Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници...
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри –...
Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот...
Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок...
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од...
Иконата „Света Троица“ на Рубљов повлечена од јавноста...
ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на...
Богохулие во Марсеј: Распнатиот Христос прикажан со пушки...
Антиохискиот патријарх Јован се сретна со папата Лав...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Велика Британија – ќе...
среда, септември 23, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна АНАЛИЗИИзјави и реакции
Изјави и реакции

Анатемата не е „духовно лекарство“: анатемите во Јанковец и обидот за нивно медиумско „перење“

од Црковен Журнал Логос март 9, 2026
март 9, 2026 0 коментари 187 прегледи 3 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
187

Скандалот што изби по службата во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во преспанското село Јанковец не стивнува. Откако во јавноста се појави снимка од читањето на Синодиконот на Неделата на Православието, во која јеромонахот Спиридон изговара анатеми поврзани со ковид-вакцините, вештачката интелигенција и непокорувањето кон власта, реакциите беа бурни. Но наместо сериозна расправа за суштината на проблемот, во јавниот простор брзо се појави и обид случајот да се релативизира.

Весникот „Вечер“ објави текст во кој игуменот Спиридон тврди дека е „погрешно интерпретиран“ и дека анатемата не е клетва, туку „духовно лекување“. Според него, зборовите биле извртувани, а тој не бил против вакцините, против медицинските работници или против вештачката интелигенција.

1000531213

Но проблемот не е во тоа како некој подоцна ја објаснува проповедта. Проблемот е во она што беше јавно изговорено и снимено.

Можеби ќе ве интересира и ова
  • Митрополит Петар и епископ Никола сослужуваа со рускиот патријарх Кирил во Москва
    октомври 8, 2025
  • МПЦ-ОА ќе гради фотоволтаичен парк од 20 мегавати во Охридскиот регион
    април 6, 2026
  • Црковната историја единствен релевантен извор на вистината
    октомври 7, 2025

На снимката од службата се слуша како се чита:
„На оние што со магии ги повикуваат демоните и се поклонуваат и се надеваат на вештачката интелигенција – анатема.“
Потоа присутните верници во хор одговараат:
„Анатема! Анатема! Анатема!“

Исто така се слуша и формулацијата:
„На оние што под присила, принуда и уцени ги присилуваа луѓето да се вакцинираат против ковид – анатема.“

Ова не е прашање на толкување, туку на факти. Зборовите се кажани во богослужбен контекст, во рамките на читањето на Синодиконот на Православието – текст што традиционално се чита еднаш годишно и во кој историски се осудуваат ересите и гонителите на Црквата.

Токму затоа многумина богослови и верници поставија едно суштинско прашање: дали некој има право да го дополнува овој текст со лични формулации за современи теми како вакцини, технологија или политички ставови?

Дополнителен проблем претставува и самото тврдење дека анатемата е „духовно лекарство“. Во православната канонска традиција анатемата не е терапевтска опомена, туку најтешката црковна мерка што се изрекува врз упорно непокајани и непоправени личности кои истрајуваат во својата заблуда. На неа ѝ претходат сите други дисциплински мерки на Црквата – опомени, забрани и канонски казни. Затоа анатемата историски се разбира како конечно отсекување од црковната заедница, а не како некакво „лекарство“.

Кога таков тежок канонски поим се употребува во контекст на современи општествени теми, тоа неминовно создава сериозна забуна меѓу верниците.

Ситуацијата дополнително се вжешти кога самиот игумен Спиридон на социјалните мрежи објави подолг коментар во кој тврди дека новинарите намерно ја извртуваат вистината и дека зад критиките стојат луѓе водени од „демонот на гордоста и себељубието“. Во истата објава се вели и дека одреден човек- новинар „кој клања во џамија“ не може да толкува православни прашања.

Овие изјави наместо да ја смируваат ситуацијата, ја продлабочуваат. Наместо аргумент за суштината на спорот – дали е исправно во богослужбен текст да се додаваат вакви анатеми – јавноста добива дисквалификации и напади кон новинари.

Во целата приказна се отвора и уште едно важно прашање: улогата на медиумите. Дали нивната задача е само да ги пренесуваат оправдувањата на актерите во скандалот или да поставуваат критички прашања за случувањата што ја засегаат јавноста?

Кога медиумски текст остава впечаток дека главната цел е да ја амортизира реакцијата, наместо да ја анализира суштината, неизбежно се појавува сомнеж дека се прави обид скандалот да се „испере“.

На крајот, најголемата штета од ваквите ситуации не ја трпат ниту медиумите ниту поединечните духовници. Штетата ја трпи самата Црква.

Кога во богослужбен контекст се слушаат анатеми поврзани со современи појави како технологија или политички ставови, кај многу луѓе се создава впечаток дека верата е во судир со разумот и со современиот свет. А тоа е опасна порака, особено во време кога довербата во институциите – вклучително и во Црквата – е веќе кревка.

Затоа суштинското прашање останува отворено:
дали богослужбата треба да стане место за лични интерпретации и идеолошки пораки – и зошто дел од медиумите се обидуваат тоа да го претстават како нешто нормално?

Одговорот на ова прашање ќе покаже дали овој случај ќе остане изолиран инцидент – или пример како скандалите се создаваат, а потоа се релативизираат наместо да се решаваат.

Т.А.

ЈанковецЈеромонах СпиридонПравославна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Солун: Свечено празнување и голема литија во чест на свети Григориј Палама, со началство на митрополитот
следна објава
Молитвите на монасите го чуваат светот

Можеби ќе ви се допадне и ова

Бигорски доби тројца нови монаси, прославен патронот на манастирот

септември 13, 2026

Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска: Ако ставовите се менуваат...

септември 7, 2026

Предавството во и на црквата

септември 3, 2026

Отслужена Литургија на 2341 метри надморска височина на планината Дешат

август 25, 2026

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

август 25, 2026

Празникот Преображение Господово прославен низ епархиите на МПЦ-ОА

август 20, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина

    септември 23, 2026
  • Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?

    септември 21, 2026
  • Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот на посетата

    септември 20, 2026
  • Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација на идните иницијативи

    септември 18, 2026
  • Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство

    септември 18, 2026
  • Иконата „Света Троица“ на Рубљов повлечена од јавноста по дефект на системот за климатизација

    септември 17, 2026
  • ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на манастирот Ватопед во Света Гора

    септември 17, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (64)
  • Изјави и реакции (129)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (98)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (212)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (98)
  • Свето Предание и Свети Отци (98)
  • Современо општество (158)
  • Теологија и општество (114)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (30)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина
Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?
Вселенскиот патријарх во Оксфорд: Човековите права во фокусот на посетата
Претставници на Православните цркви при ЕУ одржаа состанок во Брисел за координација на идните иницијативи
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство

Популарно оваа недела

Света Софија: Подземна мистерија долга девет километри – што кријат тунелите под храмот?
ЕКСКЛУЗИВНО: Албанскиот премиер Еди Рама во посета на манастирот Ватопед во Света Гора
Света Гора: Манастирот Ксенофонт одбележува 50 години од населувањето на сегашното братство
Архиепископот на Албанија: Добрите лекари и добрите свештеници го гледаат човекот како целина
Светогорско монашко слатко од овошје со рогач и гроздов сируп (без бел шеќер)

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА