Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Каруљја – домот на светогорските пустиножители
Речиси по еден инцидент дневно: Расте насилството врз...
Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката...
Митрополитот Епифаниј до младите во Украина: „Бидете воини...
Македонците масовно летуваат во ова место во Грција...
Почеток на Богородичниот пост – две недели духовна...
Вселенскиот патријарх: „Оние што се спротивставуваат на канонскиот...
Реакција на МПЦ-ОА за скандалозната изјава на српскиот...
Подземната капела на Националната катедрала во Букурешт ќе...
Јордан започна со подготовки за одбележување 2.000 години...
сабота, август 15, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ВЕСТИНастани
НастаниСвета Гора

Меѓународен симпозиум за Старец Емилијан Симонопетрит: Атина стана светски центар на Православието

од Црковен Журнал Логос мај 12, 2026
мај 12, 2026 0 коментари 43 прегледи 2 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Thw
43

Со особено голем успех, длабока духовна атмосфера и меѓународен одек заврши Меѓународниот богословски симпозиум на тема „Спомен и чест на Старец Емилијан Симонопетрит: Сведок на славата Божја и духовен водител“, кој се одржа од 8 до 10 мај 2026 година во Атина и ја истакна огромната духовна оставнина на блаженоупокоениот старец во современото Православие.

Симпозиумот беше заеднички организиран од Света Велика обител Ватопед и Манастир Симонопетра, по иницијатива на ватопедскиот старец Ефрем, и собра во Атина истакнати богослови, архиереи, игумени, академици и бројни верници од Грција и од странство.

Работите започнаа во Christmas Theater во присуство на Архиепископ Јероним II, претставници на Црквата, државата и академската заедница, додека главниот дел од сесиите се одржа во хотелот Wyndham Grand Athens, претворајќи ја грчката престолнина во центар на православната богословска мисла.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Црквата во Грција – тивка армија на милосрдие: сиропиталишта, домови за стари и рака на надежта!
    септември 11, 2025
  • Грција најави затворање на сите нелегални џамии во главниот град
    февруари 16, 2026
  • Вселенскиот патријарх и претставници од 10 цркви од свет се сретнаа во Атина на теолошка конференција
    октомври 2, 2025

Во текот на симпозиумот беа презентирани повеќе од триесет излагања, кои осветлија значајни аспекти од личноста и делото на Старец Емилијан Симонопетрит. Особен акцент бил ставен на неговото влијание врз современиот монашки живот, придонесот за развојот на општежителниот монашки поредок, како и неговата духовна отвореност кон Западот и другите православни цркви.

Учесниците посебно се осврнале и на неговиот однос со големите духовни личности на неговото време, како и на начинот на кој им пристапувал на младите и ја служел Светата Литургија.

„Старец Емилијан не беше само просветлен светогорски монах, туку светска духовна личност која длабоко влијаеше врз генерации монаси и мирјани ширум светот“, истакнале дел од учесниците на симпозиумот.

Особено емотивно било обраќањето на игуменот на Манастир Симонопетра, Старец Елисеј, кој на затворањето на симпозиумот го споредил делото на Старец Емилијан со „извор на жива вода“ што и денес духовно го напојува современиот човек.

„Сите на симпозиумот се собравме околу изворот на водата што ја нуди делото на Старец Емилијан“, рекол Старец Елисеј, предизвикувајќи силни емоции кај присутните.

Според информациите на грчките медиуми, интересот од странство бил исклучително голем, со учества и онлајн вклучувања од Европа, САД, Канада, Австралија и земјите од Блискиот Исток.

Богослови и црковни аналитичари нагласиле дека личноста на Старец Емилијан и понатаму претставува „мост“ меѓу автентичната светогорска традиција и современиот свет кој бара духовна насока.

Многумина од учесниците оцениле дека симпозиумот не бил само академски или црковен настан, туку голем духовен собир кој ја покажал живата присутност на Света Гора во современиот свет и единството на Православието.

Автор: Георгиј Теохарис
Извор: orthodoxianewsagency.gr

АтинаСимпозиумСтарец Емилијан Симонопетрит
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Папата Лав XIV: Христијаните и муслиманите заедно да ја оживеат човечноста што оладила
следна објава
Светиот архијерејски собор на СПЦ започнува на 13 мај во Белград

Можеби ќе ви се допадне и ова

130 украински деца згрижени во летен камп на Атинската архиепископија

август 12, 2026

Двајца грчки туристи остануваат притворени во Турција по инцидент со знаме во...

мај 11, 2026

Што се случува со манастирот „Света Екатерина“ на Синај?

мај 9, 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј од Атина: Верата не може да биде оправдување за...

мај 5, 2026

Трело-Јанис: Еден сосема обичен современ „светител“?

мај 1, 2026

Во Атина ќе се одржи меѓународен теолошки симпозиум во чест на старец...

април 26, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026
  • 100-те зборови што ја открија бездната

    март 4, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Каруљја – домот на светогорските пустиножители

    август 14, 2026
  • Речиси по еден инцидент дневно: Расте насилството врз христијаните во Ерусалим

    август 14, 2026
  • Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката Црква – Вселенската патријаршија ѝ даде нов живот

    август 14, 2026
  • Митрополитот Епифаниј до младите во Украина: „Бидете воини на светлината“

    август 14, 2026
  • Македонците масовно летуваат во ова место во Грција – малкумина знаат дека во храмовите има богослужби на ист јазик како кај нас

    август 14, 2026
  • Почеток на Богородичниот пост – две недели духовна подготовка пред Успение на Пресвета Богородица

    август 14, 2026
  • Вселенскиот патријарх: „Оние што се спротивставуваат на канонскиот поредок на Црквата ќе дадат одговор пред Бога“

    август 13, 2026

Категории

  • Uncategorized (7)
  • АНАЛИЗИ (54)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (55)
  • Изјави и реакции (120)
  • Изјави и соопштенија (55)
  • Интервјуа (8)
  • Колумни (52)
  • Култура (24)
  • Литургија и црковен живот (69)
  • Меѓуправославни односи (93)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (144)
  • Новости (187)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (51)
  • Поучни текстови (58)
  • Света Гора (90)
  • Свето Предание и Свети Отци (83)
  • Современо општество (145)
  • Теологија и општество (97)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (16)
  • Црковни закони и канони (3)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Израел Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Скопје Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Цариград Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Каруљја – домот на светогорските пустиножители
Речиси по еден инцидент дневно: Расте насилството врз христијаните во Ерусалим
Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката Црква – Вселенската патријаршија ѝ даде нов живот
Митрополитот Епифаниј до младите во Украина: „Бидете воини на светлината“
Македонците масовно летуваат во ова место во Грција – малкумина знаат дека во храмовите има богослужби на ист јазик како кај нас

Популарно оваа недела

На Кефалонија повторно се појавија „змиите на Богородица“
Македонците масовно летуваат во ова место во Грција – малкумина знаат дека во храмовите има богослужби на ист јазик како кај нас
Посна пита од Света Гора со крем од гриз: Лесна и крцкава
Реакција на МПЦ-ОА за скандалозната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ
Вселенскиот патријарх пристигна на Имврос во придружба на Александрискиот патријарх и Архиепископот Албански

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА