Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во...
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување...
Света Гора како фактор на религиска дипломатија и...
Македонија на прво место во светот според бројот...
ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната...
Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година...
Сè помалку деца, сè повеќе починати: Македонија со...
Вознемиреност и очај: Што нè учат светителите и...
Ерусалимскиот патријарх: Поделбите го ослабуваат сведоштвото на Црквата...
Автокефалноста повторно во центарот на вниманието – Григориј,...
среда, септември 30, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИКолумни
Колумни

МПЦ-ОА срамежливо до Вучиќ: Скопје е на наша канонска територија

од Црковен Журнал Логос август 15, 2026
август 15, 2026 0 коментари 62 прегледи 5 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Porfirij I Vucic
62

Во реакцијата на МПЦ–ОА нема директна реченица дека Српската православна црква нема јурисдикција во Скопје, ниту пак се бара од Вучиќ да ја повлече, коригира или појасни својата изјава. Сепак, клучната порака на Синодот се наоѓа во формулацијата дека МПЦ–ОА својата духовна и пастирска мисија ја остварува кон сите православни христијани „на својата канонска територија“, без оглед на нивната национална, политичка, културна или етничка припадност. Со тоа МПЦ–ОА, иако индиректно, потсетува дека Скопје и Македонија се нејзина канонска територија и дека православните верници кои живеат на таа територија не се определуваат црковно според нивната етничка припадност.

/A.T.

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија реагираше на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, говорејќи во Мркоњиќ Град за Српската православна црква, го спомена и Скопје меѓу местата каде што, според неговите зборови, „Српската Црква е иста“.

Изјавата предизвика реакции во македонската јавност токму поради споменувањето на Скопје во таков контекст и отвори прашање дали станува збор за невнимателна формулација, политичка порака или за став што навлегува во прашањето на црковната јурисдикција во Македонија.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Патријархот на Србија додели стипендии на студентите на Белградскиот Универзитет
    ноември 28, 2025
  • Патријархот Порфириј во Нови Сад ја истакна „длабоката поврзаност“ меѓу Србија и Русија
    април 24, 2026
  • МПЦ-ОА: Цивилниот управник на Света Гора во Бигорски манастир– „Се чувствуваме како да сме на Света Гора“
    јули 8, 2026

Во реакцијата на МПЦ–ОА нема директна реченица дека Српската православна црква нема јурисдикција во Скопје, ниту пак се бара од Вучиќ да ја повлече, коригира или појасни својата изјава. Сепак, клучната порака на Синодот се наоѓа во формулацијата дека МПЦ–ОА својата духовна и пастирска мисија ја остварува кон сите православни христијани „на својата канонска територија“, без оглед на нивната национална, политичка, културна или етничка припадност. Со тоа МПЦ–ОА, иако индиректно, потсетува дека Скопје и Македонија се нејзина канонска територија и дека православните верници кои живеат на таа територија не се определуваат црковно според нивната етничка припадност.

Токму затоа, меѓутоа, следниот дел од соопштението отвора дополнително прашање. Синодот наведува дека МПЦ–ОА е „длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ“, а веднаш потоа додава дека таа останува „Црква отворена за сите“. Таквата формулација може да се разбере како обид истовремено да се нагласи историската поврзаност на МПЦ–ОА со македонскиот народ и нејзиниот наднационален црковен карактер.

Но во контекст на конкретната изјава на Вучиќ, таа остава простор и за едно проблематично толкување. Практично, може да се добие впечаток дека соопштението остава можност зборовите на Вучиќ да бидат оправдани со објаснување дека тој, кога рекол дека „Српската Црква е иста и во Скопје“, можеби мислел само на припадниците на српската заедница во Македонија.

Но токму тука се појавува суштинскиот проблем. Православните Срби што живеат во Македонија, според територијалниот принцип на кој се повикува и самото соопштение на Синодот, не претставуваат некаква посебна црковна категорија која автоматски ѝ припаѓа на Српската православна црква. Ако Македонија е канонска територија на МПЦ–ОА, тогаш православните Срби во Македонија, исто како Македонците и православните верници од која било друга етничка заедница, се дел од пастирскиот и евхаристискиот живот на МПЦ–ОА. Тие не се „гости“ во Црквата.

И токму поради тоа формулацијата „одговорна за духовниот живот на македонскиот народ, а отворена за сите“ може да биде несреќно избрана. Таа лесно создава впечаток дека постои еден примарен, мнозински народ кој е природен носител на помесната Црква, додека останатите православни верници се малцинства кон кои таа дополнително е „отворена“.

Но ако се следи православниот територијален принцип на кој се повикува самиот Синод, прашањето воопшто не е дали МПЦ–ОА е „отворена“ кон Србите, Власите, Ромите или кон припадниците на други народи. Тие православни верници веќе се дел од Црквата на таа територија. Со други зборови, тие „сите“ веќе се Црквата.

Токму затоа е важно изјавата на Вучиќ да не се сведува само на прашање за етничките Срби во Македонија. Ако српскиот претседател сакал да зборува исклучиво за духовната грижа кон Србите во светот, тоа можел и јасно да го каже.

Но тој не зборуваше за „Србите во Скопје“, туку рече дека „Српската Црква е иста и во Скопје“, со што како место го спомена главниот град на Македонија.

Оттука, одговорот на МПЦ–ОА можеше да биде многу поедноставен и појасен: дека Скопје се наоѓа на канонската територија на МПЦ–ОА и дека сите православни верници на таа територија, независно од нивната етничка припадност, се дел од нејзиниот црковен живот.

Наместо тоа, Синодот избра внимателен и дипломатски јазик, преку кој очигледно сака да ја отфрли секоја политизација на Црквата, но без директна конфронтација ниту со српскиот претседател ниту со Српската православна црква.

Во последниот дел од соопштението се нагласува дека Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се единствената водилка во дејствувањето на МПЦ–ОА и дека Црквата ги отфрла политичките и идеолошките платформи „од каде и да доаѓаат“. Тоа може да се разбере и како порака дека Синодот изјавата на Вучиќ ја третира пред сè како политичка, а не како црковна позиција.

Сепак, останува прашањето дали таквиот одговор е доволно јасен за јавноста. Особено затоа што наједноставната дилема сè уште останува:

Дали Српската православна црква смета дека има црковна јурисдикција во Скопје?

Одговорот на тоа прашање не треба да се бара преку етничката припадност на верниците, туку преку канонската територија.

Затоа би било значајно да се види дали по соопштението на МПЦ–ОА ќе следува појаснување од самиот Александар Вучиќ, но уште повеќе дали ќе има реакција од Српската православна црква.

Доколку од СПЦ биде јасно кажано дека Скопје е канонска територија на МПЦ–ОА и дека изјавата на српскиот претседател не означува црковна јурисдикција, дилемата би била практично затворена.

Доколку, пак, нема никаква реакција, ќе остане простор за различни политички толкувања на една изјава која можеше многу лесно да биде разјаснета.

Извор: religija.mk

Александар ВучиќПравославна Црква на Македонија - Охридска АрхиепископијаПравославна Црква на Србија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Каруљја – домот на светогорските пустиножители
следна објава
Премиерот Мицкоски за изјавата на Вучиќ за Српската црква во Скопје: „Изблици на нешто што му прилега на минатиот век“

Можеби ќе ви се допадне и ова

Автокефалноста повторно во центарот на вниманието – Григориј, Фрчкоски и спорот околу...

септември 27, 2026

Погребот на Ратко Младиќ и двете страни на Крстот

септември 25, 2026

Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката...

септември 24, 2026

Бигорски доби тројца нови монаси, прославен патронот на манастирот

септември 13, 2026

Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска: Ако ставовите се менуваат...

септември 7, 2026

Предавството во и на црквата

септември 3, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина

    септември 30, 2026
  • Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување

    септември 29, 2026
  • Света Гора како фактор на религиска дипломатија и стабилност

    септември 29, 2026
  • Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи

    септември 29, 2026
  • ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела

    септември 29, 2026
  • Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година во Атонијадската црковна академија (ФОТО)

    септември 29, 2026
  • Сè помалку деца, сè повеќе починати: Македонија со нов демографски аларм

    септември 28, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (65)
  • Изјави и реакции (132)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (101)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (214)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (101)
  • Свето Предание и Свети Отци (99)
  • Современо општество (160)
  • Теологија и општество (116)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување
Света Гора како фактор на религиска дипломатија и стабилност
Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи
ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела

Популарно оваа недела

ЕКСКЛУЗИВНО: Пронајдени светите мошти на Света Злата (позната и како Хриса) во Пела
Ставовите на митрополитот Григориј во судир со одлуките на Синодот и политиката на Архиепископот Стефан
Света Гора: Благословен почетокот на новата учебна година во Атонијадската црковна академија (ФОТО)
Како до посета на Света Гора: диамонитирио, сместување и патување
Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА