Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари:...
Извршен помен на Тоше Проески од страна на...
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од...
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и...
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана...
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст...
Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви,...
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска...
Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата...
Што претставува празникот Покров на Пресвета Богородица?
понеделник, октомври 19, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОПоучни текстови
Поучни текстовиСвето Предание и Свети Отци

Кога болката станува Божја посета

од Црковен Журнал Логос јануари 20, 2026
јануари 20, 2026 0 коментари 132 прегледи 2 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Img 20260120 192152
132

Свети Пајсиј Светогорец раскажува:

„Синоќа, кога одев кон храмот на сеноќно бдение, забележав настрана еден татко со мало дете во инвалидска количка. Му се приближив, го прегрнав детето и го бакнав.

— Ти си ангел — му реков. — Знаеш ли?

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Свети Пајсиј: 32 години од неговото упокојување – Неговиот глас останува поактуелен од кога било
    јули 14, 2026
  • Трогателната желба – Свети Паисиј „обедини“ семејство
    декември 7, 2025
  • Никитас Цакиролу откри уникатни моменти од филмот „Свети Пајсиј“
    февруари 5, 2026

А на таткото му реков:

— Голема чест е за тебе што му служиш на еден ангел. Радувајте се, зашто и двајцата ќе одите во Рајот.

Нивните лица заблескаа од радост, затоа што ја почувствуваа Божјата утеха.“

Светиот старец поучува дека оние кои со љубов и трпение им служат на болните, на немоќните и на лицата со инвалидитет, ако имаат гревови — ги очистуваат преку жртвата што ја принесуваат; ако, пак, немаат — се осветуваат.

Еднаш, продолжува тој, една обична жена му раскажала за необични и чудесни настани од својот живот. Старецот се зачудил, бидејќи такви состојби обично се среќаваат во житијата на Светителите. Но кога дознал како ги поминала годините, станало јасно: целиот нејзин живот бил една постојана жртва.

Од младоста служела на болни — на дедото и бабата во семејниот дом. По бракот, живеела со болните свекор и свекрва. Подоцна се разболел и нејзиниот сопруг, кој останал неподвижен, а таа му служела до крај. Целиот свој живот таа жена го поминала во грижа за болните.

Иако имала голем глад да чита, да оди на богослужби и бденија, немала време. Но бидејќи била оправдана пред Бога, на крајот Господ ѝ ја дал Својата благодат во полнота.

„Кога болката го посетува човекот — тогаш Христос му доаѓа на посета“, вели Свети Пајсиј.
„А кога човек не минува низ никакво искушение, тоа е како Богооставеност — ниту отплаќа, ниту собира духовно богатство.“

Старецот предупредува дека зборува за оние кои живеат удобно, без благодарност кон Бога: имаат здравје, изобилие и мир, но не изговараат ниту едно „Слава Ти, Господи“. Дури и тогаш, вели тој, ако човек смирено признае дека не ги заслужува благословите и дека Бог го уредува поради неговата слабост, се воспоставува духовна рамнотежа.

Во житието на Свети Амвросиј се раскажува како Светителот бил гостин во домот на еден богат човек. Кога го прашал дали некогаш доживеал жалост, богатиот одговорил дека никогаш не видел болка, ниту болест, и дека неговото богатство постојано се зголемува.

Тогаш Свети Амвросиј со солзи рекол:
„Подгответе ги колите да заминеме брзо одовде, зашто Бог сеуште не го посетил овој човек.“

И кога излегле на патот, куќата на богатиот се срушила. Убавиот живот што го имал бил знак на Божја оставеност.

Свети Пајсиј Светогорец
„Слова“, Том IV – „Семеен живот“

БолкаСвети Паисиј Светогорец
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Свечено одбележување на празникот Богојавление во Ерусалим
следна објава
Патријаршијата на Романија: Веронауката е уставно право на младите – Одговор на тврдењата за „нелегалност“

Можеби ќе ви се допадне и ова

Духовната поврзаност меѓу свети Јаков Цаликис и свети Пајсиј Светогорец

октомври 13, 2026

Свети Пајсиј: 32 години од неговото упокојување – Неговиот глас останува поактуелен...

јули 14, 2026

Долгометражниот филм за свети Паисиј достапен на Pemptousia.TV

јули 8, 2026

Свети Пајсиј Светогорец: Русите – „стаорците“ на Православието

мај 29, 2026

Старче, како се применува Божествената правда кај човек кој греши?

март 24, 2026

Божествена утеха

март 18, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги

    октомври 19, 2026
  • Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт

    октомври 18, 2026
  • Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово

    октомври 18, 2026
  • Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија

    октомври 18, 2026
  • Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

    октомври 17, 2026
  • Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима

    октомври 16, 2026
  • Јубилејот на Грузиската црква собра бројни помесни цркви, МПЦ – ОА повторно отсутна

    октомври 16, 2026

Категории

  • Uncategorized (10)
  • АНАЛИЗИ (57)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (67)
  • Изјави и реакции (134)
  • Изјави и соопштенија (66)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (58)
  • Култура (29)
  • Литургија и црковен живот (84)
  • Меѓуправославни односи (107)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (155)
  • Новости (221)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (64)
  • Света Гора (108)
  • Свето Предание и Свети Отци (107)
  • Современо општество (172)
  • Теологија и општество (120)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Православна црква на Бугарија Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Премиера на серијата „Свети Јосиф Исихаст“ во февруари: Откриени нови детали за снимањето и главните улоги
Извршен помен на Тоше Проески од страна на митрополит Јован по повод 19 години од неговата смрт
Во Скопје се продаваа рачно изработени чанти од затвореничките во Идризово
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија
Анкета: Над 72% од Украинците поддржуваат целосна забрана на Руската црква

Популарно оваа недела

Монах, компјутер и Света Гора: Како настана апликацијата „Зона Атос“ (Athos Zone)
Историски ден: Моштите на Света Злата (Хриса) Мегленска свечено пречекани во селото Хриси (ФОТО)
Заврши снимањето на серијата за Свети Јосиф Исихаст – премиерата оваа зима
Бугарија: Вчера извици „Анаксиос“, денес полн храм и молитвено единство – два различни призора од Софија
Србија одвои 72 милиони динари за обнова на манастирот „Свети Прохор Пчињски“

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА