина Македонија.

Соља ЛОЗАНОВСКА: Православната Црква во Америка ја призна МПЦ-ОА. Каков е вашиот коментар на оваа значајна одлука?

Архиепископ СТЕФАН: – Уште псалмопејачот Давид воскликнува: “Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно!“ (Пс 133, 1). Оваа одлука на Светиот синод на Православната Црква во Америка е уште еден доказ за убавината на братската љубов и на заедничарењето помеѓу црквите. И јас лично, и браќата архијереи и сета полнота на нашата помесна Црква, можеме само да се радуваме за оваа одлука и да се надеваме и да очекуваме дека и оние сестрински цркви кои сѐ уште немаат донесено истоветна одлука, кога ќе се исполни времето ќе ја донесат.

Соља ЛОЗАНОВСКА: Како ја гледате улогата на црквата во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и традиција меѓу младите во светот?

Архиепископ СТЕФАН: Главната улога на Црквата е во зачувувањето и пренесувањето на нашата света вера. Оти токму православната вера е нашето најголемо национално богатство, нашата најважна културна и цивилизациска вредност. И Црквата тоа, уверен сум, во светот го прави сѐ подобро и подобро. Но, секако, ние, како помесна Црква на македонскиот народ, покрај ширењето на верата, помагаме и во зачувувањето на останатите столбови од нашиот идентитет – јазикот, културата, историската меморија, традициите, обичаите… Така, верувам знаете дека, при најголемиот дел од нашите црковни општини во САД и Канада се развиени различни секции во кои нашата младина го учи и македонскиот јазик, и македонските песни и ора, и македонската историја и култура. Секако, секогаш може повеќе и секогаш може подобро. Но, едно е сигурно, успехот во поглед на запазувањето на нашите национални обележја во туѓина зависи најмногу од родителите, бабите и дедовците. Имено, тие најповеќе треба да вложат труд, за на своите деца и внуци секогаш да им говорат само на македонски; да им ги пеат нашите песни, да ги учат на нашите ора; да им ги читаат и препорачуваат за читање книгите на нашите велики, а за многумина нашинци недоволно познати поети и писатели, редовно да ги носат во Стариот крај…

Соља ЛОЗАНОВСКА: Со кои најголеми предизвици се соочува Црквата денес, и во Македонија и во светот?

Архиепископ СТЕФАН: Живееме во силно секуларизиран, метеријалистички и технократски свет. Возвишените духовни и етички идеали на христијанството не се благопријатно восприемани во таквата средина. Христовата наука му порачува на човекот да подзастане, да погледне во себеси, да најде време за молитва, за тихување, да го гледа секој човек како свој ближен, а природата и сето создание како Божји дарови коишто треба да се негуваат. Силните на светот, пак, бучно пропагираат сосема поинакви вредности. Тие светот го прават место во коешто нема место за духовни согледби, а оние околу нас не ни се ближни, туку соперници. Со пребрзиот, недоволно осмислен раст на најсовремените технологии човекот навидум на дофат има сѐ, но, доколку не бидеме внимателни, иднината може да стане антиутописко општество во кое луѓето нема да се гледаат едни со други в очи, туку само виртуелно, со посредство на современи машини; нема да копнеат по тоа да бидат во природата и да ѝ се радуваат на нејзината неверојатна убавина и разноликост, туку ќе седат затворени во своите високософистицирани, но стерилни одаи и нема да се прашуваат што, односно која е смислата на животот.

Наоѓајќи се во вакво временско раздобје, во кое во блиска иднина христијанството, веројатно, во општествена смисла и институционално влијание, ќе биде помалку популарно, Црквата и во Македонија и насекаде по светот, ќе мора што поскоро да најде начин за на младите генерации да им ја пренесе вечната вистина за постоењето на Бога, Кој е троедина личност и Кој вистински се воплоти и живееше со луѓето, го даде Својот живот за нас и воскресна од мртвите.

Некои знаци што во последниве години се гледаат на Запад, каде извесен број на млади луѓе, препознавајќи ја бесмисленоста на безбожниот светоглед што доминира, го откриваат Православието, ни дава надеж да веруваме дека, доколку како Црква одговориме пастирски и одговорно на тој повик, нештата ќе бидат добри. Црквата ќе постои додека постои светот, тоа е сигурно, наше е и во ова време на предизвици да бидеме достојни нејзини чеда.

Соља ЛОЗАНОВСКА: За крај, која е Вашата порака до Македонците што живеат надвор од татковината, особено во Канада и САД, и до читателите на весникот “Македонија“ и сите учесници на собирот?

Архиепископ СТЕФАН: На нашинците во САД и Канада ќе им порачам дека само човек кој си го знае и си го љуби своето минато може да има здрава сегашност и иднина. Затоа, дури и на оние нашинци кои се трето, четврто, петто… поколение во овие богоблагословени земји би им порачал, пред сѐ, да си ја љубат нашата вера и редовно да се црквуваат во нашите тукашни велелепни храмови. Кога вистински живееме според Евангелието, кога растеме во Христа, осознаваме дека на светот нема ништо повистинито, подобро и поубаво од Православието. Затоа, на нашиот верен народ во САД и Канада му порачувам да ги посетува храмовите на секоја Литургија, редовно да се причестува со Светите Христови Тајни и да го помага работењето на нашите црковни општини. И, на крајот, на сите наши луѓе би им порачал почесто да ја посетуваат Македонија, за да им овозможат на своите деца и внуци да ја запознаат земјата на своите предци, та и во нив да се возроди љубов кон нашата можеби материјално сиромашна, но со култура и историја богата држава, кон нашиот прекрасен јазик и кон сѐ што е наше – македонско!

АвстралијаАрхиепископот Охридски и Македонски г.г. СтефанИнтервјуМПЦ
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
„Раскол или ерес? – Што велат каноните за состојбата во Православната црква“ – Научна анализа на ChatGPT
следна објава
55-те Максимуми на о. Томас Хопко – практичен патоказ за православниот живот

Можеби ќе ви се допадне и ова

Македонскиот црковен хор „Св. Петка“ ќе запее во Сиднејската опера

август 26, 2026

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

август 25, 2026

Честитки од архиепископот Стефан до митрополитот Онуфриј од црковната структура на Москва...

август 18, 2026

Архиепископот на Австралија: Да го слушаме гласот на младите, без да им...

август 12, 2026

Австралија му оддаде признание на отец Гаврил Галев – три награди за...

август 9, 2026

Архиепископот Стефан отслужи Литургија со помен за загинатите од земјотресот во Скопје

јули 27, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026
  • По што се разликува покајанието од самојадењето?

    август 31, 2026
  • Прекин на струја сопре концерт и тепачка во Пештани – слика од празнувањата на Голема Богородица

    август 29, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на човековата слобода

    август 29, 2026
  • Откритија стари 2.000 години во Храмот на Воскресението во Ерусалим „укажуваат“ на местото на Христовиот гроб

    август 28, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (61)
  • Интервјуа (8)
  • Колумни (54)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (201)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (107)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во Пештани – слика од празнувањата на Голема Богородица

Популарно оваа недела

Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во Пештани – слика од празнувањата на Голема Богородица
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА