Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници...
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри –...
Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот...
Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок...
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од...
Иконата „Света Троица“ на Рубљов повлечена од јавноста...
ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на...
Богохулие во Марсеј: Распнатиот Христос прикажан со пушки...
Антиохискиот патријарх Јован се сретна со папата Лав...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Велика Британија – ќе...
среда, септември 23, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
Колумни

Радев ги осудува „крстоносните походи“ со зборови, а ги толерира на дело

од Црковен Журнал Логос јуни 20, 2026
јуни 20, 2026 0 коментари 56 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
56

Во современата политичка теорија одамна е прифатено дека религиозните лидери, кога стануваат активни чинители во поддршка на вооружени конфликти, престануваат да бидат исклучиво духовни авторитети. Тие стануваат политички актери, чиј збор има конкретни последици врз човечките животи. Патријархот Кирил не е обвинет поради својата вера, туку поради јавната и систематска поддршка на руската воена агресија врз Украина.

/A.K.

Изјавата дека „времето на крстоносните походи заврши“, дадена од бугарскиот претседател Румен Радев на 18 јуни за новинската агенција БТА, на прв поглед звучи како порака во прилог на мирот, дијалогот и надминувањето на верските конфликти.

Таквата формулација несомнено може да се прифати како цивилизациски став. Но политичките изјави не се оценуваат само според нивната реторика, туку и според нивната доследност. Токму тука се појавува суштинската противречност.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Во Белград најавена иницијатива за формирање Меѓународен совет за заштита на православниот канонски поредок
    мај 9, 2026
  • Руската православна црква доби официјална регистрација во Мадагаскар, во услови на продлабочен спор околу нејзиното ширење на територијата на Александриската патријаршија
    април 24, 2026
  • МПЦ ги зајакнува односите со Русија: Врвот на МПЦ-ОА на прием по повод Денот на Русија
    јуни 17, 2026

Во исто време кога официјална Бугарија се спротивставува на воведувањето санкции против московскиот патријарх Кирил, образложувајќи дека тоа би претставувало мешање во верските прашања, се поставува прашањето: дали навистина станува збор за заштита на верската слобода, или за релативизирање на одговорноста на еден религиозен лидер кој со години активно ја легитимира една освојувачка војна?

Овде не станува збор за санкционирање на Православната Црква како институција, ниту пак за ограничување на нечие право на вера. Прашањето е сосема поинакво: може ли еден религиозен поглавар, кој отворено благословува воена агресија, ја претставува како духовна мисија и ја оправдува со богословски аргументи, да биде изземен од политичка и морална одговорност само затоа што носи мантија?

Во современата политичка теорија одамна е прифатено дека религиозните лидери, кога стануваат активни чинители во поддршка на вооружени конфликти, престануваат да бидат исклучиво духовни авторитети. Тие стануваат политички актери, чиј збор има конкретни последици врз човечките животи. Патријархот Кирил не е обвинет поради својата вера, туку поради јавната и систематска поддршка на руската воена агресија врз Украина. Неговите говори повеќепати ја претставија војната како духовна борба, како одбрана на „Рускиот свет“ и како света должност. Таквата реторика не е само политичка пропаганда; таа претставува опасна теолошка злоупотреба на христијанството.

И токму тука изјавата дека „времето на крстоносните походи заврши“ ја губи својата тежина. Зашто, ако навистина сметаме дека времето на религиозно оправданите војни е минато, тогаш тоа мора да важи за сите. Не може да се осудуваат средновековните крстоносни походи, а истовремено да се молчи пред современиот обид една војна да биде претставена како „света“.

Всушност, токму концептот што денес го промовира дел од идеологијата на „Рускиот свет“ претставува современа форма на религиозно оправдан империјализам.

Кога војната се претставува како исполнување на Божја волја, кога убиството се претвора во духовна должност, а територијалната експанзија во света мисија, тогаш суштински се враќаме кон логиката на средновековните религиозни походи, без разлика како тие ќе бидат именувани.

Парадоксално е токму оние што велат дека крстоносните походи се минато, да одбиваат да реагираат кога се појавува нивна современа идеолошка варијанта. Уште позагрижувачка е пораката што ваквата позиција ја испраќа кон светот. Доколку меѓународната заедница прифати дека еден религиозен лидер може неказнето да повикува, оправдува или благословува војна, тогаш се создава преседан кој лесно може да го искористат сите верски фундаментализми.

Со кое морално право утре ќе се осудуваат исламски екстремистички проповедници кои повикуваат на „света војна“, ако денес се тврди дека православен патријарх не смее ни симболично да биде санкциониран затоа што благословува една агресија?

Со кој аргумент ќе се осудуваат радикални рабини, хиндуистички националистички водачи или кој било друг религиозен авторитет што ќе ја претстави војната како исполнување на Божја заповед?

Правниот принцип мора да биде еднаков за сите. Или верските лидери не смеат да повикуваат на војна – без оглед на религијата што ја претставуваат – или тогаш мора да се прифати дека религијата повторно станува средство за легитимирање на насилството.

Во оваа смисла, санкциите против патријархот Кирил не се напад врз Православието. Напротив, тие можат да се разберат како обид да се заштити Православието од неговата политичка инструментализација.

Историјата на Црквата познава многу светители кои јасно правеле разлика меѓу верноста кон Христос и лојалноста кон државната власт. Никогаш не било православно учење дека секоја државна политика е света само затоа што ја поддржува Црквата. Уште помалку дека војната автоматски станува праведна ако ја благослови некој патријарх.

Затоа, суштинското прашање денес не е дали патријархот Кирил има банкарски сметки во Европа или дали санкциите ќе имаат голем економски ефект. Тоа навистина може да биде споредно. Главното прашање е дали Европа ќе остане доследна на принципот дека никој – без разлика дали е политичар, генерал, олигарх или верски водач – нема право да ја претвора верата во средство за оправдување на вооружена агресија.

Симболите во политиката не се безначајни. Напротив, тие често ја определуваат моралната граница што општеството е подготвено да ја брани.

Затоа, ако навистина веруваме дека времето на крстоносните походи завршило, тогаш мора да покажеме еднаква чувствителност кон секоја идеологија што ја претвора религијата во оружје.

Во спротивно, осудувањето на историските крстоносни походи останува само реторичка фигура, додека современите „свети војни“ продолжуваат да добиваат благослов, легитимитет и политичка заштита.

Извор: religija.mk

БугаријаПравославна ЦркваРумен РадевРусија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Свети Даниил Катунакиски за русификацијата и руските рубљи
следна објава
Ердоган дал наредба да продолжи процесот за отворање на Богословијата на Халки

Можеби ќе ви се допадне и ова

Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација...

септември 18, 2026

Грузиската црква ја осуди употребата на името на свети Гаврил за руска...

септември 14, 2026

Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир...

септември 1, 2026

Радио Слободна Европа: Малтретирање на деца во патриотски камп финансиран од Кремљ

август 27, 2026

Руски свештеник: Тие што ги критикуваат властите се „подучени од сатаната“

август 27, 2026

Десната рака на Свети Спиридон во Русија: 25.000 верници на првата станица...

август 22, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина

    септември 23, 2026
  • Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?

    септември 21, 2026
  • Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот на посетата

    септември 20, 2026
  • Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација на идните иницијативи

    септември 18, 2026
  • Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство

    септември 18, 2026
  • Иконата „Света Троица“ на Рубљов повлечена од јавноста по дефект на системот за климатизација

    септември 17, 2026
  • ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на манастирот Ватопед во Света Гора

    септември 17, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (64)
  • Изјави и реакции (129)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (98)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (212)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (98)
  • Свето Предание и Свети Отци (98)
  • Современо општество (158)
  • Теологија и општество (114)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?
Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот на посетата
Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација на идните иницијативи
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство

Популарно оваа недела

Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?
ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на манастирот Ватопед во Света Гора
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина
Светогорско монашко слатко од овошје со рогач и гроздов сируп (без бел шеќер)

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА