Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Top Posts
Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска:...
Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им...
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го...
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени...
Предавството во и на црквата
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп...
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на...
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
По што се разликува покајанието од самојадењето?
Прекин на струја сопре концерт и тепачка во...
понеделник, септември 7, 2026
  • Најава
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Copyright 2025 - All Right Reserved
Почетна Uncategorized
UncategorizedЕтика и современи предизвициИзјави и реакцииТеологија и општество

Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска: Ако ставовите се менуваат со столчето, со функцијата и со партиската потреба, тогаш каде е принципот?

од Црковен Журнал Логос септември 7, 2026
септември 7, 2026 0 коментари 8 прегледи 13 минути читање Share
FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
Untitled 22 Of 33 Scaled Custom
8

Викарниот епископ Стобиски г. Јаков ѝ упати отворено писмо на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кое остро реагира на новата наставна програма по Сексуално образование и ги споредува актуелните политики на Министерството со ставовите што Јаневска ги застапувала додека била во опозиција.

Во писмото, епископот отвора повеќе прашања поврзани со родот и родовата рамноправност, сексуалните и репродуктивните права, содржината на програмата, прирачникот за наставници, изборноста на предметот и научната основа врз која се темелат предвидените наставни исходи.

Во продолжение го пренесуваме отвореното писмо на Викарниот епископ Стобиски г. Јаков во целост:

Можеби ќе ве интересира и ова
  • МПЦ-ОА: Панихида по повод 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев
    мај 4, 2026
  • Предлог: Веронауката да стане дел од задолжителното образование
    октомври 10, 2025
  • Никола Груевски за новиот храм: Беа завршени над 80% од градежните работи
    септември 24, 2025

Министерке Јаневска, нема да се придружам на примитивниот и евтин потсмев на Вашата изјава дека учениците освен знаење, треба да побараат и братче и сестричка од родителите. Нема ништо смешно во желбата на едно дете да има братче или сестричка. Нема ништо смешно во тажната реалност со 148 празни училишни објекти, во 26 затворени подрачни училишта, во 433 паралелки помалку и речиси три илјади првачиња помалку. Навистина, ни најмалку не е смешно што во Македонија лани се родиле само 15.850 деца и сме држава во која стапката на природен прираст е со поразувачки коефициент. Овие поразителни бројки не се материјал за простачко исмевање, туку се нешто што нашата нација ја води во сигурен демографски амбис.

Но, токму затоа што раѓањето, детето и семејството не се шега, не може да не се забележи лицемерието со кое од една страна повикувате на раѓање на повеќе деца, а од друга страна потпишувате образовни политики кои го релативизираат полот, семејството го сведуваат на една од многуте менливи форми, а од малолетниот ученик бараат да „прифати“ однапред подготвени идеолошки заклучоци.

Не можам да го премолчам лицемерието, а бидејќи јавно сум говорел афирмативно за Вашиот политички светоглед на самиот почеток од Вашиот мандат, имам морална обврска јавно да прозборам и сега.

На една трибина Ве бранев од оркестрираниот напад на родовите активисти затоа што од Законот за основно и средно образование тогаш беа избришани отровните поими „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“. Тогаш реков дека министерката Јаневска „направи добра проценка“. Исто така, реков дека министерката „и тоа како, знае што прави“. Гледано од денешна перспектива Вие уште тогаш сте правеле политички компромис со она што повеќепати јавно го осудувавте започнувајќи соработка со најрадикалните родови организации чијшто препознатлив потпис го гледаме во текстот на наставната програма, спротивно на сите предизборни ветувања кои во светлото на содржината на наставната програма не се ништо друго туку една лукративна политичка манипулација. Пред народот и медиумите зборував дека конечно во ресорот образование имаме министерка која знае што прави и ги штити традиционалните, општо прифатени човечки вредности.

Дозволете ми сега јавно да си ги повлечам лекомислено изговорените зборови, базирани само на празни политички ветувања и да Ве прашам јавно:

Ако тогаш знаевте што правите, дали Ви е јасно што правите денес!?

Ако денес знаете што правите, што беше она тогаш?

Ако ставовите се менуваат со столчето, со функцијата и со партиската потреба, тогаш каде е принципот? Каде е образот? Каде е она едно лице со кое човек треба да излезе пред Бога?

Министерке Јаневска, дали се сеќавате на Вашите зборови од 24 август 2023 година? Тогаш бевте опозиција, застанавте пред камерите, настапувавте како заштитник на народот, ја нападнавте опасната концепција на Мила Царовска и баравте нејзино итно суспендирање. Го предупредивте тогашниот министер дека цел живот ќе го носи на совест уништувањето на образованието. И тогаш, објаснувајќи какво катастрофално решение им се спрема на нашите деца, кажавте нешто што практично го потврдува Вашето лицемерие. Вие се пожаливте дека наставниците ќе бидат принудени да предаваат бесмислени изборни предмети, набројувајќи ја меѓу нив и „родовата еднаквост“ рамо до рамо со останатите „глупости“ со кои им се трујат главите на децата!

„Родова еднаквост“, министерке! Со сопствената уста, во сопствениот список, ја прогласивте за катастрофа и идеолошки отров!

Поминаа три години од таа Ваша „претстава“ за сега, на 1 септември 2026 година, Вашето Биро да објави наставна програма во која ПРВАТА тема, пред физичкото здравје, пред науката, пред заштитата од педофилија и злоупотреба се вика „Род и родова рамноправност“. Програма која е посветена на родот, родовиот идентитет, родовото изразување, родовите норми и родовите улоги.

Она што го напаѓавте во опозиција, министерке, сега го потпишувате како власт!

Во 2025 година, колку што знам јас, во Собранието со 65 гласа, во Законот за основното образование „родовата еднаквост“ беше заменета со „еднаквост меѓу половите“. Тогаш вашата влада тоа го претстави како расчистување со идеолошката терминологија. За сега, во 2026 година, под истата власт, преку една гимназиска програма повторно да добиеме „род“, „родов идентитет“, „родово изразување“ и „родова рамноправност“.

Што тргнавте? Од каде тргнавте? И каде повторно го вративте?

Во таа смисла претходните министерки и носителки на овие политики, Тренчевска и Царовска беа далеку попринципиелни од Вас. Што се однесува на нив, барем знаевме кое и какво политичко лице стои пред нас. Барем не го продаваа истиот неолиберален производ во традиционалистичка амбалажа. Барем знаевме со кого си имаме работа и можеме да ги наречеме како било, но лицемери не.

Вашето лицемерие е за „восхит“! Тешко на децата на кои наутро им се обраќате како посветен чувар на семејството, а попладне преку Бирото пуштате официјален документ во кој традиционалното семејство е деградирано на една од „многуте форми на заедници“!

Сите ја знаеме Вашата одбрана, знаеме дека ќе кажете „Ама ние отсекогаш сме за научно втемелено сексуално образование…“, но врз основа на која наука, министерке?! Кажете јавно која е таа здраворазумна наука?!

Јас ја прочитав наставната програма по предметот Сексуално образование што Бирото ја објави, а го повикувам и народот да ја прочита. Е сега, истата таа програма, најнапред, ветува критичко размислување, дискусија и слободно изразување ставови. А потоа, кога ќе стигне до резултатите, му кажува на ученикот што треба да „смета“, што треба да „поддржува“ и што треба да „прифати“.

Еве да издвоиме неколку „посакувани исходи“ за илустрација. Ученикот треба да: „Смета дека традиционалната поделба на улоги меѓу жените и мажите не е секогаш правична“; понатаму да:

„Поддржува еднаков третман на луѓето без оглед на нивниот сексуален или родов идентитет“; и, конечно, да: „Прифаќа дека сексуалните и репродуктивните права се дел од човековите права“. Прифаќа.

Значи, Не проучува. Не споредува. Не ги разгледува различните правни и етички толкувања. Не аргументира. Не смее да дојде до сопствен заклучок. Исходот не запира на проучување, споредување и аргументирање; однапред пропишува став – „прифаќа“.

Премногу очигледно е зграпчувањето на моралната супериорност карактеристична за екстремните WOKE кругови, повикувајќи се на антидискриминација и еднаков третман на сите луѓе. Прифаќањето на сите луѓе подеднакво не значи во исто време прифаќање и на нивниот грев, нивната делузивна субјективна реалност, апсолутно контрадикторна на објективната и емпириски докажана научна реалност.

Министерке зарем тоа е критичко мислење? Зарем критичкото мислење почнува со однапред пропишан заклучок? Зарем образованието е процес во кој детето учи како да мисли или постапка во која државата му кажува што мора да мисли? Министерке ова не е образование, ова е дресирање!

Понатаму, во програмата има и целина од три часови во која заедно се наведени „сексуална желба, сексуално задоволство, мастурбација и однос кон сопствената сексуалност“. Дали може некој да ми одговори што има ова со образованието?! Каков дневник пополнува наставникот по тој час?! И повторно прашувам: врз основа на која наука?

Ете биологијата може да ги опише половите клетки, хормоните, зачнувањето, бременоста итн. Медицината може да зборува за инфекции, сексуално преносливи болести, ризици, превенција и лекување. Психологијата и социологијата за развојот и нормите, но која наука, министерке, врз основа на кои научни докази и која нормативна теорија утврдила дека шеснаесетгодишното дете мора да „прифати“ една спорна антрополошка и правна доктрина?

Знаете што всушност е кулминација на непочитување на слободата на личноста и воедно го открива тоталитарниот карактер на Вашите политики, како и поврзаноста со организациите кои ги карактеризира истата агресивност?! Тоа што го сервирате овој предмет како изборен, а всушност ги оставате родителите и децата без избор и буквално ги присилувате во текот на четиригодишното образование да мораат да го слушаат ова идеолошко ѓубре. И не само да го слушаат, туку да го прифатат, да се согласат итн.

Дали можеме да добиеме одговор кога научниот факт завршува и кога идеолошкото толкување продолжува во оваа програма?!

Наместо тоа, ни соопштува дека во наставата „може да се користи прирачникот за наставници подготвен за предметот“. Кој е тој прирачник? Кој го напишал? Кога е усвоен? Кој го одобрил? Кои работилници ги содржи тој прирачник? Кои прашања наставникот ќе му ги поставува на детето? Што значи поврзување на содржините со „сопственото искуство“ на ученикот? Кои се границите на интимното споделување? Каде е тој документ за родителот да го прочита пред неговото дете да влезе на час?

ХЕРА уште во 2013 година бараше БРО да прифати подготвен прирачник и да обучува наставници. Во 2020 година ХЕРА и БРО пилотираа програма од 36 часа со наставни материјали и обука, со поддршка од Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА) и Меѓународната федерација за планирано родителство (IPPF). Денешната програма повторно има 36 часа, упатува на „подготвен прирачник“ и бара обука одобрена од БРО.

Не тврдам дека станува збор за истиот прирачник. Немам право да тврдам нешто што државата сè уште не го објавила. Токму затоа прашувам: истиот ли е? Изменет ли е? Кој е? Објавете го!

Потоа следува уште поголем апсурд. Предметот може да го предава не само биолог, психолог или социолог, туку наставник од која било друга област застапена во гимназијата, по соодветна обука. Според ова, додека нема доволно обучени наставници, кој било наставник ќе може прво да зборува со децата за сексуално насилство, интимни граници, ХИВ, контрацепција, родов идентитет и човекови права, а потоа да оди и да се дообучува?!

Тоа ли е науката за која зборувавте министерке?

Овде доаѓаме до еден многу сериозен и проблематичен момент.

Во Вашата скандалозна програма, меѓу строгите наредби за тоа што детето мора да усвои, стои и оваа застрашувачка реченица: ученикот „Прифаќа дека сексуалните и репродуктивните права се дел од човековите права“! Прифаќа! Не „анализира“, не „учи дека постои таква дефиниција“, туку задолжително ПРИФАЌА! Без никаде да објасни што содржи тој поим. Затоа прашувам ШТО ТОЧНО СОДРЖИ ТОЈ ПОИМ?!

Знаеме дека во меѓународната употреба, особено во документите[1] на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под таа рамка, односно под рамката на „сексуални и репродуктивни права“, се вбројува пристапот до безбеден и законски абортус, медикаментозен и хируршки абортус, постабортусна грижа, доверливост за адолесцентите и отстранување на родителската согласност како пречка.[2]

Затоа прашањето упатено до Вас е едноставно: дали Бирото го користи поимот во тоа значење? Ако одговорот е „не“, нека го напише тоа во програмата. Ако одговорот е „да“, нека има храброст да му го каже тоа јавно на народот и пред сè на родителите.

И ако е така, Вие од шеснаесетгодишно дете практично ќе барате да потпише бланко согласност и ДОГМАТСКИ ДА ПРИФАТИ дека прекинувањето на човечки живот е „базично човеково право“! Вие ќе ги терате нашите деца да прифатат идеологија во која нероденото бебе се третира како отпад, како процедура на празнење на некоја апстрактна „содржина“ и впрочем тоа од учениците да се велича како своевидна прогресивна вредност, додека од друга страна ни зборувате за братчиња и сестричиња?! Па како не Ви е срам?!

Ете зошто необјавувањето на Прирачникот отвора сериозен сомнеж и бара итен увид на родителите во истиот! Зошто не го објавите?! Затоа ли што кога родителот ќе прочита дека под маската на „репродуктивни права“ вршите институционален притисок врз неговото дете да стане поддржувач на абортусот и на родовата флуидност, целото образование ќе го дигне на нозе сосе Вашето министерство, а и Вас како протагонист на оваа сатанска идеологија?!

Ако лажеме, излезете уште денес пред камерите и демантирајте! Излезете и кажете со полна материјална и морална одговорност: „Во оваа програма и во овој прирачник, под репродуктивни права не влегува абортусот“…

Министерке Јаневска, не се раѓаат деца со говори на први септември. Децата се раѓаат во општество што ги почитува мајчинството и татковството, што ги поддржува семејствата, што не ја сведува плодноста на технички „репродуктивен избор“, а зачнатиот живот не го третира како пречка за остварување на нечија друга зацртана автономија.

Колку за потсетување министерке: Ова е истиот оној отров против кој десетици илјади граѓани излегоа на протести во 2023 година со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и речиси сите Епископи на МПЦ но и останатите верски заедници во Македонија. Ова е истото идеолошко ѓубре против кое протестиравме тогаш. Ова е истата идеолошка рамка против која тогаш, рамо до рамо со нас пред Соборниот храм, протестираа луѓе кои денес се министри, пратеници, директори на институции и седат во Вашата партија и во Вашата влада.

Во меѓувреме што направивте?! До таа мера ги искомплициравте механизмите за избор на предметот Етика во религиите, со тенденција за потполно нихилирање, предмет кој е само еден аспект на она што значи вистинска и жива веронаука, а сега ни е јасно и зошто. Едноставно светлината и темнината не коегзистираат под ист кров.

Што се смени министерке Јаневска?

Вистината? Науката? Уставот? Не ништо од тоа, туку само Вашиот вредносен систем и светоглед. Како и зошто, Вие најдобро си знаете.

Да се разбереме, јас не сум против Вас како личност, впрочем, не сум против ниеден човек. Јас сум против идеологијата која сака да го обезобрази детето. Зборот образ-ова-ни-е не изискува етимолошко толкување и ресорот кој го возглавувате е образот на нашата нација. Образованието треба да го обликува и да го сочува образот Божји во човекот, а не да го обезобрази! Нашиот народ добро знае што значи да имаш образ и што значи да го изгубиш. И нашиот народ има свој збор за она што останува кога на образованието ќе му го извалкате и уништите образот. Тој збор е сосема соодветен за Вашите политики. Безобразие!

Министерке Јаневска повлечете ја оваа програма за идеолошка индоктринација на нашата младина, нашата иднина за опстанок како на Црквата, така и на државата. Подобро е човек јавно да признае дека погрешил во проценката, отколку да си ја убие совеста.

Привршувајќи го ова свое јавно обраќање до Вас, се прашувам во какво бунило одлучивте да им го наметнувате ова лудило на децата? Дали можеби во опијанетоста од власта се понадевавте дека овојпат ќе се плашиме да достоиме на евангелските принципи и на браникот на вистината?

Мој мотив за ова отворено писмо до Вас не е страв, бидејќи страв чувствувам само од непоткупливиот Божји суд, туку е мојата совест пред која единствено чувствувам немоќ и пред која потклекнувам секогаш. Но и Христовата грижа за децата, Кој Самиот заради нас се роди како Дете и вели: „А кој соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина.“ (Матеј 18,6)

/Викарен Епископ Стобиски Јаков


[1] United Nations Population Fund, Toolkit for Advancing Human Rights-Based Universal Sexual and Reproductive Health (New York: UNFPA, 2024), Module 4: „Human Rights Standards on Comprehensive Abortion Care“, прашање 3, 4-4; Module 3: „Human Rights Standards on Comprehensive Sexuality Education“, прашање 6, 3-7.

[2] United Nations Population Fund, „Human Rights Standards on Comprehensive Abortion Care“, Module 4 of Calculator for Advancing Human Rights-Based Universal Sexual and Reproductive Health, пристапено на 6 септември 2026 година.

Ова е варијантата што ти треба: само воведот е новинарски, а писмото потоа оди целосно и интегрално.

ВеронаукаЕпископ Јаков СтобискиПравославна Црква на Македонија - Охридска АрхиепископијаРодова еднаквост
Сподели 0 FacebookTwitterLinkedinVKRedditWhatsappTelegramViberEmail
претходна објава
Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

Можеби ќе ви се допадне и ова

Предавството во и на црквата

септември 3, 2026

Отслужена Литургија на 2341 метри надморска височина на планината Дешат

август 25, 2026

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

август 25, 2026

Празникот Преображение Господово прославен низ епархиите на МПЦ-ОА

август 20, 2026

Честитки од архиепископот Стефан до митрополитот Онуфриј од црковната структура на Москва...

август 18, 2026

Митрополит Струмички Наум: Однапред предвидлив шаблон

август 17, 2026

Коментирајте Откажи реплика

Мора да се најавите за да коментирате.

Избрани објави

  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Територијалната јурисдикција според православното канонско право

    август 19, 2026
  • Викенд-забавите на малолетниците се сведуваат на дрога и алкохол, системот без одговор

    мај 3, 2026
  • Костовски: Кањонот Матка може да стане „Света гора“ – пропуштената шанса на Македонија

    мај 1, 2026
  • Постсоветска граѓанска религија наместо Православието

    мај 1, 2026

Последни коментари

Нема коментари за приказ.

Последни објави

  • Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска: Ако ставовите се менуваат со столчето, со функцијата и со партиската потреба, тогаш каде е принципот?

    септември 7, 2026
  • Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“

    септември 5, 2026
  • Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“

    септември 5, 2026
  • Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“

    септември 4, 2026
  • Предавството во и на црквата

    септември 3, 2026
  • Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина

    септември 1, 2026
  • Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа

    септември 1, 2026

Категории

  • Uncategorized (9)
  • АНАЛИЗИ (56)
  • БОГОСЛОВИЕ (2)
  • ВЕСТИ (11)
  • Видео (3)
  • Етика и современи предизвици (61)
  • Изјави и реакции (127)
  • Изјави и соопштенија (62)
  • Интервјуа (9)
  • Колумни (55)
  • Култура (27)
  • Литургија и црковен живот (81)
  • Меѓуправославни односи (97)
  • Меѓурелигиски односи (27)
  • Настани (149)
  • Новости (202)
  • ОПШТЕСТВО (3)
  • Основи на верата (16)
  • Поглед на Исток (56)
  • Поучни текстови (63)
  • Света Гора (95)
  • Свето Предание и Свети Отци (96)
  • Современо општество (157)
  • Теологија и општество (109)
  • Фото (10)
  • Христијанство и Запад (29)
  • Црковна историја и Собори (17)
  • Црковни закони и канони (5)

Албанија Америка Архиепископ Јован на Албанија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Божик Бугарски Патријарх Даниил Велигден Војна Вселенска Патријаршија Вселенски патријарх Вартоломеј Грузиски патријарх Илија Грузија Грција Деца Ерусалим Ерусалимскиот патријарх Теофил III Избрани новости Македонија Манастир Ватопед Митрополит Епифаниј Московски патријарх Кирил Патријаршија на Ерусалим Политика Православие Православна Црква на Албанија Православна Црква на Грузија Православна Црква на Грција Православна Црква на Македонија - Охридска Архиепископија Православна Црква на Романија Православна Црква на Русија Православна Црква на Србија Православна Црква на Украина Пресвета Богородица Романија Романски патријарх Даниел Русија САД Света Гора Солун Србија Старец Ефрем Ватопедски Украина Христијани Христијанство Црква

За нас

„Логос“ е независна информативна и аналитичка платформа за духовни, црковни и општествени прашања во православниот и современиот свет.

Контакт Стапете во контакт со нас

Не пропуштајте важни настани, текстови и вести од православниот свет

Информатор Претплати се сега (бесплатно)

Последни објави

Епископ Јаков со отворено писмо до министерката Јаневска: Ако ставовите се менуваат со столчето, со функцијата и со партиската потреба, тогаш каде е принципот?
Архиепископот Јероним: „Да се запрашаме дали навистина им се приближуваме на младите“
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Унгарија – го посети православниот центар „Фанарион“
Митрополитот Солунски Филотеј: „Односот со Бога ме промени како човек“
Предавството во и на црквата

Популарно оваа недела

Предавството во и на црквата
Грција вложува 2 милиони евра за обнова на православните храмови и манастири во Преспа
Ерусалимскиот патријарх Теофил III: Со „благослов“ од Трамп ќе посредувам за мир во Украина
Вселенската патријаршија канонизираше шест светогорски отци
„Имаше многу прашања“: Игуменот откри што навистина ја интересирало Мадона

Корисни линкови

  • За нас
  • Контакт
  • Информатор
  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Изјава за пристапност
© Здружение „Логос“ 2025 – 2026 Сите права се задржани
  • Контакт
  • Информатор
  • За нас
Facebook Email Rss
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА
Црковен журнал Логос
  • ПОЧЕТНА
  • ВЕСТИ
  • РЕЛИГИЈА
  • БОГОСЛОВИЕ
  • АНАЛИЗИ
  • ОПШТЕСТВО
  • МЕДИЈА