Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме...
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната...
Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој...
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на...
Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света...
Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе...
Вселенскиот патријарх: „Она што го реков во 1991...
Премиерот Мицковски: Набавени се 100 нови амбулантни возила,...
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст...
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под...
петок, октомври 23, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
КолумниСвето Предание и Свети Отци

Ерархија или црковна диктатура?

од Црковен Журнал Логос октомври 6, 2025
октомври 6, 2025 0 коментари 165 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
165

Отец Саватиј Баштовој

„Власта која црковните водачи треба да ја имаат над паствата, за жал, се претвора во диктатура. Намерно го искористив поимот „паства“, а не потчинетите, бидејќи во Црквата иако постои потчинување, сепак нема потчинети. Напротив, според православното учење, единствен потчинет е самиот водач.

Христовите зборови се многу остри кога Он вели: „Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга“ (Мат. 20,25-27). Секој свештеник треба да биде како Него.

Во меѓучовечките односи најгрозна работа е предавството и диктатурата. Да му наредуваш на друг човек, значи да го извадиш од неговата глава венецот на слободата кој му бил даден од Самиот Христос. Бидејќи „Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Мат. 20,28). Диктатурата е спротивна на човечката природа, бидејќи ние сме според подобието и образот на Божјата слобода и самостојност.

Затоа, Христос, исто така, сакајќи да го сочува ова начело, пред да им даде на учениците власт да врзуваат и одврзуваат, им ги изми нозете, покажувајќи им го начинот на кој тие ќе мораат да ја покажат својата власт.

Евангелието треба да влезе во животот на христијаните; тоа не е само збир од метафори и убави поуки. Во денешно време има такви „Евангелски“ свештеници. Еден од нашите современици од Грција, отец Епифаниј (Теодоропулос, 1930-1989), кој буквално го применувал примерот со миењето нозе. Бидејќи тој беше многу образован и многу отворен човек, многу студенти доаѓаа кај него да ги исповедаат своите гревови, специфични за таа возраст.

Но, старецот не им велеше да прават метании, туку ги водеше во својата ќелија, донесуваше леген со вода и им ги миеше нозете, молчејќи. Ова беше епитимијата што отец Епифаниј обично ја даваше за потешки гревови. Некои од овие млади подоцна признаваа дека дури и кога биле поттикнувани од своите другари кон некој грев, тие избегнувале, бидејќи им било срам од тоа, дека старецот може пак да им ги мие нозете.

Ако сите свештеници го запазуваа ова начело кое ни е дадено од Христос, тогаш реформата на Мартин Лутер ќе беше излишна и школите на „научен атеизам“ исто така нема да постоеја. Се разбира, не мора да одиме во крајности, но да најдеме решение, без да го исклучуваме свештенството, бидејќи Христос ни даде слобода, но и свештенство. Поради ова треба да правиме разлика помеѓу власт и диктатура.

Власта и моќта им се дадени на свештениците (и на свештениците и на епископите) со цел да го осудат злото и да воспостават добар поредок. Кога власта, дадена од Христа, ќе биде злоупотребена со други цели, тогаш таа се претвора во диктатура. Со предавството на начелата Христови, ние стануваме предавници на Самиот Христос.

Како е можно да постојат поредокот и потчинувањето, без да первертираат во диктатура? Љубовта прави сѐ да биде возможно: „Ете, нова заповед ви давам: Да се љубите еден со друг…“ (Јован 13,34).

Извор: https://crkvaveles.mk/%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%80%d1%85…/…

ДиктатураОтец Саватиј БаштовојЦрковни лидери
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Вселенскиот Патријарх — Свет татко за подвижниците и монасите од Света Гора, а соблазна за политиката и светот
следна објава
Што значи зборот „Црква“?

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме Вашата поддршка за Црквата на Грузија

    октомври 22, 2026
  • Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА

    октомври 22, 2026
  • Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој учествувал на Четвртиот вселенски собор?

    октомври 22, 2026
  • За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница

    октомври 22, 2026
  • Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света Гора (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

    октомври 22, 2026
  • Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе голем благослов за милиони украински верници“

    октомври 22, 2026
  • Вселенскиот патријарх: „Она што го реков во 1991 година…“

    октомври 22, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (58)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (137)
  • Изјави и соопштенија (67)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (59)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (109)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (223)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (111)
  • Свето Предание и Свети Отци (109)
  • Современо општество (175)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (18)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме Вашата поддршка за Црквата на Грузија
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА
Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој учествувал на Четвртиот вселенски собор?
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница
Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света Гора (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе голем благослов за милиони украински верници“
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА