Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари...
Сослужување во Москва по повод 80-тиот роденден на...
Грција: Вооружените сили на армијата ја чествуваат Пресвета...
Под Света Софија откриени 420 метри подземни тунели:...
„Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот...
Путин: „Секој ден се молам за Русија и...
Муслиманите до 2035 година ќе бидат побројни од...
Истражување за улогата на Руската црква во ширењето...
Руски напад го оштети најстариот храм во Днипро
„Света Софија“ на Нубија ги открива своите тајни
недела, ноември 22, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИ
АНАЛИЗИТеологија и општество

Судско рочиште за укинување: Црквата предводена од митрополитот Онуфриј во Украина останува под Московската патријаршија

од Црковен Журнал Логос јуни 19, 2026
јуни 19, 2026 0 коментари 47 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Jw0v6s14b8
47

Пишува: Панајотис Ант. Андриопулос

Во Украина е закажано судско рочиште во постапката што може да доведе до укинување на Украинската православна црква предводена од митрополитот Онуфриј, која украинските власти ја сметаат за поврзана со Москва.

Адвокатот на оваа црковна структура, Микита Чекман, соопштил дека судската расправа ќе се одржи на 2 јули 2026 година, во 10 часот, пред Шестиот управен апелациски суд.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Нови оштетувања на христијански храмови во Украина од руски напади
    април 6, 2026
  • Руската црква во служба на геополитиката: Москва гради „сојуз на вредности“ со исламскиот свет
    мај 19, 2026
  • Митрополитот на Киев повика на прошка и милост пред Неделата на простувањето
    февруари 20, 2026

Постапката е поведена по тужба на украинската Државна служба за етнополитика и слобода на совеста, со барање да биде прекината дејноста на Киевската митрополија предводена од митрополитот Онуфриј, а со тоа и на целата Украинска православна црква позната под кратенката УПЦ.

Доколку судот го прифати барањето, црковната структура би можела да се соочи со губење на својството правно лице, затворање на банкарските сметки и губење на правата за управување со храмовите и манастирите.

Украинските власти сметаат дека УПЦ и натаму одржува скриени врски со Московската патријаршија, што во услови на војна се оценува како закана за националната безбедност.

Од друга страна, црквата предводена од митрополитот Онуфриј ги отфрла обвинувањата. Нејзините претставници тврдат дека уште во мај 2022 година била прогласена целосна независност од Москва и дека сегашната постапка претставува пристрасно гонење и нарушување на верската слобода на нејзините верници.

Сепак, авторот на анализата посочува на изјавата на Михаил Мелех, специјален претставник на министерот за надворешни работи на Русија за меѓународна соработка во областа на верските слободи.

За време на Руско-асеанскиот деловен форум во Казан, одржан од 17 до 19 јуни 2026 година, Мелех изјавил дека Украина претставува еден од највпечатливите примери на нарушување на правата на верниците во светот.

Рускиот претставник зборувал за напади врз свештеници, кривични постапки против нив и преземање црковни храмови. Тој навел дека украинските власти започнале најголем бран на гонење во современата историја на земјата против Украинската православна црква, за која отворено рекол дека ѝ припаѓа на Московската патријаршија и дека е најголемата верска заедница во Украина.

Според авторот, ваквата изјава покажува дека тврдењето на црковното раководство во Киев дека целосно ги прекинало врските со Москва не е потврдено во практиката.

„Што значи тогаш тоа што приврзаниците на митрополитот Онуфриј тврдат дека ги прекинале врските со Москва? Тоа никогаш не се случило, ниту важи денес. Русија ја смета Црквата во Украина за сопствено прашање“, оценува Андриопулос.

Авторот смета дека токму влијанието на Москва е една од причините поради кои дел од помесните православни цркви не ја признаваат автокефалната Православна црква на Украина, предводена од митрополитот Киевски Епифаниј, на која Вселенската патријаршија ѝ додели Томос за автокефалност.

Според него, тие цркви од различни причини избегнуваат да ѝ се спротивстават на Москва или да ја нарушат својата соработка со Православната црква на Русија.

Андриопулос го отфрла тврдењето дека постапките против црковната структура на митрополитот Онуфриј претставуваат верски прогон. Тој оценува дека правните мерки што ги презема Украина се оправдани во услови на војна, имајќи ја предвид, како што тврди, нејзината трајна поврзаност со државата што ја нападна Украина.

Авторот посочува и дека Русија настојува црковното прашање да биде дел од разговорите за евентуален мировен договор.

Според неговата анализа, Москва не е подготвена да се откаже од влијанието што го остварува преку црковните структури во Украина. Истото важи и за нејзиниот однос кон православните заедници во балтичките држави.

На крајот, Андриопулос ги повикува помесните православни цркви повторно да ја проценат состојбата и да го преиспитаат својот однос кон црковното прашање во Украина.

„Историјата, на еден или на друг начин, ќе ја надмине нивната пасивна позиција“, заклучува авторот.

Извор: https://fosfanariou.gr/

Митрополит ОнуфријРусијаУкраинаУкраинска Православна ЦркваУкранска Православна Црква - Московска Патријаршија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Христос не благословува војни: Може ли Црквата да молчи кога се убиваат невини?
следна објава
Свети Даниил Катунакиски за русификацијата и руските рубљи

Можеби ќе ви се допадне и ова

Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари средба со рускиот патријарх...

ноември 22, 2026

Путин: „Секој ден се молам за Русија и за рускиот народ“

ноември 19, 2026

Истражување за улогата на Руската црква во ширењето на руското политичко влијание...

ноември 18, 2026

Руски напад го оштети најстариот храм во Днипро

ноември 18, 2026

Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира...

октомври 22, 2026

Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе голем благослов за милиони...

октомври 22, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари средба со рускиот патријарх Кирил

    ноември 22, 2026
  • Сослужување во Москва по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил

    ноември 22, 2026
  • Грција: Вооружените сили на армијата ја чествуваат Пресвета Богородица како своја заштитничка

    ноември 21, 2026
  • Под Света Софија откриени 420 метри подземни тунели: Нови сведоштва за византиски Константинопол

    ноември 21, 2026
  • „Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот на Православната црква на Србија во Косово

    ноември 21, 2026
  • Путин: „Секој ден се молам за Русија и за рускиот народ“

    ноември 19, 2026
  • Муслиманите до 2035 година ќе бидат побројни од христијаните во светот, покажува ново истражување

    ноември 19, 2026

Категории

  • Uncategorized (11)
  • АНАЛИЗИ (61)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (72)
  • Изјави и реакции (138)
  • Изјави и соопштенија (71)
  • Интервјуа (10)
  • Колумни (61)
  • Култура (31)
  • Литургија и црковен живот (87)
  • Меѓуправославни односи (114)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (158)
  • Новости (232)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (59)
  • Поучни текстови (66)
  • Света Гора (114)
  • Свето Предание и Свети Отци (111)
  • Современо општество (180)
  • Теологија и општество (123)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (32)
  • Црковна историја и Собори (20)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Делегација на МПЦ-ОА сослужуваше во Москва и оствари средба со рускиот патријарх Кирил
Сослужување во Москва по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил
Грција: Вооружените сили на армијата ја чествуваат Пресвета Богородица како своја заштитничка
Под Света Софија откриени 420 метри подземни тунели: Нови сведоштва за византиски Константинопол
„Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот на Православната црква на Србија во Косово

Популарно оваа недела

Од врвен хирург до монах на Света Гора: животната приказна на отец Лука Ватопедски
„Света Софија“ на Нубија ги открива своите тајни
Архиепископот Елпидофор го губи правото да го именува раководителот на архонтите на Вселенската патријаршија
„Студентската листа“ во Србија најавува заштита на имотот на Православната црква на Србија во Косово
Руски напад го оштети најстариот храм во Днипро

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА