Грузискиот патријарх Сио III упати честитка до Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј по повод 35-годишнината од неговото востоличување на Константинополскиот патријаршиски престол.
Честитката била предадена лично на Вселенскиот патријарх од делегација на Православната црква на Грузија, која вчера го посетила Фанар.
Во своето писмо, патријархот Сио III ја истакна долгогодишната поддршка што Вселенскиот патријарх ја давал на Грузиската црква и грузискиот народ, особено во тешките историски моменти.
„Секогаш ја чуваме во нашето сеќавање поддршката и почитта што повеќепати сте ги покажале кон Грузиската црква и нејзината многувековна историја“, се наведува во писмото.
Особено се осврна на војната во Грузија во август 2008 година, потсетувајќи на зборовите што тогаш Вартоломеј ги упатил до грузискиот народ:
„Вашиот крст денес станува и наш крст“.
Грузискиот патријарх со благодарност се потсети и на братското пријателство меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и блаженоупокоениот грузиски патријарх Илија II, нагласувајќи дека присуството на Вартоломеј на неговото опело останува трајно сведоштво за братската љубов во Христа.
Сио III изрази благодарност и за поддршката што лично ја добил од Вселенскиот патријарх уште од почетокот на својата патријаршиска служба.
„Вашите топли зборови и благослови ме исполнија со благодарност и храброст, претставувајќи драгоцен извор на утеха и духовна сила“, истакна тој.
Во писмото се споменува и неодамнешното одбележување на 1.700-годишнината од прогласувањето на христијанството за официјална религија во Грузија, при што грузискиот патријарх се заблагодари за честитките упатени од Вартоломеј.
Извор: Orthodoxia News Agency