Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
Откритија стари 2.000 години во Храмот на Воскресението...
Гетсиманија: Пофални песнопенија на Пресвета Богородица кај Нејзиниот...
Филипче во Лешок пред „Голема Богородица“ – на...
четврток, септември 3, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОСовремено општество
Современо општествоТеологија и општество

Нова година и Божик: Живот меѓу два календари

од Црковен Журнал Логос декември 31, 2025
декември 31, 2025 0 коментари 149 прегледи 2 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Chatgpt Image Dec 31 2025 10 25 36 Am
149

Во Македонија одамна не живееме според еден календар. Божик го славиме на 7 јануари, според Јулијанскиот календар, а Новата година на 1 јануари, според Грегоријанскиот. Формално, тоа е календарска разлика. Суштински, тоа е длабока културна и духовна збунетост што со децении се продлабочува.

Новата година кај нас доаѓа прва – со гласна музика, огномети, реклами, трпези и медиумска еуфорија. Божик доаѓа потоа. Тивко. Без спектакл и внимание. И наместо да биде срцето на празничниот циклус, тој останува во сенка, како празник „по ред“, кога вниманието веќе е потрошено.

Во христијанската традиција, токму Божик е почетокот. Почеток на времето, на надежта, на новиот живот. Новата година има смисла поради Христовото Рождество, а не обратно. Но кај нас редоследот е превртен – и со редоследот е превртена и смислата.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Од кога датира Божиќниот пост и кој ја утврдил неговата денешна форма?
    ноември 26, 2025
  • Деца пеејќи божикни каланди го посетија Архиепископот на Албанија
    декември 19, 2025
  • Архиепископот на Албанија: Манипулацијата со верата е грев
    март 6, 2026

Овој пресврт не е случаен. Во комунистичкиот период, свесно и систематски, Божик беше истиснат од јавниот простор, а Нова година беше воздигната како главен празник. За да се избрише христијанската содржина, божикното дрво беше преименувано и претворено во „новогодишно“, а симболите беа одземени од Рождеството и пренасочени кон идеолошки „безбеден“ датум. Со тоа не се смени само календарот, туку и јазикот – а со јазикот и свеста.

Истата судбина ја доживеа и Дедо Мраз. Во целиот христијански свет, неговиот корен е Свети Никола – светител, епископ, симбол на милосрдието и дарувањето, длабоко поврзан со Божиќ. Кај нас, пак, тој беше лишен од својот христијански идентитет и претворен во новогодишна, световна фигура. Така, и еден од најпрепознатливите божикни симболи беше „преселен“ во Нова година.

Иако комунизмот формално заврши, неговите празнични конструкции останаа. Денес многумина искрено веруваат дека елката и Дедо Мраз „природно“ ѝ припаѓаат на Новата година, а Божик останува без свои видливи знаци. Тоа не е традиција – тоа е навика наследена од еден идеолошки период.

Интересно е и тоа што, иако македонскиот народ ја празнува Василица, речиси никој суштински не ја доживува како Нова година. Таа е празник, обичај, повод за собирање – но не и вистински почеток на годината во свеста на луѓето. Тоа само ја потврдува внатрешната противречност: духовно сме врзани за христијанскиот календар, но празнично сме обликувани од световен, идеолошки наметнат редослед.

Токму затоа, не е тешко да се замисли дека доколку Василица би паѓала на 1 јануари, би се отворил простор за конечно ослободување од комунистичките празнични конструкции и симболики. Не со забрани или ревизии, туку природно – преку враќање на смислата, редоследот и значењето.

Проблемот не е во тоа што луѓето слават. Проблемот е што живееме меѓу два календара, а не знаеме по кој од нив живееме духовно.

Можеби датумите нема да се сменат. Но редоследот може. Не во календарот, туку во свеста. Зашто Божик не е празник „после Нова година“, туку темелот поради кој воопшто има што да се честита.

Ако веќе живееме меѓу два календара, барем да знаеме кој ни го мери времето – и кој ни ја мери душата.

А.Т.

БожикГрегоријански календарЕуфоријаЈулијански календарКалендарКомунизамНова ГодинаРождество Христово
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Божикните ѕвона одекнаа низ православните храмови во Албанија
следна објава
„Древната врска меѓу Вселенската Патријаршија и бугарскиот народ“ – порака за единство од Константинопол и Бугарија

Можеби ќе ви се допадне и ова

Православната црква на Романија им оддаде почит на мачениците од суровите комунистички...

мај 17, 2026

Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

мај 1, 2026

Архиепископот на Албанија: Манипулацијата со верата е грев

март 6, 2026

Дали навистина сме христијани – или сè уште сме само комунисти во...

февруари 1, 2026

Православни дезинформациски канали го обликуваат Западен Балкан

јануари 29, 2026

Преданието за Василопитата – историски настан по кој настанала традицијата со лепчето...

јануари 13, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026
  • По што се разликува покајанието од самојадењето?

    август 31, 2026
  • Прекин на струја сопре концерт и тепачка во Пештани – слика од празнувањата на Голема Богородица

    август 29, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на човековата слобода

    август 29, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (61)
  • Интервјуа (8)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (201)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (107)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?

Популарно оваа недела

Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА