Со особена свеченост и духовна возвишеност беше прославен празникот на светиот славен Првоповикан и Првоврховен Апостол Андреј во Светиот Ватопедски општежителен Скит на Свети Андреј на Света Гора, познат и како Серај. Голем број отци и поклоници се собраа за да му оддадат чест на Првоповиканиот Апостол, заштитник и духовен покровител на Скитот.
За време на празничната Вечерна богослужба началствуваше Дикејот (старешината) на Скитот, старецот Нектариј, заедно со голем број на монаси, додека црковните псалти мелодично ги изведуваа празничните химни, придонесувајќи за молитвената и благодатна атмосфера на богослужбата.
На самиот ден на празникот беше отслужена свечената Света Литургија, на која началствуваше игуменот на Светиот Велик Манастир Ватопед, старецот Ефрем, сослужуван од Дикејот на Скитот, старецот Нектариј, како и од бројни келиоти-отци.
По повод празникот, старецот Ефрем имаше можност да се сретне и да поразговара со учениците и наставниците од Атонската Црковна Академија, упатувајќи им татковски поуки и зборови за духовна градба.
Извор: orthodoxianewsagency.gr











































