Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Англиската полиција ги повикува полицајците од друга вероисповест...
Руската црква и Иран во „златна доба“: Православието...
Државата ќе гради регионална мултифункционална амбуланта на Света...
Православните цркви на Романија и Албанија ја зајакнуваат...
Митрополитот Антониј Бесарабиски: Бевме прогонувани за време на...
Скандалозна прослава во Света Софија: Турција ја брише...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Вистината е под прогон и...
Архиепископот Стефан отслужи Литургија со помен за загинатите...
Патријархот Теодор: „Тие што останавме во Александрија нема...
Архиепископот Јован ги посети летните кампови на Православната...
четврток, август 6, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ВЕСТИНовости
Новости

Ердоган дал наредба да продолжи процесот за отворање на Богословијата на Халки

од Црковен Журнал Логос јуни 20, 2026
јуни 20, 2026 0 коментари 45 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
45

Прашањето за повторното отворање на Богословската школа на Халки влегло во нова фаза, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му наложил на Советот за високо образование на Турција да го продолжи дијалогот со Вселенската патријаршија.

Ова го открил митрополитот старец Халкидонски г. Емануил во изјава за грчкиот портал „Параполитика“.

Митрополитот Емануил, кој го придружувал вселенскиот патријарх Вартоломеј на средбата со турскиот претседател, потврдил дека процесот конечно се придвижил по повеќегодишен застој.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Бугарскиот патријарх Даниил му го врачи орденот „Св. Јован Рилски“ на Вселенскиот патријарх Вартоломеј
    декември 26, 2025
  • Патријархот на Ерусалим во посета на Вселенската Патријаршија
    јули 23, 2026
  • Вселенскиот патријарх: Посетата на папата е историски чин што ја потенцира заедничката христијанска мисија
    ноември 25, 2025

Според неговите зборови, Ердоган му наложил на претседателот на турскиот Совет за високо образование – YÖK да ги продолжи разговорите со надлежната комисија на Вселенската патријаршија.

Сепак, митрополитот Емануил не прецизирал кога Богословијата би можела повторно да биде отворена, нагласувајќи дека во моментов не постои конкретен временски распоред.

Како што објаснил, најнапред треба да бидат завршени обновувањето на училишниот комплекс и разговорите за образовната и правната рамка според која институцијата ќе работи.

Работата за обнова на Богословијата, која се спроведува со поддршка на Атанасиос Мартинос, сè уште трае. Митрополитот нагласил дека образовната дејност не може да започне пред целосното завршување и предавање на објектот.

Истовремено продолжуваат разговорите меѓу Вселенската патријаршија и турските образовни власти за условите под кои Богословијата повторно би работела. Патријаршиската страна веќе доставила конкретни предлози, но постапките и времетраењето на преговорите сè уште не се утврдени.

Според митрополитот Емануил, најважно е тоа што, по повеќе децении без суштински напредок, турскиот претседател им дал налог на надлежните институции да преземат конкретни чекори.

Тој оценил дека ваквиот развој претставува значајна промена во односот на турската влада кон едно од долгогодишните барања на Вселенската патријаршија.

Богословската школа на Халки е затворена од 1971 година, и покрај постојаните заложби на вселенскиот патријарх Вартоломеј и меѓународните повици за нејзино повторно отворање.

Митрополитот Емануил потсетил дека патријархот Вартоломеј многупати го поставувал ова прашање, оценувајќи дека новата наредба создава реална можност процесот конечно да продолжи.

Предлог за двегодишни постдипломски студии

Меѓу предлозите што се разгледуваат е Богословијата во почетокот да функционира како двегодишна постдипломска програма за дипломирани студенти од богословски факултети од целиот свет.

Митрополитот Емануил појаснил дека лично не учествува во надлежната комисија и не соопштил дополнителни детали за наставната програма и точниот начин на функционирање на установата.

Овие прашања треба да бидат утврдени преку консултации меѓу Вселенската патријаршија, Советот за високо образование и надлежните служби на турското Министерство за национално образование.

Опишувајќи ја новонастанатата состојба, митрополитот Емануил рекол дека „водата веќе влегла во коритото“, посочувајќи дека започнувањето на институционалната постапка е суштински чекор по 55 години чекање.

Улогата на Вашингтон

Во текстот на „Параполитика“ турското придвижување се поврзува и со интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според истиот извор, го поставил прашањето за повторното отворање на Богословијата за време на средбата со Ердоган во Белата куќа.

Се проценува дека и посетата на американскиот претседател на Анкара, по повод самитот на НАТО, влијаела врз времето во кое турската страна започнала да презема нови чекори.

Богословската школа на Халки со децении била еден од најважните образовни центри на Вселенската патријаршија и на Православието. Меѓу нејзините дипломци се патријарси, митрополити, свештеници и теолози од повеќе земји.

Нејзин дипломец е и вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој го завршил своето образование во Богословијата пред нејзиното затворање.

Завршувањето на обновата и постигнувањето договор за правниот, административниот и образовниот статус остануваат двата клучни предуслови за нејзиното повторно отворање.

Извор: orthodoxia.info / parapolitika.gr

Боголсовија ХалкиВселенска ПатријаршијаВселенски патријарх ВартоломејДоналд ТрампЕрдоган
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Радев ги осудува „крстоносните походи“ со зборови, а ги толерира на дело
следна објава
Христијанските заедници во јужен Либан продолжуваат да живеат во сенка на војната (Фото галерија)

Можеби ќе ви се допадне и ова

Државата ќе гради регионална мултифункционална амбуланта на Света Гора во вредност од...

јули 31, 2026

Скандалозна прослава во Света Софија: Турција ја брише христијанската историја на храмот

јули 28, 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Вистината е под прогон и денес

јули 28, 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Вистинската теологија не е затвореност

јули 23, 2026

Патријархот на Ерусалим во посета на Вселенската Патријаршија

јули 23, 2026

Како општиме со Бога? – Архимандрит Емилијан Симонопетриски

јули 22, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026
  • 100-те зборови што ја открија бездната

    март 4, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Англиската полиција ги повикува полицајците од друга вероисповест да постат за Рамазан

    август 4, 2026
  • Руската црква и Иран во „златна доба“: Православието и исламот во служба на заедничките политички интереси

    јули 31, 2026
  • Државата ќе гради регионална мултифункционална амбуланта на Света Гора во вредност од 3.4 милиони евра

    јули 31, 2026
  • Православните цркви на Романија и Албанија ја зајакнуваат академската и духовната соработка

    јули 30, 2026
  • Митрополитот Антониј Бесарабиски: Бевме прогонувани за време на советскиот период

    јули 30, 2026
  • Скандалозна прослава во Света Софија: Турција ја брише христијанската историја на храмот

    јули 28, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Вистината е под прогон и денес

    јули 28, 2026

Категории

  • Uncategorized (7)
  • АНАЛИЗИ (53)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (51)
  • Изјави и реакции (120)
  • Изјави и соопштенија (48)
  • Интервјуа (8)
  • Колумни (52)
  • Култура (24)
  • Литургија и црковен живот (65)
  • Меѓуправославни односи (88)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (141)
  • Новости (182)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (49)
  • Поучни текстови (58)
  • Света Гора (87)
  • Свето Предание и Свети Отци (80)
  • Современо општество (142)
  • Теологија и општество (94)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (28)
  • Црковна историја и Собори (16)
  • Црковни закони и канони (3)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Велик пост Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Свети Паисиј Светогорец Скопје Солун Србија Украина Христијани Христијанство Цариград Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Англиската полиција ги повикува полицајците од друга вероисповест да постат за Рамазан
Руската црква и Иран во „златна доба“: Православието и исламот во служба на заедничките политички интереси
Државата ќе гради регионална мултифункционална амбуланта на Света Гора во вредност од 3.4 милиони евра
Православните цркви на Романија и Албанија ја зајакнуваат академската и духовната соработка
Митрополитот Антониј Бесарабиски: Бевме прогонувани за време на советскиот период

Популарно оваа недела

Архиепископот на Албанија: Манипулацијата со верата е грев
Англиската полиција ги повикува полицајците од друга вероисповест да постат за Рамазан
Игуменот на Симонопетра со силна поддршка за Православната Црквата на Украина
Вселенскиот патријарх Вартоломеј од Атина: Верата не може да биде оправдување за насилство
Меѓу духовната мисија и државната политика: современи предизвици пред Руската православна црква

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА