Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку...
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА...
Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар...
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната...
Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по...
Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме...
Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната...
Кој бил непознатиот свет епископ од Аркадија кој...
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на...
Прва посета на бугарскиот патријарх Даниил на Света...
петок, октомври 23, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОКултура
КултураПоучни текстови

„Мајка ми побара од сиромашниот сосед да ни позајми сол – тоа беше највредната лекција која ја научив“: Мудроста на големиот Чехов за среќен живот

од Црковен Журнал Логос февруари 3, 2026
февруари 3, 2026 0 коментари 68 прегледи 2 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Chehov
68

Антон Павлович Чехов бил основоположник на психолошкиот реализам, доктор, голем писател, но и голем човек. За 44 години живот, од кои половина ги поминал болен од туберкулоза, не создал само многу литературни дела, туку и безброј добри дела. Покрај „Вујко Вања“, „Чајката“ и „Трите сестри“, на светот му остави и ризница на мудрост на која често се потсетуваме кога нè мачи некоја животна дилема.

Градел училишта, противпожарни станици, патишта, основал библиотеки и музеи, обновувал шуми. Помагал на стотици луѓе – финансиски или со посредување. Бесплатно лекувал болни и ги снабдувал со лекови, а за време на колерата, како окружен лекар, сам, без помошник, опслужувал 25 села. Многу добри дела направил Антон Павлович Чехов, еден од најголемите драмски писатели на сите времиња, лекар и хуманист.

Славниот руски писател е роден на 29 јануари 1860 година во Таганрог, во Ростовската област. Студирал медицина на Московскиот универзитет, а со пишување се занимавал уште од средношколските денови, кога почнал да објавува текстови во весници. Генијалниот раскажувач оставил зад себе вистинско богатство од мудри мисли, применливи и денес, бидејќи бил мајстор за длабинско проникнување во човечката природа.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА
    октомври 22, 2026
  • Парадокс во Русија: Поддршката за традиционалните вредности расте, а православната идентификација опаѓа
    мај 17, 2026
  • Патријархот Порфириј во Нови Сад ја истакна „длабоката поврзаност“ меѓу Србија и Русија
    април 24, 2026

„Еднаш мојата мајка го замоли соседот да ѝ позајми сол. Кога ја прашав зошто бара сол од него кога веќе имаме, таа ми одговори:
‘Затоа што тие често позајмуваат работи од нас. Сиромашни се. Ако побарам нешто од нив, дури и безначајно, ќе почувствуваат дека и тие ни се потребни. Така полесно ќе им биде да побараат помош од нас кога ќе им затреба.’“

Само човек со вакво воспитување, морален кодекс и широка душа можел да стане не само едно од најголемите имиња во светската книжевност, туку и вистински добротвор.

„Добро воспитување не е тоа да не истуриш сос на покривка, туку да не забележиш ако тоа го направи некој друг“, велел Чехов.

Еве уште неколку негови мудрости:

„Ако не знаеш што чувствуваш кон човекот – затвори ги очите и замисли дека го нема. Никаде. Го нема и никогаш нема да го има. Тогаш сè ќе ти стане јасно.“

„За да чувствуваш среќа и во тага, треба да знаеш да бидеш задоволен со сегашноста и да уживаш во сознанието дека може да биде и полошо.“

„Човек е она во што верува.“

„Стотици милји празни и изгорени степи не можат да предизвикаат толку длабока депресија како еден досаден човек.“

„Запознај се себеси – добар совет, штета што никој не објаснува како.“

„Добар човек чувствува срам дури и пред куче.“

„Животот е едноставен, но човекот вложува огромен напор да го уништи.“

„Љубовта дава крилја, но знае и да ги скрати.“

„Здравиот човек има илјада желби, болниот – само една.“

„Човек целиот живот учи, но само несреќата навистина го учи.“

„Не можете да побарате од калта да не биде кал.“

„Вториот дел од животот на паметниот човек е ослободување од заблудите стекнати во првиот.“


Извор: tocka.com.mk

Антон Павлович ЧеховЛитератураМудростиПисателРусија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Триод: Света духовна патека кон Пасха (Велигден)
следна објава
101 година од Патријаршијата на Православната црква на Романија

Можеби ќе ви се допадне и ова

Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира...

октомври 22, 2026

Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

октомври 17, 2026

Москва кај новиот грузиски патријарх: во фокусот верниците во конфликтните региони

октомври 1, 2026

Протечен документ за заднината на Обединувачкиот собор во Украина

септември 30, 2026

Грузиската црква ја осуди употребата на името на свети Гаврил за руска...

септември 14, 2026

Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир...

септември 1, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?

    октомври 20, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир

    октомври 23, 2026
  • Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар

    октомври 23, 2026
  • Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар во Рим во чест на Свети Еразмо Охридски

    октомври 23, 2026
  • Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната жртва 

    октомври 23, 2026
  • Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по повод 35-годишнината од неговото востоличување

    октомври 23, 2026
  • Грузискиот патријарх Шио до Вартоломеј: Не ја забораваме Вашата поддршка за Црквата на Грузија

    октомври 22, 2026
  • Руско влијание во македонскиот дигитален простор: Како пропагандната мрежа СПЖ ја таргетира МПЦ-ОА

    октомври 22, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (59)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (68)
  • Изјави и реакции (137)
  • Изјави и соопштенија (68)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (61)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (85)
  • Меѓуправославни односи (111)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (225)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (66)
  • Света Гора (111)
  • Свето Предание и Свети Отци (109)
  • Современо општество (175)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (18)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Митрополит Пимен: Да не навиваме за војна, туку да се молиме за мир
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар
Митрополитот Георгиј служеше молебен во базиликата Свети Петар во Рим во чест на Свети Еразмо Охридски
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната жртва 
Романскиот патријарх му честиташе на Вселенскиот патријарх по повод 35-годишнината од неговото востоличување

Популарно оваа недела

Пред нацијата: Како се именувале православните христијани под отоманска власт и што тоа ни открива за Македонците?
Остри реакции од Света Гора на скандалозниот текст на митрополитот Лука од Запорожје
Вечер: Се очекува интензивирање на контактите меѓу МПЦ-ОА и Фанар
Православието и историското ВМРО: верата, слободата и народната жртва 
За првпат отслужена Божествена литургија во домот на Свети Паисиј Светогорец во Коница

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА