Рускиот теолог и публицист Андреј Кураев, во интервју за „Инсајдер Live“, говори за Православната црква на Русија во времето на Владимир Путин, нејзината поврзаност со државната идеологија, односот кон војната и улогата на патријархот Кирил.
„Кирил настојува да се позиционира како ‘национален фирер’ и ги убедува верниците дека ‘она што го зборува патријархот – го зборува Бог’.
Патријаршијата активно ја пропагира идејата дека загинувањето за време на јуриш ги простува сите претходни гревови, создавајќи специфичен религиозен ‘култ на смртта’.
Таканаречениот ‘храм во воено-маслинеста боја’ – Главниот храм на Вооружените сили на Руската Федерација – е идеолошки објект без вистинска парохиска заедница, во кој е собран концентрат од милитаристички митови, пагански елементи – како куполата во форма на шлем со арапско писмо или свеќниците со куршуми – како и советско-империјална симболика.
Масовните литији и ‘маратонот’ со мошти претставуваат обид по магиски пат да се влијае врз текот на воените дејствија.
Апсолутната лојалност кон државата и поддршката на империјалната идеологија се ‘константа’ на Руската православна црква.
По евентуална промена на владејачкиот режим, црковните функционери лесно ќе се приспособат на новите околности, без какво било внатрешно покајание или самоочистување.“
Извор: uaorthodox.com