Вселенскиот патријарх Вартоломеј пречека делегација од Европската народна партија (ЕПП) на Фанар, истакнувајќи ја важноста на 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор во Никеја.
Тој посебно ја нагласи престојната посета на папата Лео XIV, која ќе биде првото негово патување надвор од Рим:
„Посетата на папата е силен симбол на единството. Заедно ќе ја одбележиме годишнината од Никеја и тронскиот празник на свети Андреј. Тоа е продолжување на традицијата на неговите претходници и сведоштво за заедничката христијанска мисија.“
Патријархот потенцираше дека мисијата на Вселенската патријаршија има „пан-христијанска и меѓурелигиска димензија“, ставајќи акцент на дијалогот, човековите права, заштитата на Творението и солидарноста со ранливите.
Од делегацијата беше истакнато дека разговорот бил навремен и значаен, особено пред средбата меѓу патријархот и папата, која се смета за важен чекор во современиот црковен дијалог.
Извор: Orthodoxtimes.com