Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме...
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната...
Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој...
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на...
Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света...
Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе...
Вселенскиот патријарх: „Она што го реков во 1991...
Премиерот Мицковски: Набавени се 100 нови амбулантни возила,...
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст...
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под...
петок, октомври 23, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна БОГОСЛОВИЕОснови на верата
Основи на верата

Сите страдања помагаат да се спасиме од гревот

од Журналист 1 јуни 6, 2026
јуни 6, 2026 0 коментари 37 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
37
Orthodox Icon of the Dove of the Holy Spirit, 18th century

о. Симеон Крајопулос (†)

Се разболе. Добро — се разболе. Дали тоа се случи без Божјо знаење? Зар Бог не го знае тоа, зар не го гледа? А ти, иако правиш што правиш, сепак го правиш тоа со дух кој е сосема погрешен за еден христијанин.

Ќе се сетиш и на лекарот, и на лекарствата, ќе се сетиш и на парите што можеш да ги потрошиш, ќе одиш и во странство, ќе одиш и во црква, ќе се молиш, ќе замолиш и други да се молат, но сето тоа го правиш со духот дека нè снашло некое зло и дека треба да направиме сè за да се избавиме од тоа зло.

А каде беше Бог кога дојде тоа зло? Каде беше? Како дозволи да дојде? Ние сме христијани! Дозволено ли е така да мислиме и така да постапуваме?

Ако, пак, некаквото зло се случило поради твоја грешка, дали го чувствуваш тоа дека си згрешил? И тоа не грешка само во онаа смисла во која ние обично велиме — како кога некој ќе се сопне — туку грешка пред Бога.

И така, ова прашање — кое е реалност; болест, било лесна, било тешка, било и најтешка — го гледаш и го доживуваш со погрешен дух.

Дури и кога ќе потрчаш, повторувам, на Литургија, на четириесет литургии, на молитвите на Црквата, на молитвите на луѓето, сето тоа не се случува во Божјиот дух: што вели Бог? Зошто дозволи ова да се случи? Што очекува Бог да произлезе од ова?

Бог знае сè; Нему ништо не Му се измолкнува. А ние остануваме со впечаток дека некаде се случила некаква грешка и дека работата излегла од Божјите раце; дека Бог не можел да ја спречи болеста, па затоа сега останува на нас да трчаме, за да ги поправиме работите и повторно да го најдеме нашето здравје.

Значи, Бог — ако воопшто Го земаме предвид Бога; а како христијани треба да Го земаме предвид, и навистина тоа го правиме, бидејќи трчаме и Го молиме да нè помилува — дали сака човекот така да се мачи? Дали сака така да страда? Можно ли е Бог да го сака тоа?

Ние, кои сме тврди луѓе, грешни луѓе, кога ќе видиме некој да се мачи, ни се кине срцето. И сметаме дека е нечовечен оној кој, иако може да му помогне на некој што страда, не му помага. Значи, по правило, како што рековме, се чувствуваме погодени, ни се кине срцето и му помагаме. А Бог?

Бог е нашиот Отец, Тој е Оној Кој нè љуби. И целиот Божји дух не е само во тоа да правиме ова или она, или да постигнеме ова или она, туку да имаме свест дека Тој е Бог, а ние сме Негови созданија.

Ние сме грешни, но Тој дојде и нè повикува на покајание. Ни ја кажа и ни ја кажува целата вистина, и Самиот Себе се принесе како жртва, за да нè спаси од гревот.

А во тоа да се спасиме од гревот помагаат и сите страдања низ кои поминуваме — какви и да се тие страдања.

Колку е важно, исто така, човек да се сети на минатото — било многу блиското, било многу далечното — и да помисли:

„Во онаа случка, кога постапив така, не Го прашав многу Бога, туку си направив по свое. И ми се случи тоа што ми се случи токму затоа што, бидејќи јас застранив, Бог дозволи да претрпам ова или она.“

Значи, човек треба правилно да ги види работите, а потоа вистински да се покае. Но и од тој момент понатаму треба правилно да постапи и правилно да одговори на она што Бог го бара од него.

Од книгата: о. Симеон Крајопулос, „Сакаш ли да се осветиш?“, Октомври, Панорама, Солун, 2018, стр. 321, извадоци.

Извор: https://www.koinoniaorthodoxias.org/martiria-kai-didaxi/ola-ta-vasanas-synteloun-to-na-sothoume-apo-tin-amartia/

Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Не можеш да бидеш христијанин ако го немаш Светиот Дух
следна објава
Да ја примиме мудроста што ни ја дава Бог

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме Вашата поддршка за Црквата на Грузија

    октомври 22, 2026
  • Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА

    октомври 22, 2026
  • Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој учествувал на Четвртиот вселенски собор?

    октомври 22, 2026
  • За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница

    октомври 22, 2026
  • Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света Гора (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

    октомври 22, 2026
  • Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе голем благослов за милиони украински верници“

    октомври 22, 2026
  • Вселенскиот патријарх: „Она што го реков во 1991 година…“

    октомври 22, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (58)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (137)
  • Изјави и соопштенија (67)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (59)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (109)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (223)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (111)
  • Свето Предание и Свети Отци (109)
  • Современо општество (175)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (18)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме Вашата поддршка за Црквата на Грузија
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА
Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој учествувал на Четвртиот вселенски собор?
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница
Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света Гора (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Порошенко: „Томосот за автокефалност од Вселенскиот патријарх донесе голем благослов за милиони украински верници“
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА