Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска, 5 октомври 2026 година, отпатува за Франција, каде во Шантији ќе се одржи Меѓународната научна конференција организирана од Вселенската патријаршија.
Конференцијата, која ќе трае од 5 до 8 октомври, е на тема „Светиот и Велик Собор на Православната Црква (2016–2026): Оценка и перспективи“.
Во попладневните часови патријархот Вартоломеј ќе го прогласи за отворен меѓународниот собир. Претходно, поздравно обраќање ќе има претседателот на Организацискиот комитет, митрополитот Халкидонски Емануил.
За патријаршиски намесник за време на отсуството на патријархот е назначен митрополитот Деркоски Апостол, кој го испрати на аеродромот заедно со митрополитот Анкирски Григориј.
Извор: romfea.gr