Во земјата која некогаш беше прогласена за „првата атеистичка држава во светот“, денес одекнува звукот на камбаните и радосниот повик: „Колкумина во Христа се крстивте, во Христа се облековте!“
Од 1992 година, со доаѓањето на Архиепископ Анастасиј, започна вистинско духовно воскресение. Таму каде што беа урнати над 1600 храмови, каде верата беше забранета и каде цело поколение порасна без допир со Евангелието, денес цвета нов живот во Христа.
Чудото на верата
Илјадници луѓе кои никогаш претходно не чуле за Свето Крштение станаа нови чеда на Црквата.
За три децении, десетици илјади Албанци – и деца и возрасни – беа крстени и станаа дел од православното семејство.
Возобновени се стотици храмови, изградени нови цркви, отворени богословски училишта, сиропиталишта и хуманитарни центри.
Најголемата победа
Она што комунизмот го уништуваше со децении, Архиепископот Анастасиј со љубов и жртва го врати за само една генерација.
Албанија, од „пустина без Бога“, денес е сведоштво дека Христовата светлина е посилна од секој мрак: десетици илјади новокрстени православни Албанци сведочат за најголемото современо чудо на верата.