Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Каруљја – домот на светогорските пустиножители
Речиси по еден инцидент дневно: Расте насилството врз...
Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката...
Митрополитот Епифаниј до младите во Украина: „Бидете воини...
Македонците масовно летуваат во ова место во Грција...
Почеток на Богородичниот пост – две недели духовна...
Вселенскиот патријарх: „Оние што се спротивставуваат на канонскиот...
Реакција на МПЦ-ОА за скандалозната изјава на српскиот...
Подземната капела на Националната катедрала во Букурешт ќе...
Јордан започна со подготовки за одбележување 2.000 години...
сабота, август 15, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОЕтика и современи предизвици
Етика и современи предизвици

Секој четврти ученик на 15–16 години се коцкал за пари: Младите бараат поголема заштита

од Црковен Журнал Логос август 12, 2026
август 12, 2026 0 коментари 14 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
67393751 6
14

По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со иницијативата „Фрли ја коцката!“, преку герила акција во Скопје го изразија својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите.

Од организациите предупредуваат дека казината, обложувалниците, онлајн платформите и рекламите што ветуваат „брза добивка“ се лесно достапни во средина во која младите истовремено се соочуваат со невработеност, финансиска несигурност, нарушено ментално здравје и сè поголема желба да ја напуштат државата.

Според националното истражување ЕСПАД 2024, дури 25 отсто од учениците на возраст од 15 до 16 години во Северна Македонија се коцкале за пари во последните 12 месеци*. Кај момчињата процентот изнесува *34 отсто, а кај девојчињата 16 отсто.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Секуларизацијата во САД забавува: ново истражување со раст на црковната посетеност и враќање на младите мажи кон верата
    мај 5, 2026
  • Во Етиопија верата живее: 78% од христијаните секоја недела на богослужба!
    септември 11, 2025
  • Младите се отуѓуваат од Црквата: „Црквата постои сама за себе“
    август 25, 2025

Уште позагрижувачки е податокот дека меѓу учениците кои се коцкаат, уделот на проблематично коцкање се зголемил од 4,5 отсто во 2019 година на 7,6 отсто во 2024 година.

Од ХЕРА посочуваат дека ваквата состојба се случува во земја во која младинската невработеност кај лицата од 15 до 29 години изнесувала 23,6 отсто, додека според Студијата за млади на Фондацијата „Фридрих Еберт“, 45,3 отсто од вработените млади не работат во професијата за која се образувале. Дури 67,7 отсто од младите имаат одреден степен на желба за иселување, најчесто поради подобар животен стандард, повисоки плати, корупцијата и подобрите можности за вработување.

Организациите предупредуваат дека во вакви услови илузијата дека финансиската несигурност може да се реши со тикет, слот или онлајн облог не може да се третира само како безопасна забава.

Светската здравствена организација предупредува дека штетите поврзани со коцкањето можат да вклучуваат финансиски тешкотии и долгови, нарушени семејни и социјални односи, стигма, депресија, анксиозност и зголемена суицидалност.

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што овие ризици се преклопуваат со веќе сериозните проблеми со менталното здравје кај младите. Истражување на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, спроведено во контекст на пандемијата со КОВИД-19, покажало дека речиси 30 отсто од испитаните адолесценти имале умерени до тешки депресивни симптоми, а 42,1 отсто умерени до тешки симптоми на анксиозност.

Поради тоа, ХЕРА Млади и иницијативата „Фрли ја коцката!“ бараат доследна примена на регулативата и контрола на оддалеченоста на коцкарниците и обложувалниците од училиштата, строга контрола на рекламирањето на игрите на среќа, особено на интернет и социјалните мрежи, како и ефикасна проверка на возраста и заштита на малолетниците при онлајн коцкање.

Тие бараат и финансиската писменост, превенцијата од зависности и менталното здравје да станат реален дел од образованието, како и да бидат обезбедени бесплатни, доверливи и младински пријателски услуги за советување и поддршка за младите кои се соочуваат со проблематично коцкање.

„Од младите се очекува да учат, да работат, да останат во земјата и сами да изградат сигурна иднина. А што им нуди средината? Несигурни приходи, малку можности и коцкање на секој чекор како ветување за полесен живот. Не сакаме нашата држава младите со горчина да ја ословуваат како ‘Република коцкарска Македонија’. Но токму оваа порака денес го изразува нашиот револт од општество во кое понекогаш е полесно да најдеш обложувалница отколку културен центар“, велат од ХЕРА.

Оттаму порачуваат дека на младите им се потребни можности, достоинствена работа, образование, култура, спорт, финансиска сигурност и достапна грижа за менталното здравје, а не илузија за лесна добивка.

„Иднината на младите не е игра на среќа. Не ни ја коцкајте иднината.“

Извор: https://hera.org.mk/

ИстражувањеКоцкаМлади
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Архиепископот на Австралија: Да го слушаме гласот на младите, без да им го наметнуваме нашиот
следна објава
Вселенскиот патријарх пристигна на Имврос во придружба на Александрискиот патријарх и Архиепископот Албански

Можеби ќе ви се допадне и ова

Сè повеќе млади Холанѓани се интересираат за Православието

мај 19, 2026

Секуларизацијата во САД забавува: ново истражување со раст на црковната посетеност и...

мај 5, 2026

Пасха не смее да остане само обичај: дискусија на православните теолози како...

мај 5, 2026

Во САД расте продажбата и употребата на Библијата, покажуваат нови податоци

април 24, 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Сè повеќе млади луѓе пројавуваат интерес за Православието

април 22, 2026

Вселенскиот патријарх до младите: Излезете од дигиталните златни кафези

јануари 12, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026
  • Митрополит Шио: Патријарх Илија ја круниса борбата со автокефалност на Црквата со Томос од Вселенската Патријаршија

    март 27, 2026
  • 100-те зборови што ја открија бездната

    март 4, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Каруљја – домот на светогорските пустиножители

    август 14, 2026
  • Речиси по еден инцидент дневно: Расте насилството врз христијаните во Ерусалим

    август 14, 2026
  • Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката Црква – Вселенската патријаршија ѝ даде нов живот

    август 14, 2026
  • Митрополитот Епифаниј до младите во Украина: „Бидете воини на светлината“

    август 14, 2026
  • Македонците масовно летуваат во ова место во Грција – малкумина знаат дека во храмовите има богослужби на ист јазик како кај нас

    август 14, 2026
  • Почеток на Богородичниот пост – две недели духовна подготовка пред Успение на Пресвета Богородица

    август 14, 2026
  • Вселенскиот патријарх: „Оние што се спротивставуваат на канонскиот поредок на Црквата ќе дадат одговор пред Бога“

    август 13, 2026

Категории

  • Uncategorized (7)
  • АНАЛИЗИ (54)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (55)
  • Изјави и реакции (120)
  • Изјави и соопштенија (55)
  • Интервјуа (8)
  • Колумни (52)
  • Култура (24)
  • Литургија и црковен живот (69)
  • Меѓуправославни односи (93)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (144)
  • Новости (187)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (51)
  • Поучни текстови (58)
  • Света Гора (90)
  • Свето Предание и Свети Отци (83)
  • Современо општество (145)
  • Теологија и општество (97)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (16)
  • Црковни закони и канони (3)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Израел Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Скопје Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Цариград Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Каруљја – домот на светогорските пустиножители
Речиси по еден инцидент дневно: Расте насилството врз христијаните во Ерусалим
Архиепископот Јован: Кога Албанската црква изгледаше мртва, Мајката Црква – Вселенската патријаршија ѝ даде нов живот
Митрополитот Епифаниј до младите во Украина: „Бидете воини на светлината“
Македонците масовно летуваат во ова место во Грција – малкумина знаат дека во храмовите има богослужби на ист јазик како кај нас

Популарно оваа недела

На Кефалонија повторно се појавија „змиите на Богородица“
Посна пита од Света Гора со крем од гриз: Лесна и крцкава
Македонците масовно летуваат во ова место во Грција – малкумина знаат дека во храмовите има богослужби на ист јазик како кај нас
Реакција на МПЦ-ОА за скандалозната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ
Вселенскиот патријарх пристигна на Имврос во придружба на Александрискиот патријарх и Архиепископот Албански

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА