Ниту една помесна црква не е самостојна и независна, туку е жив член на едното Христово Тело, распрснато по целиот свет, собрано во Една Црква, чиј центар е Вселенската Патријаршија.
Токму овој цитат е најважен во однос на управувањето на една помесна Црква, што претставува таа и зошто автокефалноста не значи независна и самостојна Црква!
Авторот дополнува дека, откако една помесна Црква ќе добие автокефалност, таа станува многу позависна отколку кога не била автокефална.
Токму тоа не се разбира најмногу кај не-гркојазичните цркви, кои се нови и кои поминале низ империјализам, комунизам, етнофилетистичката ерес и ереста на рускиот свет!
Извор: Doxologia Info News