Во едно искрено и длабоко интервју за весникот „ТА НЕА“, Архиепископот на Атина и цела Грција г.г. Јероним зборува за повеќе теми. Неколку дена по навршувањето на 18 години од неговиот избор и устоличување, тој се осврнува на иднината на Црквата на Грција, на новите архиереи и на своето наследство.
– „Сакам да живеам, но можам да живеам и без да бидам на должност како Архиепископ.“
Поминаа многу години, крајот доаѓа за сите. И јас морам да размислувам за тоа. Затоа имам две желби и стремежи: да оставам Црква со што е можно помалку и помали проблеми, со архиереи што го љубат својот народ“ и „со решени прашања за црковниот имот, кое веќе два века ги оптоваруваат односите меѓу Црквата и Државата“.
Иако претстојната уставна ревизија, како што изгледа, не ги засега директно односите меѓу Државата и Црквата, Архиепископот смета дека раздвојувањето на Државата и Црквата се „нешто опасно “ и признава дека денес го гледа прашањето од поинаква перспектива.
Во атмосфера на меѓународна загриженост околу миграцијата, зборува за национално прашање што бара особено внимание, нарекувајќи го „надоаѓачка опасност“.
Изразува и силна загриженост за иднината на Манастирот Света Екатерина на Синај, изразувајќи песимизам за развојот на настаните.
Се осврнува и на широкото добротворно дело на Црквата, особено во областа на студентското сместување, поддршката на млади брачни парови и грижата за старите лица.
Позитивно ја оценува соработката со премиерот Киријакос Мицотакис, а се осврнува и на Алексис Ципрас, Георгиос Папандреу, Антонис Самарас и Костас Караманлис.
Во исповеднички тон, тој не избегнува да зборува и за сопствениот крај и за својот наследник: „Поминаа многу години, крајот доаѓа за сите. И јас морам да размислувам за тоа“.
Благодарност и лични спомени
На прашањето кои личности ги издвојува по 45 години архиерејска служба, од кои 18 како поглавар на Црквата на Грција, Архиепископот одговара:
„Чувствувам длабока потреба да му се заблагодарам на Бог што ја благослови оваа патека, но и на луѓето што ме поддржуваа. Имаше многу луѓе што застанаа покрај мене. Бев дете од село, роден во тешки околности. Татко ми, Анастасиј, често отсуствуваше бидејќи се криеше, а мајка ми – вистинска хероина – го одржуваше домот, ги обработуваше нивите, се грижеше за животните. Таа беше херојот на домот и мојот вистински заштитник. Особено сакам да се осврнам на личноста на мајка ми, Димитра.“
Се присетува како мајка му во сабота попладне им посветувала време на децата, ги носела до мало црквиче од времето на Турското ропство и преку народни фрески им пренесувала морални поуки. „Тие слики останаа во мојата душа. Ми недостига мајка ми, зборувам како човек.“
Потоа зборува за својата учителка, г-ѓа Лукија, која сама предавала на 140 деца, во тешки услови. „Беше херој на своето време.“ Токму споменот на нејзината жртва го натерал татко му да се спротивстави на неговата желба да стане учител, но тој сепак избрал да студира филологија.
За младите и соработката со Државата
Архиепископот говори за програма што ја започнал за младите и желбата таа да стане широка рамка за соработка со Државата.
„Децата денес треба да слушнат и да видат сè пред да изберат. Ние немавме таква можност. Денес времињата се сменети. Прашањето е како Црквата и Државата ќе соработуваат и ќе им овозможат на младите да го изберат она што навистина го сакаат.“
Говори за нов начин на соработка меѓу Црквата и Државата, спомнувајќи ја иницијативата кон министрите Кирјакос Пјеракакис и Ставрос Папаставру.
Посочува дека Црквата не може сама да ги покрие сите образовни и воспитни потреби, ниту пак Државата може сама да говори за верата и духовното воспитување. Потребен е нов модел на соработка.
Се осврнува и на посетата со премиерот во студентскиот дом во Агја Варвара, каде што се сместени студенти од Србија, Русија, Украина и Африка. Предложил Црквата да обезбеди земјиште, а Државата средства за изградба на домови за студенти и млади семејства.
„Развојот на црковниот имот не е за збогатување, туку за поддршка на сиромашните и слабите. Сите сме минувачи на овој свет.“
Црква и Држава: „Раздвојувањето е нешто опасно“
На прашањето дали целосната независност од Државата би била полесна, Архиепископот вели:
„И јас сум размислувал така, но тоа е опасно за нашиот народ. Од 1917 година наваму, Државата интервенираше во имотот на Црквата и направи големи штети. Црквата секогаш се жртвуваше за народот.“
Потсетува дека Алексис Ципрас бил првиот премиер што јавно го признал долгот на Државата кон Црквата.
Соработка со премиерите
За односите со Кирјакос Мицотакис истакнува дека движат во добра насока и дека соработката постепено се продлабочува. Посебно го нагласува неговиот придонес во конечното уредување на прашањето за службените места на свештенството.
За Костас Караманлис зборува со почит, истакнувајќи ја неговата љубов кон Црквата. За Антонис Самарас ја спомнува интеграцијата на свештениците во единствен платен систем.
За Георгиос Папандреу вели дека во времето на економската криза Црквата обезбедувала до 12.000 оброци дневно. Се присетува како Папандреу, потресен од состојбата, предложил социјалната грижа да ѝ се довери на Црквата.
За миграцијата
„Тоа е надоаѓачка опасност што зема замав. Треба да бидеме внимателни, не негативни, но внимателни. Ги поддржав бегалците со саможртва. Но денес имам прашања. Дали нашата добрина создава нови проблеми? Едно се бегалци, друго мигранти, а трето оние што нелегално ги преминуваат границите и се спротивставуваат на традицијата.“
За Манастирот на Синај
Архиепископот изразува силна загриженост, во врска со Манастирот Света Екатерина на Синај.
„Проблемот е голем. Дел од причините се и внатрешни. Ако Манастирот ги почитуваше строго своите монашки принципи, немаше да биде во опасност. Голема група монаси не се повеќе таму. Таму дневно поминуваат 5.000 луѓе, како да се справат 6–10 монаси? Работите се менуваат со новите времиња…“
Две желби
Архиепископот ги повторува своите две желби:
– Црква со помалку проблеми и архиереи што го сакаат народот и преданието, без екстремизам.
– Црковен имот ослободен од узурпатори и Црква во добра соработка со Државата, особено во социјалната сфера.
За својот наследник
„Само Бог знае. Лицето не ме интересира – ни оваа, ни онаа ‘тријада’, ни ‘квартет’. Она што ме интересира е наследникот да го сака човекот, да се грижи за најслабиот и да има длабока добрина во себе.“
Порака до Дијаспората
„Дијаспората е Грција покрај Грција. Она што им го должиме е извоз на нашата култура, историја, античка и светоотечка традиција, за новите генерации да го зачуваат јазикот и идентитетот.“
За Архиепископот Христодул
Со човечка топлина зборува и за својот претходник:
„И двајцата направивме грешки. Нè поврзуваше љубовта кон Татковината и Црквата. На крај си простивме еден на друг. Машки и свештенички.“
Со смиреност и свесност за времето, Архиепископот Јероним зборува за крајот што доаѓа за сите, оставајќи јасен критериум за иднината: љубов кон човекот, добрина и одговорност пред народот.
Извор: orthodoxianewsagency.gr