Според православната традиција, првата официјална посета на новоизбран архиепископ е секогаш упатена кон Вселенската патријаршија. Така и Архиепископот Јован на Тирана и цела Албанија, во јуни 2025 година, ја оствари својата прва официјална посета во Цариград. Во рамките на посетата беше отслужена доксологија во патријаршиската црква „Св. Георгиј“, проследена со прием од страна на патријархот Вартоломеј и членовите на Светиот синод.
Следниот ден беше одслужена свечена соборна Литургија на која сослужуваа двајцата поглавари, при што беа разменети поздравни говори и подароци. Посетата има големо значење за зацврстување на односите меѓу Албанската православна црква и Вселенската патријаршија, а воедно претставува симболична потврда за улогата на албанското православие во поширокото православно единство.