Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку...
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА...
Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар...
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната...
Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по...
Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме...
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната...
Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој...
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на...
Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света...
петок, октомври 23, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
КолумниПоучни текстови

Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир

од Црковен Журнал Логос октомври 23, 2026
октомври 23, 2026 0 коментари 5 прегледи 5 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Fb Img 1792779815530
5

По повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, отец Пимен упати честитка во која потсети на значењето на зачувувањето на македонскиот духовен и национален идентитет, особено меѓу Македонците во дијаспората.

„Денот на Македонската револуционерна борба подразбира и борба за секој православен Македонец насекаде во дијаспората да има можност да се црквува и духовно да расте во храмовите на МПЦ, на свој македонски јазик, под духовно раководство на своите македонски архиереи и свештеници“, порача отец Пимен.

Воедно, актуелност добива и неговиот текст објавен во октомври 2023 година на порталот „Сутерен“, во кој зборува за војните, поделбите, слободата на мислењето и потребата од мир.

Во текстот, насловен „Затоа што не е исто топ и топка“, отец Пимен прави споредба меѓу спортското навивање и заземањето страни во воените конфликти, предупредувајќи дека војната не смее да се доживува како спортски натпревар.

Во продолжение го пренесуваме неговиот текст во целост:


Затоа што не е исто топ и топка

Имаш ли право да бидеш навивач?
Секако дека да, но не секаде и во сè.

Можеш да навиваш за некој твој омилен спортски тим, за својата репрезентација. Се радуваш на нивните победи, плачеш со тоа големо семејство навивачи во поразите. И не се откажуваш од нив и кога минуваат низ криза.

И нормално, се шегуваш со оние кои навиваат за различна екипа од тебе. Им ставаш забелешка на лошиот вкус, па следен пат тие тебе те ставаат во своитете шеги во поразите.

И тука има фер плеј, спортски дух, закачки и ситења, на крај и заедничко наздравувње со пиво со ветување дека следниот пат, ние победуваме. Шегување на сметка на твојот тим. Нема пизма, нема омраза. Барем, не треба да ја има. И, ако вистински го сакаш и почитуваш твојот тим, твојата репрезентација нема да си дозволиш со непромислени постапки да ги резилиш истите.

И тука нека заврши навивањето и незлобивите поделби за различни тимови.

Зашто до тука сè тера тоа со арно, со убаво децении наназад.

Има исклучоци за жал, ама ај, да ја гледаме само убавината на оваа забава.

И барем да научевме нешто од оваа забава за возрасни.

Да научевме барем дека војните не се спортски натпревари во кои можеме да заземеме страна. Како можеме да заземеме страна кога на двете страни паѓаат жртви? Небаре навиваме за својот тим поради тоа што се фер и не прават фаули? Па како тогаш едните ги сметаме за добри и коректни а другите за лоши кои не почитуваат правила? Во жарот на играта човек заборава на правилата на коректност, а не пак во виорот на војната. Сепак, во спортот ривалите си подаваат рака и си простуваат. Затоа што не е исто картон и куршум. Е не е така во војната, зашто многу од погодените никогаш веќе не стануваат. Немаат можност да си подадат рака, да се простат.

Настрана прашањето што добиваме ние кои навиваме за една од страните во војната на илјадници километри од нас? Само повеќе гнев во душите и помалку пари во џебовите. Немир и инфлации.

И анализираме, се делиме, а за жал ништо не можеме да помогнеме или да смениме.

И нешто уште почудно, нешто што покажува пак дека не сме разбрале што е војна, а што фудбал е што на маса во секоја кафеана секој еден има право на мислење, на заземање страна, на предвидувања, нагаѓања, стратегии, пристрасност, кога осуда, кога оправдување те на жртвата, те на агресорот, зашто по свое убедување одредуваме кој е жртва а кој агресор со нашите двојни аршини, но ете, според сегашнава слобода во светот нема право на такво мислење некоја јавна личност па бил тој и фудбалер, глумец, пејач…

И сите негови заслуги и квалитети ќе одат по вода, а него на клада, ако се може да го ставиме затоа што помислил и јавно кажал мислење спротивно на твоето.

Како само уште тоа да ни фали да ги замолчиме и оние малкумина што останале различно да мислат од овој свет полн со цензура.

И до тогаш ќе нема мир, додека се жигосува оној со различно мислење.

Диктатурата не е само држење на еден народ во ропство со оружје, туку и замолчувањето на оние што мислат различно, па колку и да не биле во право.

Придружете се на едната страна и ќе бидете нападнати и замолчени, придружете се на другата, па ќе жалите што не ќе ви се дава можност да кажете и вие утре дека може да размислувате поразлично затоа што уште повеќе до тогаш ќе се осилат замолчувачите.

Ќе ве изеде така внатрешниот немир во душата. А додека има немир во душата нема да завлaдее ни мирот во светот.

Дополнително овој немир во светот се рефлектира веќе на сегде, кадешто верата преминува во фанатизам. Нели сите вери се колнеме дека никој не сака убиства туку само љубов и почит меѓу сите нас, а сепак оружјето не молчи. И убиствата стануваат секојдневие сегде. Па стравот што владее на секој плоштад, на секоја улица го крши и оној малку кревок мир во нашите души кој сакаме насушно да го зачуваме. Омразата се зголемува. Утврдувањето во страните станува се поизвесно.

Сакаме ли мир, или не, прашање е сега.

А ако сакаме…

Оладете глави, оладете страсти, баталете навивање, малце ли му е денешново зло на светов, па уште само нашиот гнев и пристрасност му фали?

После Христа нема веќе око за око и заб за заб. Тогаш нема ни навивање за едниот или за другиот демек, додека не се израмнат сметките за жртвите. Секогаш ќе има една жртва плус на едната или на другата страна за да се одложува мирот.

И пристрасноста ќе нè умори.

Разрушените градови и опустошените територии, без луѓето во нив треба ли да бидат некаков трофеј за некого?

Сателитските снимки од пеплосаните згради и крвавите улици, ако ни станале симбол за триумф сме станале и ние жртви на војната. Ништо подобри од оние кои тоа го наредиле или го извршиле.

Дајте луѓе, ако веќе не се молиме за мир, барем да не навиваме за војна.

Да не полниме очи со радост од урнатини и да не го вселуваме така немирот во душите. Дајте само да се обидеме да го вратиме мирот онаму каде што му е местото во душите, па да веруваме дека така ќе се врати и мирот во светот.

Мало село е светот денес, па затоа да се сетиме на поговорката со играњето на мечката кај комшијата, та да не заигра брзо и во нашиот двор.

Отец Пимен (сутеран.мк), октомври 2023 година.

Митрополит Пимен Европски
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир

    октомври 23, 2026
  • Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар

    октомври 23, 2026
  • Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар во Рим во чест на Свети Еразмо Охридски

    октомври 23, 2026
  • Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната жртва 

    октомври 23, 2026
  • Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по повод 35-годишнината од неговото востоличување

    октомври 23, 2026
  • Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме Вашата поддршка за Црквата на Грузија

    октомври 22, 2026
  • Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА

    октомври 22, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (59)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (137)
  • Изјави и соопштенија (68)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (61)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (85)
  • Меѓуправославни односи (111)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (225)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (66)
  • Света Гора (111)
  • Свето Предание и Свети Отци (109)
  • Современо општество (175)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (18)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар
Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар во Рим во чест на Свети Еразмо Охридски
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната жртва 
Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по повод 35-годишнината од неговото востоличување

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната жртва 
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА