Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го...
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени...
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
понеделник, септември 7, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна РЕЛИГИЈАСвета Гора
Света ГораСвето Предание и Свети Отци

„Чудо пред камерите“ – Досега нераскажани случки од снимање на репортажна емисија за свети Порфириј Кавсокаливит

од Црковен Журнал Логос декември 4, 2025
декември 4, 2025 0 коментари 176 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Starec Porfirij
176

Телевизиската продукција често крие тивки, невидливи приказни. Некои се раѓаат по новинарските простории и состаноци, други пак во студио. Но има и такви што не влегуваат во никаква новинарска рубрика затоа што ја надминуваат човечката логика.

Таква, длабоко лична и потресна сторија се случи за време на снимањето на емисијата–посвета на телевизијата MEGA за светиот старец Порфириј во 2013 година. Приказна која досега не беше целосно откриена.


Почеток што изгледал невозможен

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Престојателот на ПЦУ му упати писмо со благодарност на Патријархот Вартоломеј по посетата на Света Гора
    октомври 20, 2025
  • Света Гора: Историјат на чудотворната икона на Пресвета Богородица Парамитија (Ватопед)
    јануари 22, 2026
  • Манастир Ставроникита – Света Гора
    септември 5, 2025

Пет недели пред Велигден, авторот на текстот, новинарот Ѓорѓос Теохарис, предложил во утринската емисија „Кοινωνία Ώρα Mega“ да се подготви специјално телевизиско издание за старец Порфириј. Водителите, Георгиос Икономеас и Димитрис Камбуракис, веднаш ја прифатиле идејата.

Сепак, сите обиди да се обезбедат соговорници пропаѓале: од канцеларијата на Архиепископот – никаква реакција; од Милеси (женски манастир и духовниот центар длабоко поврзан со свети Порфириј)– исто молк. Секоја недела поминувала без одговор, а понеделничкиот редакциски состанок, на кој темите финално се одобруваат и затвораат, се приближувал сè поблиску.

Разочарувањето било очигледно. Посветата за свети Порфириј – толку посакувана – изгледало како да „не е пишано“ да се случи.


Телефонски повик што го промени текот на настаните

Утрото во 6:30 часот, додека подготовките за емисијата во 6:45 веќе биле во полн ек, заѕвонил телефонот во редакцијата. Една од новинарките кренала и му се обратила на авторот.

„Те бара некоја жена за старец Порфириј“, му рекла.

На слушалката – тивок, сладок, чист глас, речиси мелодичен:

– „Кој го прави прилогот за свети Порфириј?“
– „За жал, госпоѓо, нема да го правиме. Не можеме да најдеме соговорници“, одговорил новинарот.
– Не, чедо мое. Ќе го направите. По неговиот благослов. Отец Порфириј веќе е меѓу Светиите. Продолжете, и сè ќе ви се отвори.“
– „Која сте вие? Од каде…?“
– „Не е важно. Важно е дека започнувате нешто што е по Божја Волја.“

Линијата се прекинала.

Колегите ја отфрлиле како „некој чуден повик рано наутро“. Но новинарот не можел да ја заборави таа необична, мирна сигурност во гласот.


Неочекуван пресврт за само два часа

Околу 9 часот заѕвонил мобилниот телефон. На линија бил тогашниот одговорен за печат во Архиепископијата, сегашниот митрополит Тесалиотидски Тимотеј:

– „Блаженејшиот ќе зборува за старецот Порфириј“, рекол.

Додека новинарот уште се обидувал да се соземе од изненадувањето, следел нов телефонски повик – овојпат од Милеси. Му го дале бројот од тогаш 11-годишната Нектарија Каранѕи, која постојано му пеела на старецот.

Но Нектарија веќе се подготвувала за лет во странство и не можела да даде интервју.

Тогаш авторот донел одлука: екипата да замине во параклисот на свети Герасим, покрај Поликлиниката Атина – местото каде свети Порфириј со години ги минувал ходниците, лекувајќи и крепејќи стотици болни.


„Случајната“ средба со Нектарија – која не била случајна

Додека се снимал воведниот прилог пред влезот на Поликлиниката, некој го потапкал по рамо.

Пред него стоела висока девојка:
– „Здраво. Јас сум Нектарија Каранѕи.“

Новинарот останал без збор.
– „Но… зарем не требаше да летате утрово?“
– „Летот беше откажан… и помислив да поминам од тука“, му одговорила таа.

Очите и се насолзиле додека зборувала за старец Порфириј. Влегле во параклисот и започнале со снимање.


Момчето со гипсот и уште еден неочекуван сведок

Во параклисот седел млад човек со рака во гипс, кој внимателно го следел снимањето.
– „Правите прилог за старецот?“, прашал.
– „Да, но со голем труд“, му одговориле.

Тогаш момчето им кажало дека неговиот духовник, отец Георгиос Алеврас, бил член на братството на свети Порфириј – и дека токму во неговите раце старецот го предал својот дух.

„Тој е тука во близина, но попладнево заминува за Кавсокаливија. Обидете се да го пресретнете“, ги посоветувал.

За кратко време тимот се нашол лице в лице со еден од најблиските духовни чеда на светиот.


Сцени што не можат да се соберат во една репортажа

Отец Георгиос ги прошетал по просторите на Поликлиниката, каде старецот Порфириј го пројавувал своето чудотворство.

Таму им пријде постара жена:
– „Може ли да прашам, дали Вие правите нешто за старецот Порфириј?“
– „Да, зборуваме за него“, одговорил новинарот.
– „Чедо мое, немам дојдено тука веќе десет години. Денес дојдов по некои документи. Бев медицинска сестра триесет години. Старецот беше Светец. Луѓето велеа дека го гледале како левитира на плоштадот Омонија. И јас самата го видов со свои очи…“

Снимачката екипа занемела. Сите имале чувство дека некоја невидлива присутност ги води кон луѓе–сведоци, токму тогаш кога им биле потребни.


Една посвета која изгледаше како да се „пишува“ од самиот Светител

На крај, во снимањето биле вклучени:

  • интервју со Архиепископот Атински,
  • сведоштво од професорот Крусталакес,
  • разговор со Нектарија Каранѕи,
  • интервју со отец Георгиос Алеврас,
  • отец Никодимос Каварнос,
  • и многу други духовни чеда на свети Порфириј кои се појавиле, како што велеа членовите на екипата, „од никаде“.

Посветата беше снимена и емитувана во текот на Страсната седмица, оставајќи силен и траен впечаток кај гледачите.


„Некои работи не се објаснуваат“

Некои нешта не се објаснуваат со логика, не се планираат и не се форсираат. Едноставно – се случуваат.

А оние што се наоѓаат таму кога се случуваат, како што сведочи авторот, во длабочината на душата разбираат дека се работи за нешто многу повеќе од обичен телевизиски прилог: јавна исповед на срцето, мала, но живо сведоштво за Светител кој и по својот премин продолжува да ги води оние што со доверба му се приближуваат.

„Таков беше свети Порфириј“, завршува сведоштвото на новинарот.


Mega Channel

Автор: Ѓорѓос Теохарис

Извор: vimaorthodoxias.gr

Нектарија КаранѕиНовинариСвета ГораСвети Порфириј КавсокаливитТелевизијаЧудо
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Митрополијата на Солун подари современо опремено возило на службата за итна медицинска помош
следна објава
Свети Сава Осветен

Можеби ќе ви се допадне и ова

Новинар преноќи во Пресветиот Гроб Господов – ова е неговото лично искуство

август 27, 2026

Голема врева во Санторини по наводно чудо: Митрополијата ги повлече иконите на...

август 24, 2026

Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието

мај 29, 2026

Свети Порфириј Кавсокаливит: Однесувањето на децата е одраз на духовната состојба на...

мај 1, 2026

Една молитва: Неочекувано чудо и мајчинската прегратка на Богородица

мај 1, 2026

Војните и глобалната несигурност го зголемија бројот на поклоници на Света Гора

април 24, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

    септември 5, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“

    септември 5, 2026
  • Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“

    септември 4, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (202)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (108)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

Популарно оваа недела

Предавството во и на црквата
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА