Пред неколку дена, ученичка од петто одделение во училиште во Пела, Грција се вратила дома среќна и возбудена.
Наставничката им дала задача на децата да нацртаат цртеж за „Ѕвездичка на желбата“, акција за поддршка на деца заболени од рак.
Девојчето, кое посетува и часови по цртање, вложило многу труд и душа. Нацртала девојче без коса (болно, како што го замислувала), кое радосно се ниша на лулашка. Над него го нацртала Христос со ореол, како благословува, а околу – глуварчиња што се разлетуваат на ветерот со испишани желби: „Здравје“, „Надеж“, „Среќа“.
Следниот ден, сепак, се вратила дома расплакана. Наставничката го одбила цртежот со образложение дека „не сите деца имаат иста религија“, па затоа не може да учествува на натпреварот.
Таткото на ученичката, револтиран, изјавил: „Малата направи нешто толку убаво и полно со љубов. И ја одбија поради Христос?“.
Во време кога православието и традицијата се под постојан притисок, ваквите настани во јавните училишта предизвикуваат силни реакции. Детска изразена љубов и надеж била отфрлена затоа што го содржела Христос.
Се поставува прашањето: дали би било истото ако ученичката била од друга вера и нацртала религиозен мотив од неа?
Извор: vimaorthodoxias.gr