Во вечерните часови во понеделникот, 17 август 2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Паксос и Диапонтските Острови, г. Нектариј, пристигна на аеродромот Шереметјево во Москва.
Неговото Високопреосвештенство пристигна во Москва заедно со бројна делегација на Светата Митрополија на Крф, составена од проповедникот и просветен работник на Митрополијата, архимандритот о. Доситеј Папамитрос, старешината на Светото светилиште на Свети Спиридон, протојерејот о. Георгиј Влахос, архиѓаконот на светилиштето, о. Евсевиј Пандис, секретарот на Светата Митрополија, г. Константинос Тимиc, како и мирјани, членови на Управниот одбор на Свети Спиридон.
Митрополитот ја носи десницата од сечесните мошти на Светиот и чудотворец Спиридон, на покана на Патријархот Московски и на цела Русија, Неговата Светост Кирил, а по одобрение, канонска дозвола и благослов на Светиот Синод на Црквата на Грција.
На аеродромот беше организиран официјален пречек од претставникот на Московскиот патријарх, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Воскресенски Григориј, како и од повеќе црковни личности и претставници на локалните институции.
По пристигнувањето на аеродромот, делегацијата се упати кон Светиот манастир „Покров на Пресвета Богородица и Света Матрона“.
На влезот во манастирот беше приреден пречек од игуманијата Теофанија, сестринството и децата од сиропиталиштето при Светиот манастир. Беше отслужен и молебен пред моштите на Света Матрона.
Игуманијата му се обрати на Митрополитот Нектариј, по што тој возврати со свое обраќање.
Светата реликвија ќе остане во Москва до 20 август, а потоа ќе ги посети Чебоксари и Казан.
Попладнето на 18 август, Неговата Светост Патријархот Кирил ќе го пречека во Храмот „Христос Спасител“, по што ќе бидат отслужени молебен, Вечерна и Утрена богослужба за празникот Преображение Господово.
Следниот ден, на празникот Преображение Господово, ќе биде отслужена Патријаршиска Божествена Литургија.
Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/