Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст...
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под...
Дете со искршени заби по напад од група...
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари:...
Извршен помен на Тоше Проески од страна на...
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од...
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви,...
среда, октомври 21, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна БОГОСЛОВИЕСвето Предание и Свети Отци
Свето Предание и Свети Отци

Формирањето на догматската свест според Свети Софрониј Светогорец

од Журналист 1 јули 22, 2026
јули 22, 2026 0 коментари 26 прегледи 5 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
1806200014
26

Автор: Николаос Коиос

Најцелосниот израз на опитното богословие за Свети Софрониј е догмата. Догмата не е плод на интелектуална еволуција, туку словесен израз на една „очигледна вистина“ – вистината на врховниот настан, кој предизвикува надминување на формалната логика.

Во историјата на Црквата бил потребен голем труд за изразувањето на догматската свест. Догматската свест е „другата“, би можело да се каже „изразената“, страна на духовниот живот. Духовното искуство и догматската свест, како две гледишта на духовниот живот, иако до извесен степен изгледаат разделени во однос на нивното „обликувано пројавување“, во својата суштина претставуваат неразделив живот.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Вселенскиот патријарх повика на „отпор против насилството“ по трагедијата во Турција
    април 17, 2026
  • Архонтите ја поставуваат под прашање средбата во Белата куќа со руски православни свештеници – лобисти за Путин
    ноември 22, 2025
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј го пречека бугарскиот патријарх Даниил
    јуни 10, 2026

Како последица на тоа, секоја промена во догматската свест на подвижникот во соодветна мера ја менува и неговата духовна практика и неговото духовно постоење. И обратно, секое отстапување од вистината во внатрешниот духовен живот предизвикува промена и во догматската свест.

Врз основа на историското искуство на Црквата, Старец Софрониј ја определува догматската свест како духовно знаење што се формира по многу години подвиг, неопходен за усвојување на првиот дар на благодатта.

Според искуството на Црквата, во кое се вклучени светите апостоли, големите древни и поновите Отци, периодот потребен за усвојување на благодатта може да се определи како период од петнаесет и повеќе години. Така, првото послание на апостол Павле — Првото послание до Солунјаните — било напишано приближно петнаесет години по јавувањето на Господ пред него на патот кон Дамаск. Кај многумина овој период трае уште подолго.

Тоа не значи дека Божјиот дар самиот по себе е недоволен, туку дека усвојувањето на овој дар од страна на човекот е поврзано со долготраен внатрешен процес.

Исто така, не сите што ја примиле Божествената благодат во еднаков степен го поседуваат дарот писмено да ја изразат догматската свест. Оваа разлика може да се забележи доколку се споредат посланијата на апостолите Павле и Јован со посланијата на апостол Петар. Посланијата на првите двајца се побогати во поглед на богословската содржина.

Во ваквото изразување може да помогне и световното образование. Тоа особено се гледа во примерот на апостол Павле.

Догматската свест, како плод на долготрајното искуство на благодатта, како што веќе споменавме, не може да биде резултат на интелектуална работа. Таа не може да биде ниту логичка анализа на духовните доживувања, нешто што можеби е психолошки возможно. Не може да има ниту карактер на схоластички трудови, туку претставува самооткривање на душата.

Овој „процес“ се совпаѓа со она што Светителот го нарекува формирање на ипостасното начело во човекот или, поинаку кажано, автентичен духовен живот.

Во автентичниот духовен живот, меѓутоа, она што ги определува сите нешта е личносниот елемент, бидејќи ништо не се движи надвор од личносните односи меѓу Бога и човекот. Поради овој личносен елемент и опитно-егзистенцијалниот карактер на знаењето, отсуствува она што еден рационалистички научник би го нарекол „објективност“ или објективно набљудување.

Дали, тогаш, отсуството на објективност е доволно за да му се одземе научниот карактер на знаењето „во битието“?

Во продолжение ќе видиме дека се изложуваат доживеани вистини, кои сепак претендираат на толку голема прецизност во формулацијата и поседуваат таква јасност што, секако секогаш кога станува збор за богословската наука, е невозможно да се сретнат дури и во најдобрите академски трудови.

Според православното богословие, основните догми на Црквата се троичната и христолошката догма. Нивно продолжение и рамка е учењето за Црквата.

Троичната догма

Кога Свети Софрониј зборува за тријадолошките прашања, тој е свесен дека не врши детално изложување на троичната догма.

Сепак, смета дека е неопходно да се забележи и нагласи дека губењето на правилната антропологија и духовната гносеологија неизбежно се одразува врз тријадологијата и христологијата, како и врз еклисиологијата и сотириологијата.

Оттука, словото за Света Троица кај авторот истовремено е слово за искуството на животот во Христа, за човекот и за неговото спасение.

Искуството од откровението на Света Троица како извор на тријадолошкото учење

Според Старец Софрониј, во Стариот Завет постои познание на Божјото Слово и на Божјиот Дух, но во смисла на енергии, а не на Ипостаси.

Светот на Стариот Завет бил тесно затворен во границите на еден монотеизам, во кој Бог бил исповедан како една и единствена Ипостас.

Некој би можел дури и да го постави прашањето дали привлечноста што идолопоклоничкиот политеизам ја имал за старозаветните Евреи не би можела да се објасни со тесните граници на монотеизмот што тие го поседувале.

И самиот Мојсеј, кому Бог му се открил како Ипостас, бил свесен за несовршениот карактер на откровението што го примил. Поради тоа тој го проповедал и доаѓањето на Пророкот-Месија, Кој ќе ја открие сета вистина за Бога.

Во перспектива слична на старозаветниот монотеизам се движи и исламскиот монотеизам.

Во претхристијанскиот свет, кој бил туѓ на откровението на Стариот Завет, во потрагата по Вистината преовладувале главно две тенденции.

Првата неизбежно водела кон постоењето на еден „метафизички“ Апсолут, за кој поимот на ипостаста претставува ограничување. Оваа тенденција произлегува од фактот што рационалистичкиот разум, преку кој се пристапува кон метафизичкиот апсолут, самиот по себе е безличен.

Дејствувајќи според сопствените закони, тој се обидува да го „надмине“ начелото на личноста во битието — како на божествено, така и на човечко ниво.

Втората тенденција, спротивна на првата, се појавува кога човекот, преку длабоко духовно искуство, станува свесен дека начелото на личноста го проникнува целото негово духовно и интелектуално постоење.

Тогаш човекот согледува дека изолираната личност не може да биде самодоволна. Поради тоа тој се насочува кон еден плурализам на човечко ниво, кој на божествено ниво се одразува во „политеистичка“ форма.

Секако, метафизичкиот поим на битието е повисок од секоја форма на плурализам, бидејќи вистински се стреми кон првобитното и изворно единство.

Предноста на плурализмот, меѓутоа, во својот најдобар облик, се состои во разбирањето на „ипостаста“ како најдлабоко онтолошко начело во секое духовно битие, во кое својството на мислењето и разумот претставува една од енергиите и еден од начините на пројавување на ова начело.

Од сето наведено произлегува дека искуството на претхристијанскиот свет, земено во целина, јасно нè поучува дека човекот не е способен со сопствените сили да биде доведен до вистинското богопознание и дека поради тоа се губи во своите неизвесности.

Вистинското познание ѝ било дадено на човечката природа преку Божественото откровение во Исус Христос и преку слегувањето на Светиот Дух на денот на Педесетница.

Зборовите на ова познание ги чува Христовата Црква, која нè поучува дека вистинскиот Бог е „еден Бог во Три Ипостаси“.

Црквата ни говори за Божественото битие како за троично единство, „неразделно и неслиено“ – како за единосуштната Троица.

Избор од книгата „Богословие и искуство според Старец Софрониј“, Светиот и Велик манастир Ватопед, Света Гора, 2007 година.

Извор: Пемптусија

Вселенска ПатријаршијаСвети Софрониј Светогорец (Сахаров)
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Игуменот на манастирот Есфигмен: Нападите во Украина не се Божја волја
следна објава
Ние навистина Го допираме Бога – Старец Емилијан Симонопетриски

Можеби ќе ви се допадне и ова

Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од...

октомври 21, 2026

Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два...

октомври 18, 2026

Дел од главата на Свети Јован Крстител се враќа во Константинопол

октомври 9, 2026

Српскиот епископ Максим за Јован Пергамски и Светиот и Велик собор

октомври 8, 2026

Вселенскиот патријарх: Затвореноста никогаш не ѝ донела корист на Црквата

октомври 6, 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј отпатува за Франција

октомври 5, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје

    октомври 21, 2026
  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство

    октомври 20, 2026
  • Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги

    октомври 19, 2026
  • Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

    октомври 18, 2026
  • Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

    октомври 18, 2026
  • Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија

    октомври 18, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (135)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (59)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (109)
  • Свето Предание и Свети Отци (107)
  • Современо општество (173)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Дете со искршени заби по напад од група малолетници во Влае – нов ужасен случај на врсничко насилство
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА