Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го...
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени...
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Еколошката криза е криза на...
сабота, септември 5, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна ОПШТЕСТВОКултура
КултураТеологија и општество

„Божикна авантура“ – голема сценска изведба со над 40 актери, музичари, пејачи и детски хор

од Црковен Журнал Логос декември 26, 2025
декември 26, 2025 0 коментари 59 прегледи 4 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Badnikovi Povorki
59

СПЕКТАКУЛАРНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА БАДНИК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Марија Саздева, еден од координаторите од Здружението „Бадникови поворки“, на вчерашната прес-конференција изрази задоволство од надминатиот рекорд на бројот на пријавени учесници годинава, во повеќе од 80 града, општини и населени места во Македонија, со активно вклучување на македонската дијаспора во Италија, Австрија, Словенија и во Соединетите Американски Држави.

– Под уметничко раководство на актерот Владо Дојчиноски, оваа година се реализира и божикен серијал од четири кратки приказни наменет за најмладите, кој преку традиционалните медиуми и дигиталните платформи ќе ја пренесе пораката за значењето на рождеството Христово – истакна Саздева.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Архиепископот на Австралија на местото на смртоносниот терористички напад од 14 декември
    декември 19, 2025
  • Што значи зборот „Црква“?
    октомври 6, 2025
  • Кога Православието станува национален проект: што покажува новото истражување на Виктор Рудометоф
    август 21, 2026

Покрај тоа, подготвен е и нов музички запис за песната „Вечниот Бог“, изведен од „златните славејчиња“ 

Здружението за возобновување на вистинските православни традиции „Бадникови поворки“ и годинава подготвува прекрасно одбележување на христијанскиот празник Бадник, предвесник на Христовото раѓање – Божик, исто така еден од најголемите христијански празници.

Децата веќе се подготвуваат и со нетрпение ги очекуваат прекрасните „Бадникови поворки“ и вредно работат правејќи ги ѕвездите и учејќи ја песната „Вечниот Бог“.

Марија Саздева, еден од координаторите од Здружението „Бадникови поворки“, на вчерашната прес-конференција најави обемна и спектакуларна програма на плоштадот „Македонија“ и изрази задоволство од надминатиот рекорд на бројот на пријавени учесници годинава, во повеќе од 80 града, општини и населени места во Македонија, со активно вклучување на македонската дијаспора во Италија, Австрија, Словенија и во Соединетите Американски Држави.

-Во време кога сè почесто се зборува дека вниманието на децата и на младите е сè пократко, дека тие сè повеќе се оддалечуваат од вистинските вредности, „Бадниковите поворки“ сведочат за нешто сосема спротивно. Она што особено нè радува е фактот што денес веќе не е потребно дополнително да ги поттикнуваме општините да организираат работилници за изработка на бадниковите ѕвездички, да ги обединуваат децата преку проби или хуманитарни акции. Тоа стана природен дел од заедниците. „Бадниковите поворки“ прераснаа во најголема божикна традиција во регионот, онака како што беше и нашата првична најголема желба, денес поддржана и од Министерството за култура, Град Скопје и од сите општини во Републиката – истакна Саздева.

Taa наведе дека годинава во фокусот на Здружението се збогатувањето на програмата, приближувањето до децата и создавањето простор и време за најранливите категории граѓани.

Во рамките на активностите се реализираат посети на домовите за стари лица, институциите…

– Исто така, планирани се и флешмоб-акции, кои ќе ја раздвижат празничната атмосфера и ќе внесат радост и топлина во секојдневието – информираше Саздева.

Потенцираше дека централно место во програмата, освен „Бадниковата поворка“, која ќе се движи од Музејот на Град Скопје кон плоштадот „Македонија“, зазема „Божикната авантура“, голема сценска изведба која оваа година ќе биде дел од бадниковата манифестација на 6 јануари, од 12:00 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје и во која ќе учествуваат повеќе од 40 актери, музичари, пејачи и детски хор.

– Под уметничко раководство на актерот Владо Дојчиноски, оваа година се реализира и божикен серијал од четири кратки приказни наменет за најмладите, кој преку традиционалните медиуми и дигиталните платформи ќе ја пренесе пораката за значењето на рождеството Христово – истакна Саздева.

Покрај тоа, подготвен е и нов музички запис за песната „Вечниот Бог“, изведен од „златните славејчиња“, со цел, како што кажа таа, да служи како едукативна алатка за сите образовни центри, здруженија и организации што работат со деца и им ја пренесуваат божикната традиција на новите генерации.

На прес-конференцијата беше претставено и иновативното решение на дизајнерот Ангел Мицевски за да може да се отвора и затвора божикната ѕвезда со еден едноставен механизам, со што им овозможува на семејствата да ја зачуваат и повторно да ја користат во годините што следуват.

– Ова решение ја носи пораката дека божикната радост не е момент, туку вредност што се негува и се пренесува – вели Саздева.

Покрај тоа, беше претставен уште еден симболичен подарок што ќе го понесат семејствата од „Бадниковите поворки“ оваа година: уметнички магнет изработен од уметникотДраган Китановски-Драш.

– Магнетот е осмислен како мал, но значаен потсетник што ќе биде присутен во секој дом, во текот на целата година и ќе ја буди споменатата радост од Бадник и од Божик. Со секој магнет, семејствата ќе добијат и божикна порака, како тивок, но силен потсетник на суштината на празникот – љубовта, заедништвото и светлината што ја носиме едни кон други – објасни Саздева.

Беше ставен акцент и на божикната пештера, поставена на плоштадот „Македонија“, која претставува импресивно уметничко дело, каде што се спојуваат традицијата, духовноста и современиот израз.

– Пештерата е изработена од брачната двојка Зоран и Македонка Тошески, чие авторско решение веќе втора година по ред го привлекува вниманието на јавноста и на медиумите. Станува збор за дело што со своите естетика, симболика и уметничка вредност се издвојува како едно од најубавите и највпечатливи божикни решенија во регионот – нагласи Саздева. 

Воедно, додаде дека се возобновени и две древни каланди, првата е божикната „Сношти Христос се роди“, а втората е стара новогодишна, која ќе биде објавена во пресрет на Василица.

– Овие каланди се дел од богатото традиционално наследство и се песни што ги изведуваме со години на манифестациите, но сега добиваат траен музички запис, со што стануваат дел од културното наследство, кое ќе остане зачувано и за идните генерации. Едната од нив добива и видеоспот во режија на Дејан Пројкоски и во соработка со Стојан Стојановски, вистинско ремек-дело на овој уметнички тандем – заклучи Саздева.

(А. П. )  Фото: (Ѕ. П.)

Извор: vecer.press

БадникБадникови поворкиБожикГраѓаниКаландиПравославиеПравославна вераПравсолавна црква на Македонија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Бугарскиот патријарх Даниил му го врачи орденот „Св. Јован Рилски“ на Вселенскиот патријарх Вартоломеј
следна објава
Божикните ѕвона одекнаа низ православните храмови во Албанија

Можеби ќе ви се допадне и ова

„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

август 26, 2026

Кога Православието станува национален проект: што покажува новото истражување на Виктор Рудометоф

август 21, 2026

Играта на сенки на Кремљ: Падот на вистинските маченици пред неосоветскиот авторитаризам

јули 18, 2026

Светителот со неподнослив темперамент

јули 8, 2026

Информативната војна на Русија против Вселенската Патријаршија

јуни 25, 2026

Христос не благословува војни: Може ли Црквата да молчи кога се убиваат...

јуни 19, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

    септември 5, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“

    септември 5, 2026
  • Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“

    септември 4, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026
  • Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци

    август 31, 2026

Категории

  • Uncategorized (8)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (60)
  • Изјави и реакции (126)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (202)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (108)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

Популарно оваа недела

Предавството во и на црквата
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА