Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Премиерот Мицковски: Набавени се 100 нови амбулантни возила,...
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст...
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под...
Дете со искршени заби по напад од група...
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари:...
Извршен помен на Тоше Проески од страна на...
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од...
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
среда, октомври 21, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОСовремено општество
Современо општество

Македонија размислува за рестрикции на социјалните мрежи за деца: забрана до 12, строги правила до 16 години

од Црковен Журнал Логос февруари 9, 2026
февруари 9, 2026 0 коментари 50 прегледи 2 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
5fc541c0 681c 11ee A6db A529adefe29c
50

Сѐ погласни се повиците за законска регулација на пристапот на децата до социјалните мрежи, поради растечките ризици по нивното ментално здравје, безбедност и развој. По примерот на повеќе европски земји, и во Македонија е покрената граѓанска иницијатива за забрана на социјалните мрежи за деца до 12 години и строга контрола за малолетници до 16 години.

Петицијата, иницирана од „Иницијатива за безбедно детство“, бара системски пристап од државата со цел зајакнување на дигиталната безбедност, заштита на личните податоци и намалување на штетните последици од неконтролираното користење на онлајн платформи.

Аларм поради дигиталните ризици

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Архиепископијата на Австралија воведува насоки за присуството на свештенството на социјалните мрежи
    април 19, 2026
  • Романскиот патријарх Даниел за почетокот на учебната година: Децата се Божји дар за семејството, Црквата и народот
    август 26, 2026
  • Децата во Македонија засега ќе продолжат да користат социјални мрежи без рестрикции
    февруари 16, 2026

Според иницијаторите, децата денес се изложени на сериозни ризици: нарушено ментално здравје, онлајн врсничко насилство, самоповредување, опасни интернет-предизвици, зависност од содржини, намалена концентрација и изобличена слика за вредности и успех.

Со петицијата се предлага:

целосна забрана за користење социјални мрежи до 12 години,

строги услови за регистрација и користење до 16 години,

задолжителна верификација и родителска согласност,

ограничување на алгоритамско препорачување содржини за детски профили,

засилена заштита на личните податоци,

јасни санкции за платформите кои не ги почитуваат правилата,

национална програма за дигитална писменост и поддршка на менталното здравје.


Кордалов: Без родители – нема ефект

Комуникологот Бојан Кордалов предупредува дека рестрикциите нема да дадат резултат доколку не бидат поддржани од родителите и образовниот систем.

„Институциите сами не можат да го носат товарот. Родителите, наставниците и професорите мора активно да бидат вклучени. Денешните родители имаат дополнителна одговорност – да ги водат децата не само во реалниот, туку и во дигиталниот свет“, вели Кордалов.

Тој укажува дека во балканските општества недостига инклузивен јавен дијалог, што може да доведе до контраефект од самите забрани доколку тие не се внимателно осмислени и прилагодени на реалноста.

Усогласување со ЕУ и меѓународни примери

Сѐ повеќе европски држави ги заоструваат правилата за пристап на децата до социјалните мрежи. Дел од нив воведоа строги ограничувања, а некои најавуваат целосни забрани за деца под 15 или 16 години. Европските институции препорачуваат подигнување на минималната возраст за неограничен пристап, со посебен акцент на одговорноста на технолошките компании.

Експертите предупредуваат дека алгоритмите и дизајнот на платформите често ја експлоатираат детската ранливост, создавајќи зависност и долгорочни психолошки последици.

Потребен е баланс, не само забрани

Иницијативите за регулација отвораат поширока општествена дебата: како да се заштитат децата, а истовремено да се подготват да бидат одговорни дигитални граѓани. Заклучокот на експертите е јасен – рестрикциите мора да одат рака под рака со едукација, родителска вклученост и јасна правна рамка усогласена со европските стандарди.

Темата допрва ќе биде предмет на јавни расправи, но едно е извесно: дигиталната безбедност на децата станува едно од клучните прашања на современото општество.

Автор:Даниела Трпчевска-Зафировска

Извор:https://www.dw.com/mk/digitalen-stit-za-decata-zabrana-na-socijalnite-mrezi-za-deca-pod-12-godini-vo-makedonija/a-75841003?fbclid=IwY2xjawP2pPdleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR5zSn_BFzP_6X-4sA7ZLREEaFovpOaHLC5KBYMoOZnO10DEhxlG0XB6QvEvGg_aem_KK6dwhSVaTlYLZ-bnmQ7Ug

БезбедностДецаЗабранаСоцијални мрежи
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Крива Паланка: „Сусурига 2026“ – возобновување на пагански ритуали во време кога на христијаните очајно им е потребен Христос
следна објава
“Ни српска, ни православна, ни црква“ – остра критика за улогата на Црквата во современото општество

Можеби ќе ви се допадне и ова

Радио Слободна Европа: Малтретирање на деца во патриотски камп финансиран од Кремљ

август 27, 2026

Романскиот патријарх Даниел за почетокот на учебната година: Децата се Божји дар...

август 26, 2026

УНИЦЕФ: Речиси сите деца во Македонија дишат опасен воздух

јуни 17, 2026

Извештај на АлоБушавко: Менталното здравје станува најголем предизвик за децата и младите

мај 18, 2026

Ученик од Битола на Тик-Ток објавил список на ученици за „ликвидација“

мај 7, 2026

Актерката Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи на деца

мај 4, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Премиерот Мицковски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем

    октомври 21, 2026
  • Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје

    октомври 21, 2026
  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство

    октомври 20, 2026
  • Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги

    октомври 19, 2026
  • Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

    октомври 18, 2026
  • Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

    октомври 18, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (135)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (59)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (222)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (109)
  • Свето Предание и Свети Отци (107)
  • Современо општество (174)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Премиерот Мицковски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА