Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Вселенската патријаршија го осуди нападот врз Киево-печерската лавра
Откриена ретка фреска на Христос во Никеја и...
На денешен ден: „Одеднаш пред нас се најде...
Архиепископот на Финска: „Русија ја нападна Киево-печерската лавра....
Романската патријаршија изрази длабока загриженост поради нападот врз...
Одржани првите летни кампови за млади на Митрополијата...
Киево-печерска лавра во пламен по руски воздушен напад
Патријархот Теофил: Се надевам дека наскоро ќе се...
Митрополитот шведски Клеопа: Вселенскиот патријарх е една од...
„Волци во овчји кожи“: книга за улогата на...
вторник, јуни 16, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОПоучни текстови
Поучни текстови

Најголемиот грешник

од Црковен Журнал Логос април 30, 2026
април 30, 2026 0 коментари 48 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Maxresdefault 5
48

Во исповедалницата кај еден духовник дојде еден многу голем грешник. Никогаш немаше сретнато друг човек со толку големи гревови. Додека го слушаше, го обзеде ужас. Му се вознемири утробата. „Боже мој! Страшно! Што слушам! Каков сатана е овој!“

Не стигна несреќникот ни да заврши, а духовникот полн со вознемиреност му рече:
– Запри! Се ужаснав. Ќе го изгубам разумот. Ова не се човечки гревови. Сатански се. Оди си! Ти недостига покајание. Оди си! Не можам повеќе да те слушам. Оди!

Излезе од исповедалницата очаен. Што да прави сега? Единственото што му остана на светот беше милоста Божја. Но, штом и таа врата се затвори, ништо не му остана. Гледајќи кон морето надолу, мислеше преостанато „решение“: да скокне и да се удави! Да стави крај на своите маки!

Но Бог е голем! Во таа состојба го сретна еден монах од скитот на Света Ана, кој случајно му беше познат!
– Еј! Што се случува? Како си? Што правиш?
Тој не зборуваше.
– Еј! Што ти стана? Зошто не зборуваш?
Се помачи но сепак успеа да дознае што се случило. Монахот се нажали, и му се скрши душата. Како да му помогне? Помисли дека има само едно решение – по секоја цена да го одведе кај старецот Сава. Се измачи многу, но на крај успеа.

Старецот Сава го почувствува неговото страдање само што го виде. „Братот мој“, помисли, „е во бездна. За да го извадам, треба и јас да се симнам таму.“
– Духовниче, има ли за мене спасение?
– За тебе, брате мој? За сите има спасение. Милоста Божја е поширока од небото и подлабока од бездната.
– Не! За мене, грешниот, нема спасение. Невозможно е.
– За тебе? Смешна работа! Замисли, имаше спасение и за мене.
– А какви гревови направи ти?
– Големи, многу големи.
– Какви големи! Кој може да згрешил пред Бога како мене!
– А сепак! Ете, еднаш не бе внимателен, се занесов и паднав во следниов грев…

И тука старецот Сава спомна еден тежок грев. Оној веднаш оживеа. Се охрабри.
– А! Духовниче мое, токму тој грев го имам направено и јас!
– И ти? Не грижи се. Бог ќе ти прости. Доволно е што го исповеда.

Старецот Сава продолжи на истиот начин. „Трикот“ успеа целосно. Несреќникот се охрабри и со искреност го исповеда целиот тежок список на своите гревови. Му даваше сила мислата дека духовникот е како него.

– Јас, се покајав и горко плачев. Веќе две години живеам поинаку. Ми дадоа послушание дури и да станам духовник. Го направив и тоа. Давав милостиња. Постев. Станав друг човек.
– И јас, духовниче мое, се каам со цела душа. И пост и сè што ќе ми кажеш ќе правам.
– Ако си решилда го промениш животот, наведни се да ти ја прочитам разрешителната молитва, за Бог да ти ги избрише сите гревови.

По малку време, човекот „леташе“ од радост, бидејќи го симна од себе тешкиот товар. Среќавајќи го монахот во скитот, му рече:
– Ме спаси! Станав друг човек!
– Слава на Бога.
– Добар духовник! Добар! Милосрден! Само што кутриот направил полоши работи од мене.
Другиот, сфати веднаш и му рече:
– Полоши од тебе? Мала шала! Тој, брате, од мал живее на Света Гора и е како ангел. Затоа и се удостои да стане свештеник.

Тогаш човекот се зачуди. Што се случило? Кога му објаснија, го разбра „трикот на љубовта“. Се восхити длабоко и се исполни со безгранична љубов кон тој прекрасен лекар и исцелител на душите.

(Геронтик – збирка поучни раскажувања и духовни поуки од светите старци и подвижници)

Старечник
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Наставничка отфрлила детски цртеж поради „христијанофобија“!
следна објава
Криза на идентитетот: Дали правиме разлика меѓу празници како Велигден и Први Мај – или сè сведуваме на скара, алкохол и продолжен викенд?

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026
  • 100-те зборови што ја открија бездната

    март 4, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Вселенската патријаршија го осуди нападот врз Киево-печерската лавра

    јуни 15, 2026
  • Откриена ретка фреска на Христос во Никеја и нови непознати богослужбени локации

    јуни 15, 2026
  • На денешен ден: „Одеднаш пред нас се најде камион“, сведочи неговата внука за смртта на архиепископот г.г. Ангелариј

    јуни 15, 2026
  • Архиепископот на Финска: „Русија ја нападна Киево-печерската лавра. Кога ќе заврши оваа бесмислена војна?“

    јуни 15, 2026
  • Романската патријаршија изрази длабока загриженост поради нападот врз Киево-печерската лавра

    јуни 15, 2026
  • Одржани првите летни кампови за млади на Митрополијата на Шведска

    јуни 15, 2026
  • Киево-печерска лавра во пламен по руски воздушен напад

    јуни 15, 2026

Категории

  • Uncategorized (7)
  • АНАЛИЗИ (41)
  • БОГОСЛОВИЕ (1)
  • ВЕСТИ (2)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (45)
  • Изјави и реакции (118)
  • Изјави и соопштенија (39)
  • Интервјуа (7)
  • Колумни (43)
  • Култура (23)
  • Литургија и црковен живот (60)
  • Меѓуправославни односи (78)
  • Меѓурелигиски односи (26)
  • Настани (131)
  • Новости (169)
  • ОПШТЕСТВО (2)
  • Основи на верата (15)
  • Поглед на Исток (47)
  • Поучни текстови (50)
  • Света Гора (76)
  • Свето Предание и Свети Отци (74)
  • Современо општество (134)
  • Теологија и општество (88)
  • Фото (9)
  • Христијанство и Запад (27)
  • Црковна историја и Собори (15)
  • Црковни закони и канони (3)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Велик пост Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Израел Македонија Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Папата Лав XIV Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Скопје Солун Србија Украина Христијани Христијанство Цариград Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Вселенската патријаршија го осуди нападот врз Киево-печерската лавра
Откриена ретка фреска на Христос во Никеја и нови непознати богослужбени локации
На денешен ден: „Одеднаш пред нас се најде камион“, сведочи неговата внука за смртта на архиепископот г.г. Ангелариј
Архиепископот на Финска: „Русија ја нападна Киево-печерската лавра. Кога ќе заврши оваа бесмислена војна?“
Романската патријаршија изрази длабока загриженост поради нападот врз Киево-печерската лавра

Популарно оваа недела

На денешен ден: „Одеднаш пред нас се најде камион“, сведочи неговата внука за смртта на архиепископот г.г. Ангелариј
Откриена ретка фреска на Христос во Никеја и нови непознати богослужбени локации
Патријархот Теофил: Се надевам дека наскоро ќе се сретнат поглаварите на древните патријаршии
Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието
Одржани првите летни кампови за млади на Митрополијата на Шведска

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА